Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Филипче праша за одговорноста за состојбите во земјата, Мицкоски одговори со осврт на повеќе теми

Резиме

Пратеникот Венко Филипче го праша премиерот Христијан Мицкоски кој е одговорен за проблемите што ги наведе, меѓу кои наводно загадена вода, нискиот животен стандард, корупцијата и блокираниот европски пат. Тој упати и критики за унгарскиот заем, тврдејќи дека постојат сомнежи околу неговото потекло и услови.

Мицкоски рече дека заемот бил обезбеден под поволни услови и наведе за што биле употребени средствата. Ги оспори критиките за економските резултати, изнесувајќи податоци за инфлацијата, платите, пензиите и БДП. За водата во Гостивар се повика на претходни извештаи за неисправност во други градови и кажа дека, според него, бројот на неисправни примероци се намалил; очекува водата наскоро да биде исправна и за пиење. Повика обвинителството да ги испита наведените случаи, но не даде единствен директен одговор кој е одговорен за сите прашања.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Венко Филипче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Венко Филипче, поставено на 113-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам претседателе. Почитуван претседателе, колеги пратеници, претседател на Владата, министри. Еве едно прашање до премиерот Христијан Мицкоски. Имено премиере секојдневно се повеќе на виделина излегува неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои што владеете. Не помага ниту силниот пијар, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ова не можете да го сокриете, неколку работи. Водата е загадена во пола држава во Гостивар, во Валандово, во Скопје во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и пријавувале соодветно резултатите. Водата беше загадена во болницата во Лешок, внимавајте, резултат од примерок земен од чешма во болница каде што се лечат и се лекуваат пациенти. Нема одговор за тоа какви се резултатите сега, зошто не ги објавувате резултатите од водата во Гостивар. Зошто имате контрадикторни изјави вие едно, министерот за здравство друго дека наводно ќе била добра за пиење, а потоа ќе била само технички исправна водата. Луѓето се збунети, не знаат што да прават и не знаат кому да веруваат. Не одговоривте на тоа што се случи со Лепенец и сливот во Вардар. Имено, бела пена која што ја замати водата на местото каде што се наоѓаат бунарите кои го дополнуваат изворот од Рашче. Значи загадена вода на местото каде што има бунари кои што го дополнуваат изворот од кој што пие вода цело Скопје и нема никаква информација. Го пуштате министерот за внатрешни работи да зборува за чистење на водата, хлорирање, хиперхлорирање, човекот нема капацитет, не знае за тоа, не му е тоа на експертиза, внимавајте, хиперхлорирање на водата носи зголемен ризик од малигни болести, не си играјте играчки. Дајте некој кој што знае и кој што и кој што ја разбира работата и кој што има експертиза да се занимава со тоа. Потребно е прво да отстранат органските соединенија, а после да се прави хлорирање на водата. Паѓа во вода прикаските за стандардот. Секој ден ви е полна устата четврти сме во Европа, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на егзистенција и сега Евростат го потврди тоа, последни ме во Европа по стандардот и по примања, најниски, на дното. Не само што сме на дното, нема изгледни политики, најави кое што тоа ќе го коригираат, нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите, се порасна, сите цени се зголемија, освен платите, тие стагнираат. Се зголеми парното, се зголемија повторно горивата, повторно нема мерки за помош на одредени категории на граѓани, поскапи данокот на имот, се поскапе, но платите стагнираат, луѓето се на работ на егзистенцијата. Во однос на коруптивните практики. Последниот извештај на Европскиот Парламент, еден од најлошите до сега во оваа смисла, лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта на независното судство и вие немате никаква реакција на тоа. Напротив, продолжувате со партизацијата на судовите. На оваа перцепција, не кај нас, туку во Европа на високи европски функционери влијае и вашиот однос. Се заканувате тука од говорница со затвори, со решетки, верувајте никој не ви се плаши, ама никој не ви се плаши, смешни се, ви се смеат луѓето. Не личи тоа на ништо, не ви доликува на функцијата која што ја извршувате и во целиот тој контекст и во целата