Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Исмаил праша за бројот и областите на заклучоците на комисијата со Бугарија

Резиме

Пратеникот Реџеп Исмаил праша колку заклучоци има Мешовитата комисија за образовни и историски прашања меѓу Република Северна Македонија и Бугарија и на кои области се однесуваат. Министерот не ги соопшти бројот и областите, велејќи дека комисијата треба да работи независно, врз основа на факти и аргументи, и дека политички одговор би можел да се смета за влијание врз нејзината работа. Тој додаде дека Владата ќе ги штити македонскиот јазик, идентитет и историја.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Би сакал конкретно да прашам, колку заклучоци има оваа Комисијава за образовни и историски прашања помеѓу Република Македонија и Бугарија и во кои области се тие заклучоци. Се разбира дека не може се уште да ни кажете кои би биле тие заклучоци.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 ноември 2025 година Почитуван пратеник Реџеп Исмаил Хактан, прво дадовте еден коментар за моето присуство, односно неприсуство. Секогаш сум во државата и кога има седници за пратенички прашања секогаш сум присутен. На едно од последните седници добив пратеничко прашање од пратеникот од Левица Амар Мециновиќ. Точно е дека сум министер за надворешни работи и природата на моите надлежности е често да патувам од државата и се случува некогаш да бидам на службено патување кога има седница на пратенички прашања. Но тука е заменик министерот кој што еднакво квалитетно може да ви одговори на сите прашања. Сосема изненадувачки за мене можеби, но можеби не треба да бидам изненаден што во рок од неколку дена прашањето за работата на мешовитата комисија и политички напад спрема мене насочи ко претседавачот од бугарска страна, господинот Ангел Димитров и вие. Можеби е случајност. Можеби е тоа јас велам тоа е можеби случајност, но сакам барем за јавноста коректно е да го констатирам ова. Координиран напад спрема министерот за надворешни работи од Ангел Димитров и од Реџеп Исмаил Хактан. Некој велат дека во политиката не треба да верувате во случајности. Јас ќе одберам во добра верба да верувам дека ова е случајно координиран напад од двајца поединци спрема министерот за надворешни работи. јас ќе повторам нешто што го кажав пред неколку дена на една прес конференција кога добив прашање на истата тема. Јас верувам дека оваа комисија да биде водена од поединци кој што импутот кој што ќе го внесат е базиран на нивни научни познавања, знаења и факти. И од таа гледна точка верувам дека комисијата во овој состав ќе продолжи да работи независно базирано на факти. Кога цените како се поставила нашата надворешна политика спрема ова прашање ќе видите дека секогаш велиме дека не сме за отстапки по секоја цена и дека клучно прашање кога го земеме во предвид одлучувањето по однос на сите политички прашања поврзани со Бугарија е заштитата на македонскиот идентитет, заштитата на македонската културна посебност и заштитата на македонската историја. Точно е дека од другата страна на границата постојат поединци кој што сакаат да ја негираат нашата историја, кој што сакаат да го негираат нашиот идентитет кој што сакаат да го негираат и нашиот јазик. Затоа гледате дека ние веќе повеќе од година и половина сме цврсто поставени по однос на овие позиции. А по однос на работата на комисијата таа треба да работи исклучиво врз основа на факти и аргументи и целосно независна и оттргната од влијанието на политиката. И во таа смисла секој политички одговор кој што јас би го дал би се сметало како влијание врз таа комисија. Јас тоа го кажав и пред неколку дена. Јас затоа сметам дека господинот Ангел Димитров во своите интервјуа често ме прозива сакајќи да ме провоцира да дадам некоја политичка констатација и потоа да рече еве ја македонската Влада директно се меша во академската слобода и независност. Јас верувам дека тоа не била вашата намера. Верувам дека вие сте биле добронамерен и ве интересира какви се позициите на Владата. еве јас ви велам дека Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја.

Сите пратенички прашања