Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Исмаил праша за проверки на имотните анкетни листови на функционери

Резиме

Пратеникот Реџеп Исмаил ја праша претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата дали ќе поведе прекршочни постапки за функционери за кои тврди дека во анкетните листови не пријавиле фирми во странство, имот и приходи на брачните другари или вредни предмети. Тој ја критикуваше и Комисијата за наводна неажурност и праша дали ги проверува пријавените податоци.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање се однесува на тоа дали вие конечно ќе поведете прекршочна постапка за лица од извршната власт кои во анкетните листови не ги пријавиле следниве работи. Нивните фирми во странство, особено фирмите во Бугарија, како што имавме и јавно признание на некои од нив, каков што е примерот со градоначалникот на општина Куманово, дека имале фирми но не ги пријавиле. Дали ќе поведе постапка за имотите од висока вредност, како станови кои што биле доделени на поклон. Имотот приходи од нивниот брачен другар кој што не го пријавиле нели. Скапи акцесоари како часовници, уметнички дела, оружје, коишто не се пријавени а признаваат дека ги имаат, односно се наведени како тие да се без вредност. Почитувана претседателке, само да ве потсетам, од 24 и 25 лица членови на највисокото извршно тело, членови на Владата, дури 15 од нив немаат пријавено никаков приход. И сега се поставува прашањето, дали вие воопшто ги чешлате, анализирате анкетните листови или само автоматски така ги објавувате со технички грешки. И сте исклучително неажурни затоа што ни меилот ви функционира, ниту телефонските броеви кои што се ставени таму, некој се јавува, значи сте неажурни да ги поправите техничките грешки и се случува она, додека вистината ги обуе обувките, Владата го поминала светот.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Во однос на второто прашање, не се согласувам дека имаме селективност во постапување при отворање на предмети за проверка на имотот на функционери избрани или именувани од Собрание или од Влада. Во Комисијата отворен е голем број на предмети по пристигнати пријави, секако и по сопствена иницијатива. Постапката за проверка на податоците во изјавите за имотна состојба не е за краток временски период, бидејќи се обезбедуваат податоци од многу институции. Што значи дека една проверка може да трае и повеќе од три до четири месеци. Податоците кои што се потребни, секое избрано и именувано лице да ги пополни во изјавата се секако согласно Закон. Се она што е дозволено да се прикаже како податок и секогаш сме во консултација со надлежните институции за да не постапиме спротивно на Закон во видливост на податоците кои што би го загрозиле идентитетот на лицето. Доколку е потребно податоци на отворени предмети за проверка на имотна состојба со кој располага Комисијата, дополнително ќе ви доставам и документација и податоци по завршување на оваа седница.

Сите пратенички прашања