таа ситуација вчера предлага закон со кој што сакате да потрошите 20 милиони евра заобиколувајќи ги сите системски закони во државата за јавни набавки. Па добро, што е целта, што сакате да постигнете. Каква е таа европска практика, никаква, ваша на оваа власт која што се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето. Излезе во јавноста не од кај нас повторно, од Европа, од Унгарија, дека ќе се испитува унгарскиот заем. Ве предупредувавме зошто земавте една милијарда евра сомнителни пари. Излегоа дека, луѓето сметаа дека имаат кинеско потекло. Загрозен ли е нашиот стратешки правец на движење, на задолжување, на концепцијата на задолжување во земјава до тој кредит и не ставивте на мапата на срамот на Европа дека има сомнеж дека нашата власт ја ставила државата во некаква сомнителна зделка. И на крајот за лагите, самите се демантирате, четири години не труевте, правевте, обвинувавте, го делевте луѓето на патриоти, на предавници, велевте дека протоколите се дел од преговарачката рамка, дека ние не преговараме со Европа, сме преговарале со Бугарија и загрозен е јазикот и идентитетот итн. за да пред некој ден признаете и вие и министерот за надворешни работи дека сето тоа што сте го збореле не било вистина. Па зарем сега не се потврдуваат нашите тези и тоа што ние го зборуваме дека намерно не сакате во Европа, дека намерно го блокиравте европскиот пат. Како сега ќе објасните на луѓето во Европа кои што знаат дека не ја кажувате вистината, кај кои што го срушивте кредибилитетот на државата дека вие ова не го правите намерно. Нема повеќе оправдување, намерно блокиран патот 4 години од кои што вие две години сте на власт. Сега актуелно. Моето прашање е следно кој е крив за овие работи премиере. Јас знам вие ќе кажете Венко е крив, СДСМ е крива за се ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи. Но сакам тоа да го слушнам тоа од вас, кој е премиере крив за сите овие работи во државата. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче, поставено на 113-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 јули 2026 година Благодарам претседателе. Би сакал да дадам краток одговор на неколку тези кои што ги слушнавме од страна на пратеникот Венко Филипче, злоупотребувајќи ја парламентарната говорница. Он практично се обиде да зборува за неколку работи за кои што мислам дека беа содржани во едно по широко прашање. И во име на тоа би сакал да зборувам за тие работи за кои што тој зборуваше. Еве ќе започнеме од Унгарскиот заем бидејќи го спомнавте како теза Унгарскиот заем. Самото тоа што излезе веста од Унгарија, дека практично е даден заем на Македонија по преференцијални услови отвара потреба за темелна истрага во рамките на самата држава Унгарија. Сме успеале да обезбедиме евтини средства односно да бидам по прецизен нај евтини од сите други држави кои што во тој момент ги обезбедил. И тие средства, ќе се обидам да ви дадам одговор на вашата дилема, половина ги потрошивме за да вратиме евро обврзница од 500-нимилиони евра. Односно четвртина од другата половина ја користат преку субвенциониран заем со каматна стапка од 1,95% компаниите, претпоставувам и они го слушаат ова. А останатите 250 милиони заедно со други 250 милиони се употребени за искористени за финансирање на проекти во општините, вклучително и во оние општини во кои што вие имате неколкумина градоначалници. Тоа што се однесува до Унгарскиот заем, јас мислев дека вие ќе излезете и ќе пофалите зошто државата направила таков аранжман, за кои што самата Унгарска Влада вели дека е по префенцијални услови, дека Унгарските граѓани ќе требало да плаќаат 250 милиони евра дополнителни камати итн., итн. Вие повторно излегувате и кажувате работи кои што не се вистинити. Одиме понатаму, горивата и цените на горивата е убедливо нај ниски во регионот. Станува збор за берзанска материја, не станува за тоа дали се претприемачките способности на оваа Влада добри или не се добри. Исто како кога вие бевте министер и исто како бевме заковани на дното. Односно на врвот по бројот на починати луѓе за време на корона кризата. Кога се обидувавте преку компанија која што е основна дејност, трговија со јужно овошје, Стабри во Хонг Конг да набавувате вакцини кои што не ги набавивте. И тогаш во јавноста циркулираше една за вас анегдота, дека практично се обидувате на граѓаните да им помогнете на тој начин што ќе ги надплатите неколку кратно вакцините преку оваа Стабри