Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Хасани праша за правичната застапеност и европскиот кредибилитет, министерот ги отфрли обвинувањата

Резиме

Пратеникот Илир Хасани праша дали министерот за односи меѓу заедниците има лична и политичка одговорност за, како што оцени, нарушување на правичната застапеност и за односот кон албанските вработени. Тој изнесе тврдења за отпуштања и несоодветни услови за работа, а го праша министерот и дали неговите ставови за Москва и Белград му штетат на европскиот кредибилитет на државата. Хасани се осврна и на наводното влијание на концептот на „српскиот свет“ врз регионалната стабилност и европскиот пат.

Министерот ги отфрли обвинувањата за нееднаков и нечовечки однос кон вработените. Наведе дека околу 97 проценти од вработените се Албанци и праша за застапеноста на помалите етнички заедници. Рече дека инспекциските служби утврдиле соодветни услови за работа и дека мерките се поврзани со обврската вработените да доаѓаат на работа. На прашањето за „српскиот свет“ не одговори директно. За својата политичка одговорност рече дека одлучуваат премиерот и граѓаните.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илир Хасани

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илир Хасани, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господин министер, ова министерство е изградено врз основа на еден компромис значаен историски компромис од 2001 година значи Охридскиот Договор и над 20 години ова министерство е раководено од Албанци министри. Не поради идентитетот бидејќи се Албанци но, поради тоа што секогаш сме се труделе да чуваме една политичка гаранција за спроведување на еднаквоста и обезбедувањето на правичната застапеност. Вашето именување на чело на ова министерство од Албанците е перципирано како кршење на овој политички принцип особено имајќи ги во предвид вашата ориентација и вашите ставови, јавните ставови и идеолошките ставови со Москва и Белград. Господин министер, ние чекавме да имаме некое унапредување во министерството кое вие го раководите особено за албанските кадри, не поради друго но, за да ја почитуваме еднаквоста и правичната застапеност во вашата институција со која вие раководите. Но, напротив, во таа институција имаше скандали, сериозни скандали каде вработени Албанци се избркани од работа. И, тоа поради значи апсурдни причини и со срамни видеа во некои импровизирани канцеларии каде што сте ги ставиле вработените Албанци и сте ги третирале многу нечовечки. Нормално не сте му дале работа за да ги пријавите дека се неработници. Ова не е изолиран феномен кој е само во вашето министерство но е еден поширок феномен кој го има и во другите сектори во нашето општество. За жал каде многу професионалци кои се квалифициран на некој начин значи систематски се трудат. Му се одзема можноста за да ја спроведат нивната професионална активност. И, друго прашање. По алармантно е. За прва пат значи кое сакам да го алармирам во Европската Комисија за Северна Македонија се истакнува и се проблематизира концептот на српскиот свет кој негативно влијае во регионалната стабилност и ориенталната стратегија на земјата. Овој факт е многу сериозен факт и аларм од Брисел и е една политичка иницијатива за нашата држава во евро атлантскиот пат. Имајќи ги во предвид овие ставови господин министер, дали имате лична и политичка одговорност за штетата која и ја причинувате на нашата држава како внатрешно што не го почитувате Охридскиот Договор или надворешно каде што му штетите на европскиот кредибилитет на држава и гаснејќи ја перспективата на перспективата на нашите млади. И, реално, дали мислите дека имате се уште политички морален легитимитет да раководите едно значајно министерство во оваа држава која е мултиетнички и има проевропска ориентација.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за односи меѓу заедниците

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Илир Хасани, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 јануари 2026 година Му благодарам на господинот Хасани што се одважи да постави прашање. Инаку за ваша информација господинот Хасани го поставува прашањето претпоставувам за настан кој е пред повеќе време и минатите пратенички прашања искрено очекував дека некој ќе се охрабри да дојде да постави пратеничко прашање за темите за кои го интересираат господинот Хасани, меѓутоа тогаш никој не собра храброст. Добро е што после скоро два месеци некој собра храброст да ги постави овие прашања, за да можеме не само преку медиуми, туку и вака во Собранието каде што званично, или условно кажано државно обврзувачки начин на комуникација помеѓу пратениците и членовите на Владата. И ви благодарам на таа шанса што ми ја пруживте. Ќе почнам од првото прашање што го поставивте, а тоа е дека 20 години раководите со Министерството, кое 20 години не е Министерство, туку беше Секретаријат за спроведување на Рамковен договор, па дури последниве години стана Министерство. Само ќе ве потсетам и се повикавте дека тоа Министерство се грижело за еднаквоста на граѓаните. Кога ќе кажете такво нешто, а не го поткрепите со аргументи, тогаш работите стануваат сосема поинакви. Значи станува збор за Министерство со систематизација од 2550 вработени, каде што скоро 97% од вработените се Албанци. За каква еднаквост зборувате? Каде се тука припадниците на помалите етнички заедници кои исто така се споменати во Рамковниот договор и за нив исто важи така принципот за соодветна и правична застапеност. Претпоставувам ниту вие, а ниту оние кои што го раководеле Министерството немаат одговор на ова прашање, затоа што ова не го спроведувале. Пред десетина години кога тој дел од спроведувањето на Рамковниот договор се префрли во делот на Секретаријатот на општи и заеднички работи на Владата на Македонија, после промената на власта господинот Кирил Божиновски, кој беше тогаш генерален секретар на Владата, доби кривична пријава и седум години ги спроведува по судниците ширум Македонија баш заради тоа, што добар дел од примените вработени не оделе на работа, а примале личен доход. И доколку вие сметате дека јас треба да продолжам во тој пат и тие што примаат плата, а со години, а некој и со децении не оделе на работа, да добијам кривична пријава и за време или дури подоцна од мојот мандат, дека треба да се плеткам по судови, мислам дека сте нашле погрешен човек. Така да од тој аспект мислам дека тука работите не стојат така како што ги зборувавте, туку напротив. Тој што прима плата мора да оди на работа. И моето главно политичко мото, кога дојдов на чело на таа институција беше ништо, ама баш ништо да не биде како до сега. И мислам дека тоа го спроведувам и за тоа доколку постои одговорност, одлучува премиерот, одлучуваат граѓаните и слично. Зборувате со врските со Белград, ок, и со Москва, не е ништо спорно. За Москва ќе ве потсетам дека мене ќерка ми живее таму, а вашиот министер со Лавров беше многу добар пријател, колку се сеќавам, така да заборавите на инсинуациите. Што се однесува до Белград, ќе ве потсетам дека ја честивте македонската држава и македонската јавност на најголемиот христијански празник Божиќ со Тиранска платформа. Па каде одевте вие? Во Авганистан или во Тирана. Каде да одам јас за комуникација? Во матичната држава или некаде на трето место. Мислам дека поставувате тези кои не да немаат издржаност, туку во најмала рака се толку смешни да не можам да ви кажам како изгледа од оваа страна кога ќе ве посматра човек, кога за се што ќе направиле и што сте направиле во политичкиот живот во Македонија сте оделе во Тирана да прашате. За разлика од мене кој тоа никогаш не го направил.

