О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 20-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 21 ноември 2024 година Јас и во една моја изјава, мислам дека беше дадена вчера, објаснив дека со госпоѓата Радмила Шеќеринска имаме дијаметрални разлики за многу прашања кој што се однесуваат на дневната политика. Не само на дневната политика туку и на стратешки разлики и идеолошки разлики. И тука не треба да има дилема и тоа ќе го повторам. сето она што го кажавте мислејќи дека на тој начин ќе ја злоупотребите говорницата, па ќе изнесете еден куп обвинувања, клевети, па на крај ќе поставите две реченици прашња дека ќе добиете пофалба од раководството на вашата политичка партија. Но, еве ќе ви кажам повторно дека секогаш кога станува збор за македонски национален интерес сум подготвен да поддржам секого. Во случајот изборот беше помеѓу Радмила Шеќеринска и останати 4 други кандидати кој што требаше да бидат избрани за тоа место за кое што таа е сега избрана. Логично е како премиер на Владата на цела Македонија не само на лево, десно, центар, Македонци, Албанци, Турци, на сите, буквално на сите да донесам одлука која што заедно со луѓето кој што се во тие ресори одлука со која што ќе покажеме тоа што го зборуваме. Кога повикуваме на национално единство тоа и да го практикуваме, а не само да го повикуваме сето тоа. И друг пат кога ќе има ваква прилика без разлика дали таа опција доаѓа од лево, десно. Секој македонски граѓанин кој што гордо ќе ја претставува својата татковина Македонија од мене ќе биде подржан во било која институција меѓународна. Какво ќе биде нејзиното однесување таму тоа е друга работа и оставам на нејзиното лично однесување. Но да имате претстава дека секогаш додека јас ја водам Владата ќе се водам исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија и македонските национални интереси. Тука да немате дилема. И ќе го подржам секој оној кој што е во таа насока и во таа линија. Подобро ќе беше сигурно според да биде избран некој друг од четворицата. За мене тоа не е подобро. Е сега ќе ве потсетам господин Исмаил на вашите непринципиелни коалиции и договарања. Се сеќавате пред парламентарните избори ве повикавме на обединување, на заедништво итн. вие таа наша подадена рака ја отфрливте. Но исто така господине Исмаил ќе ве потсетам вие не бевте тогаш пратеник овде во Парламентот но двајцата пред вас беа пратеници и овој насилников и овој другиов кој што седи пред вас. и двајцата тие сведочеа како поранешниот премиер Зоран Заев излезе на истата оваа говорница и кажа за една друга коалиција непринципиелна, за еден друг пат, за една друга поддршка кога му кажа на вашиот претседател на политичката партија Левица дека пред изборите во 2020 година склучиле договор во кој што тој ви обезбедил финансиска поддршка, логистичка поддршка да настапите заедно на тие избори. И ќе го цитирам Зоран Заев тогаш рече да ја спасите Македонија од Мицкоски Христијан, така беше? Не го кажувам тоа затоа што го измислувам. Има овдека колеги кој што се сеќаваат, еве има и од другата страна колеги кој што се сеќаваат, вие господине Исмаил како политичка партија склучувате такви коалиции, такви пактови. А ние се бориме за македонските национални интереси и ќе се бориме за нашата татковина се дури сме Влада. можеби еден ден кога вие ќе бидете Влада повторно ќе го поканите Зоран Заев ќе си седнете, ќе си правите коалиција, ќе си работите и ќе си функционирате како и до сега.