компанија. Јас очекувам дека обвинителството ќе преземе во свои раце да го истражува овој случај. И не се заканувам, нема потреба да се плашите. А знам дека Фројд работи кај вас, но нема потреба да се плашите. Одиме сега понатаму, поврзано со економијата, еве ви дошепна експертот позади вас, ајде малку сега за економијата да зборуваме. Јуни 2026 година, јуни 2022 исти месеци со тоа што оваа криза сега е убедливо длабоко потешка од онаа која што беше во јуни 2022 година. Посебно кога станува збор за притисокот и инфлаторните движења. Анализирав 12 држави, претпоставував дека на оваа тема ќе зборуваме. Во регионот Србија, Албанија, Македонија, Словенија, Црна Гора, Б и Х, Грција, Хрватска, Бугарија, Косово, Романија и Турција. Јуни 2022 година, Влада на СДСМ експертот што ви дошепнуваше позади вас, член на таа Влада, ДУИ е во таа Влада и уште некој инфлација 14,7%. Осми, во овие дванаесет држави. 14,7%, Јуни 2026 година 3,4%, трет. Заедно го делиме третото место со Албанија, Србија има 2,7. Позади нас е Словенија, Црна Гора, Б и Х, Грција, Хрватска, Бугарија, Косово, Романија и Турција. Во јуни 2022 година пред нас се Албанија, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Косово итн. Ова е бројка и ова се факти. Ајде сега околу платите и околу примањата. Просечна плата во државава во јули 2017 година 22 илјади 671 денар. Просечна плата мај 2024 година 41 илјада 252 денари. 83 месеци влада на СДСМ и ДУИ. Просечно, месечно се зголемувала платата за 224 денари. Просечна плата јули 2024 година 40 илјади 961 денар, просечна плата мај 2026 година 49 илјади 544 денари. 23 месеци Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ или просечно, месечно растела 373 денари. зборувам за нето плата, вкупно 66,5 % повеќе споредбено со периодот кога СДСМ е Влада. Одиме понатаму, пензии во периодот кога СДСМ е влада од таму некаде октомвриското нивелирање 2017 година, заклучно со мартовското нивелирање 2024 година, не цели 7 илјади денари зголемена просечна пензија. За 7 години. за 7 години, не цели 7 илјади денари. за не цели 2 години Влада на ВМРО ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ повеќе од 7 илјади денари. 3,5 пати, тоа е разликата. Ова се господине Венко Филипче, бројките. Одиме понатаму, бруто домашен производ 1 јануари 2018 година 31.12.2023 година, 3,69 милијарди евра, долари се извинувам. Толку е зголемен бруто домашен производ во тоа време. Сега, од како е оваа Влада ближиме до 22 милијарди долари, односно за 160 милиони долари повеќе е зголемен бруто домашен производ за 2 години, споредбено со вашата Влада за 6 години. Повторно доаѓаме за 3,1. Е,сега доаѓаме до, пошто немам време многу до она клучното што мислам дека е интересно и за вас пошто бевте министер тој период. Прво Венко Филипче како претседател на СДСМ. Венко Филипче како претседател на СДСМ. И сега зашто немам одговорност од градоначалникот на Гостивар. Туку бараме одговорност од министерот за здравство со стаж како министер за здравство од минус еден ден. Е сега, доаѓаме до, еве имаме тука луѓе од Прилеп во вашата пратеничка група Центар за Јавно здравје Прилеп, извештај од 1 февруари 2019 година во 28 февруари 2019 година. се однесува за градовите Прилеп, Крушево, Македонки Брод. Самиот извештај вели дека има неисправност на водата поради тоа што имаме, ЕМ се однесува на бактериолошката не исправност и ЕФ се однесува на физичко хемиската не исправност, еве ги сите тие параметри. Преземено, ништо. Следен извештај, 1 март 2019 година 31 март 2019 година, повторно за истите градови и повторно превземено ништо. И можам да ви ги редам многу вакви извештаи, еве овдека да речеме имате Гостивар, овде имате Гостивар цело туце и за околината на Гостивар. Вие сте министер тогаш во тој период. Не само што ви гореа модуларни болници туку како доктор вие не се држевте до заклетвата. Вие дозволувавте луѓето да консумираат вода која што во најмала рака кажано претставувала ризик за здравјето на тие која што ја консумирале. А дали јас како инженер или Панче како правник се разбира или не се разбира во хипер, не хипер хлорирање, не знам, но знам дека ако вчера беа 6 примерока не исправни, денес се 2, очекувам дека Гостиварци за неколку дена ќе имаат исправна вода и за пиење тие што се одговорни се наоѓаат таму кај што се. А го повикувам обвинителството да се позанимава и со овие наводи. Благодарам. И се надавам дека го добивте.

Сите пратенички прашања