Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Исмаил го праша Муцунски за резултатите и стратегијата на надворешната политика

Резиме

Реџеп Исмаил го праша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски врз основа на кои резултати работата на Министерството била опишана како политика на „достоинство, резултати и визија“. Исмаил критикуваше повеќе аспекти на надворешната политика и ги изнесе своите тврдења за положбата на Македонците во Албанија, Бугарија и Грција, како и за последиците од европскиот систем за влез и излез врз граѓаните и превозниците.

Тој праша дали постои политика за намалување на мотивите македонски граѓани да бараат бугарско државјанство и дали Министерството се обидело да договори билатерално решение што би им овозможило да работат во Германија без да аплицираат за бугарски пасоши. Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 105-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам претседателе. Моето прашање ќе биде упатено до, имам едно прашање, до министерот за надворешни Тимчо Муцунски. Како вовед на ова прашање би сакал да кажам дека некаде при крајот на април до Комисијата за надворешни работи како работно тело во Собранието беше доставен извештај за работата во текот на овие две години на Министерството за надворешни работи. Овој извештај беше доставен како еден вид резиме, значи истиот наместо да биде извештај со запазена методологија, со референци, со структура, дури не беше ни доставен ни во никој електронски формат туку едноставно беше копиран на вибер групата која што е неформална група, беше копиран онака како што министерот односно Министерството го пратило и административците задолжени за закажување на седници само ни го залепија на таа група и ние имавме состанок каде што министерот имаше свое експозе по однос на овој извештај, кој што еве го во рака од моја страна префрлен на ворд документ, малку структуиран за да можам да можам да го прочитам затоа што беше без проред, без никакви референци, никако методологија, без потпис, ние не знаме кој стои зад овој извештај. Но како и да министерот Тимчо Муцунски во своите експозе на Комисијата кажа дека ако треба да ја сумирал работата која што ја изложил во овој таканаречен извештај тоа било надворешна политика со три зборови, достоинство, резултати и визија. Одам по ред за сите вие принципи кои што мисли дека министерот ги постигнал. Во однос на достоинството, Македонија во мандатот кој што го води Министерството господинот Тимчо Муцунски имаше скандалозни позиции во меѓународните организации каде што се најде во друштво на многу мал број држави кои што ги блокираа одредените и не дадоа поддршка на прашања директно поврзани со меѓународното право и човековите права. тука имаше гласање против укинување на нелегалните санкции кон Куба, гласање против резолуции во Советот со човекови права во поврзани со окупацијата и правата на Палестинци, гласање воздржано за спроведување на хуманитарната помош кон Палестина. Видовме дека Министерството за истрча и да ја осуди Исламската Република Иран, пазете затоа што беше извршена агресија токму врз Исламската Република Иран спротивно на сите меѓународни принципи, на сите меѓународни права и министерот Тимчо Муцунски наместо да застане во одбрана на меѓународно право, застана на страната на агресорот што последиците допрва ќе ги чувствуваме. Да се префрлиме на резултатите за кои зборува министерот. Резултатите прво ги видовме со европскиот систем за влез и излез кој што не само што создаде проблем на македонските граѓани кои што за разни потреби, одмор, и било што посета на своите пријатели одат во Европската Унија на границите има метеж и чекање од по 3-4 саати. Непотребни дополнителни контроли како да се вративме во деведесеттите. Значи тоа е резултатот на надворешната политика на министерот. Потоа резултатот е ист со нашите превозници поради воведување на овој систем не само што не можат да работат тука, туку своите фирми и своите вработени ги префрлаат во фирми во соседните држави кои што се дел од Европската Унија. Резултатот на надворешната политика на министерот Муцунски е тоа што нашите превозни фирми згаснуваат во Македонија, но затоа своите капацитети ги префрлаат во соседните европски држави, највеќе во Република Хрватска. Резултатот е во Албанија продолжување на бугаризација на македонските етнички групи, резултатот е таму што продолжува иселувањето на Македонците од нивните огништа, резултатот е сеуште неотворен и нефункционален конзулат во Корча, а уште помалку функционална и активна амбасада во Тирана. Резултатот од работата на Тимчо Муцунски во Бугарија, меѓународни организации и пресуди на Европскиот суд на човекови права со години укажуваат на систематско негирање на македонскиот идентитет и ограничување на правото на здружување. Се уште во Бугарија на Македонските здруженија не им се дозволува да постојат. На Македонските здруженија во Бугарија не видени притисоци. Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, не само што нема подобар резултат, туку нема никаква иницијатива било како да ги подобри овие работи на Македонското малцинство во Бугарија. Резултатот на министерот Муцунски за Македонското малцинство во Грција. Резултатот е тоа што во Грција и покрај Преспанскиот договор кое е реалност за вас. Во Грција и понатаму не се признава етничко македонско малцинство. И понатаму не ги признаваат неговите права. И понатаму во Република Грција се уште не се дозволува постоење на Македонски организации. Им се забрануваат фестивали, им се забранува дури и да пеат на Македонски јазик. Министерството мисли дека успех ќе биде доколку Република Грција постави табла на која што ќе пишува дека не се оди за Скопје туку се оди за Северна Република Македонија. Кое што уште не е направено. Во однос на визијата, апсолутно никаква визија не е покажано од Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а тоа се гледа во фактот што, според официјалните Бугарски податоци од 2027 до средината на 2025 година. Бугарско државјанство добиле над 200 илјади Македонски државјани. А уште десетици илјади барања се уште се во процедура во Република Бугарија. Што ни укажува на еден огромен тренд каде што Македонски граѓани знаеме од кои причини заради добивање на работни дозволи во Европа посегнуваат кон земање и аплицирање за Бугарско државјанство. Овој тренд отвара сериозни прашања господине министре за надворешни работи. И вие не само што покажавте дека немате никаква стратегија за задржување на овој процес. Значи, за запирање на овој процес. Дали вие имате, дали постои политика за намалување на мотивите за земање вакви државјанства, вакви пасоши на Македонските граѓани. Дали на пример вие направивте некаков обид за онаа земја претпоставувам со сигурност дека тоа е Република Германија, да направите некаков билатерален договор за да не мора луѓето кои што треба да одат на работа во Република Германија да не мора да посегнуваат кон

Бугарски пасоши. За потоа Бугарската држава пред меѓународните организации да го искористи тоа како Бугарско малцинство не постоечко во Република Македонија. Значи, вие ако сметате дека имате визија јас ве молам да ми кажете како ја гледате. Ова е најгорливо прашање на надворешната политика на Република Македонија за македонските национални интереси, а вие не покажавте никаква иницијатива. И навистина, врз основа на какви резултати министерот си дозволи своето резиме пратено на вибер групата да го карактеризира како достоинство, резултати и визија. Благодарам. Прашањето го поставувам до министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања