Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Филипче побара директна финансиска помош, премиерот наведе владини мерки и економски показатели

Резиме

На 97-та седница, Венко Филипче праша зошто Владата не ги прифаќа предложените мерки за справување со поскапувањата, меѓу кои намалување на ДДВ-то и акцизите за горивата и на цените на патарините. Побара и директна финансиска поддршка за таргетирани групи граѓани. Во своето прашање тој изнесе тврдења за раст на цените, пад на индустриското производство и губење работни места.

Премиерот посочи дека Владата го намалила ДДВ-то од 18% на 10%, а Регулаторната комисија ги намалила акцизите на дизелот и безоловните горива. Рече дека земјата има една од најниските месечни стапки на инфлација и наведе раст на БДП од просечно 3,5% во шест квартали, споредувајќи го со периодот на претходната влада. Тој ги критикуваше мерките на претходната влада и тврдеше дека сегашната враќа долгови од тој период.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Венко Филипче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Венко Филипче, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 08 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам претседателе. Почитуван претседателе, пратеници, претседател на Владата, министри. Имам прашање до премиерот во врска со менаџирање на кризата. Имено кризата со војната во Иран започна во последните денови на февруари. Се случуваат работи кои што беа очекувани на кои што и предупредуваа експерти, аналитичари и така натаму, односно тоа дека цената, раст на цената на нафтата ќе влијае на раст на сите други продукти, цени кои што се во директна или индиректна корелација. Апелиравме да Владата преземе навремено мерки за да не се случи тоа да започне со спиралата на зголемување на цените на останатите продукти, за жал тогаш во првите денови на кризата Владата не реагираше никако. Преуверзувавме дека ќе пораснат цените на храната, на транспортот, останатите услуги и токму тоа сега се случува. Имено поскапена е храната, основните прехранбени продукти за 5 до 10% лебот, маслото, шеќерот, солта, основните месни, млечни производи, за над 200 до 300% се поскапени овошјето и зеленчукот. Во еден претходен период, во текот на јануари, февруари го одбивте предлогот да Предлог законот да порасне минималната плата на 600 евра што беше барање на работниците, на синдикатите, имено и тогаш граѓаните, работниците се соочуваа практично со егзистенционални проблеми, а не сега кога цената на горивата се зголеми за близу 40%. Во време на менаџирањето на кризата во Владите на СДСМ за време на Ковид кризата или после почетокот на војната во Украина, овие мерки кои што сега ги предложивме, владејачкото мнозинство не ги изгласа за жал, сега законите за дополнително намалување на ДДВ-то на горивата преполовување на цените на патарините, мерки кои што навистина ќе придонесат да се намалат дел од трошоците на граѓаните, намалување дополнително на цените на акцизите со што ќе се намалеа цените на горивата. А не како досега, после секоја мерка која што ја имплементиравте, а тоа се само делумно мерките кои што ние ги предлагаме во ниеден момент цената на горивата не се намали. Ќе кажете, имаме најниски цени во регионот, меѓутоа една Хрватска и Словенија имаат слични цени на горивата како кај нас, но за стандардот да не зборуваме. Таму минималната плата не е 400, таму е 1000, односно 1500 евра. Така да кога кажуваме колкави се некои цени, мораме да водиме сметка какви се и платите и какво и стандардот на граѓаните. Во време на менаџирањето на кризите Украина и Ковид кризата имаше и дополнителни мерки кон одредени категории на граѓани. Имаше субвенција на плати, имаше субвенција за пензионери од 1500 до 3000 денари, имаше ваучери студентски од 1500 до 2000 денари. Значи, имаше поддршка на одредени категории на граѓани во смисла на социјална помош, загрозени, со посебни потреби и така натаму. На луѓето им е потребна директна финансиска помош. Мерките кои што сега се предлагаат апсолутно немаат никаков ефект, односно граѓаните не ги чувствуваат. Дополнително