Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Исмаил бара информации за меморандумот за снабдување со гас

Резиме

Пратеникот Реџеп Исмаил прашува дали меморандумот за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас, потпишан од министерката Сања Божиновска и американскиот заменик-државен секретар Кристофер Ландау, е таен. Ако не е, бара копија за увид.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини одговара дека ќе постапи според прописите и процедурите за достапност и обработка на службени документи. Наведува дека по службена проверка, ако нема законски ограничувања, документот ќе биде доставен на увид; ако има ограничувања, ќе постапи согласно прописите и ќе го извести пратеникот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Скопје ПРИМЕНО: 15.05.2026 Орг.Единица Број Прилог Вредност 08 3438/1 0

ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА С. МАКЕДОНИЈА г. Африм Гаши

ОД: РЕЏЕП ИСМАИЛ – ПРАТЕНИК од ЛЕВИЦА

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република С. Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

П Р А Т Е Н И Ч К О П Р А Ш А Њ Е ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

ЗА: Г-ЃА Сања Божиновска – МИНИСТЕР ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

Пратеничкото прашање е поделено на неколку потпрашања, кои гласат:

1. „Дали Меморандумот за разбирање за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас, потпишан од Ваша страна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау е таен за јавноста?“

2. „Доколку не е таен документ, барам копија од истиот да ми биде доставен на увид.“

***

Барам ова пратеничко прашање веднаш да го доставите до функционерот на кој му е упатено и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.

Скопје 15.V.2026

Пратеник-подносител: м-р Реџеп Исмаил

1

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - СКОПЈЕ Бр.-Nr. 08-3438/3 27.05.2026 год.-viti

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

Арх. Број: 02-8492/2 Датум: 27-05-2026 2026 година

До: СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Предмет: Одговор на пратеничко прашање

Врска: Ваш бр.08-3438/2 од 18.05.2026 год.

За: Рецеп Исмаил – Пратеник

Почитувани,

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постапува транспарентно, одговорно и во согласност со Уставот, законите и важеќите подзаконски акти на Република Северна Македонија.

Во однос на пратеничкото прашање поврзано со Меморандумот за разбирање за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас, Ве информираме дека Министерството ќе постапи согласно позитивните законски прописи, рокови и процедурите кои се однесуваат на достапноста и обработката на службени документи.

Министерството останува посветено на принципите на отчетност, институционална транспарентност и законито работење. Секој документ со кој располага Министерството се третира согласно неговиот правен статус, природата на содржината, евентуалните обврски преземени со меѓународните партнери, како и важеќите правила за заштита на информации, доколку такви ограничувања постојат.

Доколку по извршената службена проверка се утврди дека за бараниот документ не постојат законски ограничувања за објавување, истиот ќе биде доставен на увид, односно ќе биде постапено согласно утврдената процедура. Доколку, пак, постојат законски или процедурални ограничувања поврзани со неговата содржина, Министерството ќе постапи исклучиво во рамки на важеќите прописи и за тоа соодветно ќе извести.

Министерството нагласува дека соработката со меѓународните партнери, особено во областа на енергетската безбедност, снабдувањето со природен гас и диверзификацијата на енергетските извори, се води врз основа на државен интерес, институционална одговорност и почитување на законските процедури.

Со почит,

МИНИСТЕР ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ Сања Божиновска

Изработил: Златко Илиевски Контролирал: Маја Ивановска Тофиловска Проверил номотех. Елена Неткова Ивковска Одобрил: Горан Јовановски

Страница 1 од 1 Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Ул. „Македонија“ бр. 27, Скопје Република Северна Македонија 389 2 3131062 +389 2 3150033 www.energy.gov.mk

Сите пратенички прашања