Зборувате за албански кадри во Министерството. Господине Хасани, мене секретарка ми е Албанка која ја затекнав во Министерството за односи помеѓу заедниците. Ниту еден од раководителите, осмина ги има во Министерството, не е померен од место. Кон ниту еден раководител, освен кон еден не е покрената дисциплинска постапка затоа што трипати по ред ми подметнува документи заради кое треба кривично да одговарам. И е казнет само со 20% од неговиот личен доход. Тоа ли е негативен однос кон Албанците во Министерството. Сакате ли да ви кажам дека сите оние вработени во Министерството кои веќе не работат тука или по различни основи се дислоцирани од Министерството, дека никој не се жалел до сега на одлуките кои сум ги донел како министер и кои ги донело Министерството. Не гледам тогаш во што е примедбата. Како тоа вие зборувате дека е некој обесправен, а до сега нема во судот ниту едно такво барање поднесено за таа работа. Просто и тука не ми е јасно. Зборувате за нечовечки услови на работа. Кога дојде управната и трудовата инспекција да провери што станало со седмината, односно петте вработени кои беа на некој начин избркани од работа, управната и трудова инспекција рекоа дека условите во кои работат луѓето вработени во Министерството се подобри од условите во кои што работат тие. Е па сега ако трудовата инспекција и управната инспекција имаат полоши услови за работа од вработените во Министерството, не знам од каде ви е тогаш тврдењето дека работат во нечовечки услови. Се е во Министерството во нормални услови, понекогаш, нормално како и секаде недостасува по нешто, меѓутоа никогаш немало некоректен, како вие што тврдите, нечовечен однос или било што друго што би ги загрозило вработените во Министерството. Единствено вработените во Министерството се загрозени што сега конечно мораат да доаѓаат на работа што порано не беше случај. И веќе нема седење, дури и 18 години дома, да примате плата да не доаѓате на работа. Е тоа веќе нема. Ако е тоа нечовечки услови, ако тоа е нечовечки однос, да, прифаќам, така е. Да завршам со она што можеби највише ве интересираше, иако тоа беше секаде во позадината на сите прашања кои ги поставивте, тоа е условно кажано, донесување на решение за престанок на работен однос на седум, како што ви е тврдите, односно пет вработени во Министерството и јас ќе ви кажам дека тоа е повеќе цивилизациски однос, отколку одлука да се светите на некого. Цивилизациски однос сигурно не е да дојдете да спиете на работа. и цивилизациски однос сигурно не е жалба на нечовечки услови во канцеларија од 20 квадрати каде се сместени седморица луѓе. Јас ќе ви кажам, во државата има многу канцеларии каде што во десет квадрати работат седум луѓе. А замислете ваму во канцеларија од 20 и нешто квадрати работат седум луѓе. Со сите услови за работа констатирани од управната и трудовата инспекција. Така да не знам каде ви се аргументите после сето ова. Имате некаков аргумент дополнително? Ок, не е спорно, ќе ве сослушам, ќе разговараме, меѓутоа наместо да го прифатите тоа како приказна која треба да биде отрезнувачка, дека работите не се веќе како до сега, вие се обидувате работите да ги вратите во системот како до сега. Не е возможно господине Хасани. Додека сум министер нема да се дозволи да се спомне дека во Министерството некогаш се играло фудбал, а сега се спие. Тој што има намера да спие во Министерството на најбрз и најефикасен начин ќе биде пратен да спие дома. Благодарам на прашање, немам повеќе што да додадам.

Сите пратенички прашања