Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Филипче праша за рокот за подобрување на преговарачката позиција

Резиме

Пратеникот Венко Филипче го праша премиерот дали Владата има утврден временски рок за обидите да ја подобри преговарачката позиција на земјата или тие ќе продолжат во текот на целиот мандат. Тој ги доведе во прашање резултатите од најавените иницијативи и повика на обединување во врска со можниот извештај на Европскиот парламент за македонскиот јазик и идентитет.

Премиерот не наведе рок, но рече дека Владата ќе стори сè што е во нејзина моќ за да ги отпочне преговорите. Тој го критикуваше францускиот предлог и преговорите за него, истакнувајќи дека нема да прифати членството во ЕУ да зависи од завршувањето на работата на историската комисија. Рече и дека Владата ќе продолжи да работи со европратеници пред пленарната седница, а повика на обединување за застапеноста на Македонците во министерскиот совет што управува со бугарскиот комитет за етнички прашања.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Венко Филипче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Венко Филипче, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван претседател на Собранието, почитувани пратеници, почитуван претседател на Владата и министри, имам едно прашање до премиерот од областа на евроинтеграциите, евроинтегративниот пат на нашата земја. Ова прашање ќе го поставам во контекст на неколку актуелни случувања, актуелни работи. Прво, во контекст на актуелните случувања во Европарламентот изминатите денови. Понатаму, во контекст на поместувањата на центрите на моќ во рамки ан геостратегиските случки, посебно изминатата година. Понатаму, во контекст на времето, кое што одминува, Албанија и Црна Гора грабаат напред и последно во контекст н Одлуката на Соединетите Американски Држави од пред еден ден, да ја продолжат кризната состојба за земјите во Западен Балкан, затоа што сметаат дека постои ризик за нивната безбедност. И последно, потврдата на претседателот Трамп на изјавата на генералот Кејн дека Русија има територијални, можеби има територијални претензии и према други земји, освен Украина. Точно е дека многу сме направиле за Европската Унија, многу жртви сме дале, не ни било сеедно. Дали таа испорачала? Не, потфрлила, многу пати не разочарала и не блокирала од различни аспекти, меѓутоа, сметам дека во овој временски период кога е очигледно дека и Албанија, и Црна Гора одат напред, некои работи, а во контекст на геостратешките случки се сменети и во делот на Европската Унија. Почитуван премиер, тврдевте дека може да се смени нашата позиција во рамки на преговарачката рамка. Практично, ветувавте промена на преговарачката рамка. Има многу изјави во минатото кои што се во најмала рака контрадикторни, од изминатата година до сега. Прво дека е можна промена на преговарачката рамка, ќе бараме решение со новата Влада во Бугарија. Во јуни 2024 година. Во деветти месец. Уставни измени со одложено дејство, една од можните решенија. Во октомври. Преговарачката рамка може да се промени. Направивме многу за европските вредности, а добивме нула. Понатаму, предлог уставни измени во Собрание пред формирање Влада во Бугарија е наивно. Исто така, во октомври, беспредметно е сега да се праќа писмо до Европската Унија. Лага е дека сме барале промени на преговарачката рамка. Нашата позиција останува уставни измени со одложено дејство како гаранција дека ќе нема нови условувања. Ова во 11 месец, лани. И објаснет предлогот за уставни измени со одложено дејство. Има неколку работи кои што ги најавувате, меѓутоа, нема финале, нема завршница на тие предлози кои што ги давате, а во контекст на подобрување на нашата преговарачка позиција. Прво ова со одложеното дејство на уставните измени. Еве гледаме дека не се случи. Понатаму, најавивте писмено обраќање до целата Европската Унија, па се откажавте од тоа. Чекавте да се формира нова влада во Бугарија. Еве, се формираше, има средба во Хаг на Самитот во НАТО. Таму е бугарскиот премиер. Отиде претседателката, значи средба и таму нема да има. Последно, за Комисијата во Бугарија во која баравте да членуваат Македонците. И се добива впечаток дека сите овие барања треба да предизвикаат некаква сатисфакција кај граѓаните, дека нешто се прави и дека може да се направи, можеби да се разбуди и надеж, дека таа наша позиција во рамките на преговорите, може да се подобри, но ништо од тоа не се случува. Во 2022 година, ВМРО-ДПМНЕ одби заедничка работа со СДСМ за работните групи во Францускиот предлог и постои впечаток дека различни групации, различни политички партии, различни групи на граѓани и секако заинтересирани во огромен процент да нашата земја просперира на европскиот пат, различно го толкуваат и Францускиот предлог, целокупниот пакет на документи и преговарачката рамка. ВМРО-ДПМНЕ создаде хистерија во однос на тоа, меѓутоа сметам дека, сега на некој начин се удира тоа од глава. Ако внесеме три нови етнички заедници во