Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Исмаил праша за корупциски ризици при трошењето на британскиот заем

Резиме

Пратеникот Реџеп Исмаил ја праша министерката за финансии дали е запознаена со ревизорски извештаи за слични проекти во Велика Британија и со извештаи за УКЕФ, како и дали тие даваат гаранции дека нема да има корупција при трошењето на средствата од заемот.

Министерката одговори дека следењето на ревизорски извештаи во друга земја не е во надлежност на Министерството за финансии. Таа рече дека УКЕФ дава гаранција во име на британската држава и тврдеше дека гарантот нема да дозволи злоупотреба на средствата, бидејќи УКЕФ би го вратила долгот ако Македонија не може да го сервисира. Додаде дека министерството ќе побара понуди и од други институции и транспарентно ќе ја објави најповолната, додека постапките за набавки се во надлежност на Министерството за транспорт.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Имам време за министерката за финансии Кочоска, кога министерката зборува, сака да не убеди дека трошењето на парите од овој заем од Британија нема да има коруптивно дејствие, односно нема да има корупција при трошењето на овој долг. Само поради тоа што овој заем доаѓа од Велика Британија, би сакал да ја прашам министерката дали е запознаена со ревизорски извештаи на Британските ревизорски куќи за слични проекти во Велика Британија. И уште поважно дали вие министерке сте се запознаени со извештаи за работата на Јуке експорт фајнлс која во членот 2 од договорот е наведена како инструмент односно прв начин на финансирање на овие проекти. Од прилика тоа ми е прашањето, дали сте запознаени со овие два вида извештаи едните се официјални ревизорски другите се извештаи од нај различни експертски групи по однос на оваа агенција кој а што претходно се викала другачие, но сега се вика Јуке експорт фајнлс. Која што е задолжена за финансирање на британскиот извоз. Би сакал да чујам нешто околу тоа и дали мислите дека тоа дава доволно гаранции дека нема да има коруптивни дејствија при трошење на овие пари.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 мај 2025 година Во однос на тоа какви ревизорски извештаи имало на УКЕФ, апсолутно не е во надлежност на Министерството за финансии, ниту пак да следи какви ревизорски извештаи се прават во некоја земја. Тоа лично јас можам да го гледам, доколку ме интересира, но во работните задачи на Министерството за финансии апсолутно не е задача. Она што јас сакам да го кажам, а повторно е од делокругот на работа на Министерството за финансии, тоа е дека во случајов УКЕФ дава гаранција. Гаранцијата е гаранција во име на државата на Британија, затоа што знаеме УКЕФ банката е исто како и нашата Развојна банка. Е сега, кога некој дава гаранција тоа значи дека по автоматизам, понудата на каматни стапки е пониска, затоа што државата има три пати А рејтинг во однос на тоа што го имаме ние и по автоматизам добиваме подобри услови. Го поставувам прашањето сама на себе, еве и секој од вас да си го постави. Дали некој ќе сака да гарантира за вас, за да завршите во коруптивни зделки, да не бидете во состојба да го сервисирате кредитот и да мора таа банка да го врати во ваше име. Бидејќи, гаранцијата значи тоа. Сега малку повеќе сум работела во тој дел, знам што значи банкарска гаранција многу добро и токму заради тоа. Инаку другото можам да одговорам со, немам надлежност, но не сакам да ја извадиме целата дискусија надвор од она што значи дека УКЕФ дава гаранција. Гаранцијата значи дека Британската Влада стои зад тоа и никој нема да третира и да почитува некого да злоупотребува средства за кои што тој гарантира. Гаранцијата знаеме дека значи, ако Македонија не ги врати парите, ќе ги врати УКЕФ банката. Така што ,не може да дозволи таа Банка прво, да има било каков проблем коруптивен. Ова е од банкарски аспект. И јас затоа велам, ве молам, да ги тргнеме работите во два дела. Втор момент. Зошто се врзувате само за УКЕФ Банката. Ние реков ќе пуштиме понуди и до останати институции. Во законот за јавен долг, член 16 јасно кажува дека, Министерството за финансии ќе се обрати до сите меѓународни институции со кои што до денес имале, Министерството имало соработка, вклучително и комерцијални банки. Ќе видиме од каде ќе добиеме најповолна понуда и тоа транспарентно ќе го објавиме. Понатаму, постапки, тендери, набавки, договор, не е во доменот на работа на Министерството за финансии. Тоа можете да го упатите како прашање до министерот за транспорт, како надлежна институција за спроведување на набавката.

Сите пратенички прашања