Уставот, сметам дека ништо не губиме. Дека може само нашата позиција да зајакне со тоа што ќе ги отвориме поглавјата. Понатаму, историската комисија јасно и недвосмислено стои дека не е услов за напредокот на земјата, ниту може да влијае некако негативно на тој процес на преговори. Впрочем, со отворени Поглавја и внатре во европските институции, сметам дека нашата позиција е многу, многу посилна. Се поставува прашањето, дали е загрозен јазикот, идентитетот и ќе цитирам неколку документи кои што се дел и од Францускиот предлог, и од документи од Европската Унија, и заклучоци донесени тука во Собранието во 2022 година. Прв документ е заклучоците на ЕРУ за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, без никакви услови за јазикот и идентитетот. Понатаму, самата преговарачка рамка каде македонскиот јазик е експлицитно наведен без никакви додавки, ѕвездички или фусноти, и потпишаниот Договор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик. Во европскиот парламент за прв пат има сериозен ризик да помине Извештај во кој што јазикот некако дополнително се означува. Ние направивме силна кампања во 2023 година и тогаш беше едностран напишан тој Извештај од тогашниот известувач за Македонија. Тоа беше бугарскиот европратеник Ќучук, кој што запревме. Се поставува прашањето, дали во оваа ситуација кога се поочигледно е, и не сме се соочиле досега со таква ситуација, дека сите пратенички групации од сите партии, можно е да застанат зад еден таков амандман. Дали не ни треба нас внатрешна организација и обединување по тоа прашање, за да прво утврдиме како и што и со што можеме утре да се соочиме на гласањето на пленарната седница, поради тоа што таква додавка пред македонскиот јазик и нација, оди спротивно на заклучоците кои што ова Собрание ги донело, а тоа е дека во ниту еден контекст, во ниту еден момент, ниту за јазикот, ниту за културните, ниту за историските одредници никој нема право да преговара. Неколку пати апелирав во различна форма, во различен временски период и одговарав на повиците, да има лидерска или било каква средба на парламентарни партии на сите поголеми партии, да разговараме за тоа што е национален консензус. За жал, нема одговор на тие апели. И еве сега гледаме со што се соочуваме. И тука ќе завршам и сакам да го конкретизирам овој дел во однос на прашањето. Господин премиер, сакам да ве прашам конкретно. Дали во временските рамки на овој мандат на Владата имате утврдено временски лимит до кога ќе се обидувате да изнајдете некаква промена на нашата преговарачка позиција или нема никаков временски лимит, односно целиот мандат временски на оваа Влада, може да помине во тоа што вие го велите, изнаоѓање на подобра преговарачка позиција. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 јуни 2025 година Благодарам претседател. Почитувани пратеници, почитуван пратеник Венко Филипче, благодарам на прашањето. Ќе дадам еден краток осврт на неколкуте работи кои што ги кажавте, а потоа и ќе одговорам на вашето прашање, онака како што и вие го конципиравте на крајот од, практично, вашето излагање. А прашањето е, дали во рамките на овој мандат, едноставно кажано, ќе ги почнеме преговорите. Еве да почнеме од почеток со тезите кои што ги кажавте. Прво, 2022 година ВМРО не одби. Тоа е лага што ја кажавте. Не знам ко ве избрифирал. Прво, ВМРО-ДПМНЕ не одби, бидејќи јас бев тогаш претседател на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Не му беше понудена на ВМРО, туку ВМРО молеше и нудеше соработка, а не му беше овозможена. Јавно, јас имав и прес конференција и така натаму. Жалам што некој погрешно ве брифира и ве носи повторно во длабокото. Што се однесува до трите етнички заедници кои што ги споменавте, јас немам проблем и 30 да ставиме. Немам проблем да ставиме и 30 во Уставот. Но, имам проблем да разговарам на тема во која што континуирано некој нас нѐ негира, континуирано некој нас нѝ оспорува и континуирано некој ни го ускратува правото да бидеме тоа што во суштина сме. Исто така имам право да се сомневам дека тоа не е ни последната, туку можеби не знам кој по ред, отстапка која што треба ние да ја направиме, а притоа да не ја завршиме трката, повторно по пат нешто ново да ни се случи. Таков е оној предлог за кој што вие зборувавте. Овој францускиот. И тоа е единствениот предлог можеби во современа Европа во која што членството на една држава во рамките на Европската Унија зависи од работата на Комисијата која што ја толкува историјата. Бидејќи таму јасно стои во Протоколот кој што е потпишан од страна на тогашниот министер за надворешни работи, дека мора Комисијата да ја заврши својата работа пред Македонија да стане членка од Европската Унија. Простете, но тоа, и да бевме во тој тим кога го преговараа тој договор, немаше да го прифатиме. Еве ви го кажувам, и ако е тоа условот, сега ви кажувам, нема да го прифатиме. Одиме понатаму. Трипати повторивте, чист македонски јазик, идентитет, а велите од друга страна дека никој нема право да преговара. Зошто сте преговарале ако никој нема да преговара за идентитетот и за јазикот. Еве јас го поставувам тоа прашање, зошто сте преговарале, бидејќи претходно, велите во Договорот договоривме чист македонски идентитет, јазик и така натаму, а од друга страна, никој велите дека нема право да преговара. Ако било така, зошто за мене сте преговарале, а не сте ме прашале. Еве, ви го поставувам човечки ова прашање. Зошто сте преговарале за мнозинството граѓани во Македонија, а не сте ги прашале. А притоа, знаете дека немате услови да го испорачате тоа кое што сте го договарале. И тогаш бевме со колегата пратеник позади вас, на лидерска средба во Клубот на пратеници, и тогаш му реков дека ова нема да помине ако е вака како што е, и му предложив две измени. Две измени му предложив за да помине, за да застанеме сите позади тој предлог. Бев одбиен. Одиме понатаму. Средбата во Хаг. Не реков јас, тоа го предложи господинот Кошта. Јавно он кажа: предлагам средба помеѓу двајцата претседатели, и на госпоѓата Силјановска и господинот Радев. Не реков јас. Не го предложив јас тоа. Тој го предложи дека ќе организира средба помеѓу двајцата на Самитот на НАТО во Хаг, каде што ќе дојдат и други високи претставници на Европската Унија, да видиме како можеме да го откочиме процесот. Јас воопшто тоа не го кажав, тој го кажа тоа на прес конференција, која што имаше заедно со мене во Владата. Одиме понатаму. Што е нелегитимно и ненормално да бараме, минатите пратенички прашања лошо се изразив, не била Комисија во која што членуваат претставници од етничките заедници, туку Министерски совет кој што управува со Комитетот кој што работи на етничките прашања. И таму не биле само Ерменци, Роми и Турци, имало и Власи, имало и Евреи и така натаму, но ги нема Македонците. Знаете зошто ги нема Македонците? Ги нема затоа што им е ускратено правото да се организираат во здружение кое што би предложило свој претставник. И покрај тоа што има 14 пресуди од судот за човекови права во Стразбур, кои што велата барем 9 од нив дека Бугарија треба да дозволи ОМО Илинден Пирин да се регистрира. И потоа веќе на следен чекор на 3 години објавуваат оглас да предложи свои претставник кои што ќе членува во тој комитет. Што е тоа не легитимно и што е тоа лошо што го барам Македонците да имаат свои човек во тој министерски совет. Тука треба сите да се обединиме и вие треба да ме подржите за тоа. Не тоа нешто лошо. Ако тие велат дајте да ставиме Бугари во Устав, ние малку што можеме како Парламент овдека да направиме сите заеднички да побараме еве Македонците да бидат дел од тој министерски совет кои што ќе биде дел од тој комитет за етничките заедници. Сите треба да се обединиме. Не треба да ги гледаме така работите. Одиме понатаму, што се случуваше во Европскиот парламент, изминатите години не е донесен извештај. Не е донесен извештај затоа што воопшто не стануваше збор за идентитет Македонски и јазик Македонски. Туку за Северно Македонски идентитет и Северно Македонски јазик. Сосема различно е од ова кое што е сега состојба која што е. Сега има на 3 места Македонски идентитет и Македонски јазик. Предложен како амандман од евро пратеници. И е дел од извештајот кои што ја помина првиот филтер а тоа е комитетот за надворешна политика или познат како АФЕТ. Тука Бугарите, тука Бугарските претставници преку еден евро пратеник кои што излезе во името на неколку групи вклучително и нашата ЕНП, вашата ПЕС или како и да се вика риниум либерали, зелени итн. Излегоа и рече да го модифицираме Македонскиот идентитет и јазик со зборчето модерен, тоа е суштината. Затоа што не е Бугари во Устав или како рековте вие 3 нови етнички заедници. Суштината е да создадеме ностополин, модерен Македонски јазик на некој на некој модерни Македонци кои што говорат, кои што се дел од Македонскиот модерен идентитет. Тоа е суштината и тоа е суштината на Францускиот предлог. Јас жалам што тоа не го видоа, иако предупредуваме на тоа. Иако предупредуваме на тоа. Ние работевме и претпоставувам дека во овие две недели до пленарната седница и вие ќе работите. Иако јас јавно ве замолив, побарав на претходната седница тоа го правите. Вие излеговте на прес конференција и рековте, ние се вклучуваме во битка итн. итн. Еве имаме 2 недели и ќе продолжиме да работиме и со евро пратеници и со други. Се виде јасно при гласањето дека дел од тие најголемиот дел од тие, конкретно во ЕНП петнаесет три, 15 гласаа за работната верзија за извештајот на господинот Вајц во кои што е содржан Македонски идентитет и Македонски јазик. Чист како би рекле вие. А тројца беа против и двајца воздржани. Воздржаните беа, се извинувам двајца воздржани да Грчки пратеници, тројца против пратеници од Бугарија. Ние треба сите заедно да се обединиме на оваа тема. Не треба да се двоиме. Така што јас само можам да ви кажам дека ќе сториме се што е во наша моќ да ги отпочнеме преговорите, но тоа нема да го направиме како модерни Македонци. Благодарам.

Сите пратенички прашања