има три други параметри кои што укажуваат дека е потребно посебна помош и во стопанството, односно економијата. Има пад на индустриското производство во однос на ланското 6%, а овој месец во однос на претходната 13,9%. Намалени се странските инвестиции, лани скоро третина од тоа што конститутивните мерки и политики на Владите на СДСМ доведоа да има рекордни инвестиции во 24-та од милијарда и двестта милиони евра и се затвораат фабрики и работниците остануваат на улица. Близу 1500 работници изминативе месеци се останати без своите работни места. Дел од текстилните фабрики на истокот, дел од Зоните економски кои што ги затвораат своите капацитети. Сите овие работи укажуваат дека економската состојба не е добра, дека граѓаните, а тоа го слушаме секојдневно по нивните апели, по нивните сигнали, едноставно не можат да преживеат. Моето прашање е зошто не ги прифаќате мерките кои што навистина ќе дадат ефект, еве сега имавме предлог на закони. Дали планирате сега, не после Велигденските празници, на луѓето сега им се потребни мерки. Кои знае како ќе биде после Велигденските празници, како ќе се одвива кризата. Мерки кои што ќе бидат за таргетирани групи на граѓани кои што ќе значат директна финансиска поддршка. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче, поставено на 97-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 08 април 2026 година Почитуван претседателе. Почитуван пратеник, вашите мерки од времето ги плаќаме денеска, тоа е солидарниот данок, еве сега ја вративме првата рата од 20 милиони евра. Ќе ја вратиме сега и втората рата од следните 20 милиони евра и така натаму. Тие мерки ги видоа граѓаните и на неколку изборни циклуси по ред го даваат одговорот на мерките од времето на Владата на СДСМ и ДУИ. Јас нема да многу зборувам за тие мерки, но кога правите споредба, треба да направите реална споредба врз основа на реални параметри. Оваа Влада 6 квартали просечно генерира раст на Бруто домашниот производ од 3,5% реален и номинален над 7%. Владата на СДСМ и ДУИ, во првите 6 квартали имаше раст на Бруто домашниот производ од 1,8%, номиналниот под 6%. Ако сакате да ги земете и 28-те квартали како што функционираше таа Влада, расход беше исто така под 2%, 1,8%, значи 2 према 1 е разликата. Инаку за стапката на инфлација, бидејќи 5 минути имам време ќе се потрудам да бидам што е можно побрз. Токму онаа мерка која што ја направи Владата намалување на ДДВ-то од 18 на 10%, а и сега можност на Регулаторната комисија ги намали акцизите и на дизел и на безоловните горива, допринесе да имаме на месечно ниво една од најниските стапки на инфлација. Еве ќе ви ги прочитам ако не сте ги знаеле. Да речеме, Бугарија е нула-девет, ние сме нуласедум, да речеме Германија еден-два, Ирска еден-седум, Грција е два, Шпанија еден-пет, Хрватска еден-два, и така натаму, сите се, само 4 држави во Европа имаат на месечно ниво пониска стапка на инфлација од Македонија. Словенија, Белгија, Естонија која што има секако висока и Словачка. Сите останати имаат повисока стапка на инфлација на месечно ниво од Македонија и единствената држава која што директно учествува од Буџетот во мерките е токму нашата, ниту една друга. Сите други прават импровизации. Ја спомнавте Хрватска и нафтата во Хрватска. Нафтата во Македонија е 1,5 евро по литар, а во Хрватска 1,81 евро центи за литар. Нема параметар, нема статистика со која што ќе можете да го споредете ова, со тоа кое што вие го правевте. Впрочем, на избори граѓаните носат суд за тоа што прави оваа Влада и што сте правеле вие како Влада. Кога правите споредби, треба да сфатите дека ги потсетувате граѓаните на најлошите времиња во македонската историја на политичката сцена. Времиња полни со криминал, времиња полни со корупција, банди кои што хараат по Скопје, стабри компании, времиња во кои што се запалуваа модуларни болници, времиња во кои што рекет плаќаше Македонија во еден локал во југоисточна Македонија секој ден и да не набројувам уште што се се случуваше. И времиња кои што ние денеска како Влада ги враќаме долговите кои што вие ги креиравте. Овие од солидарниот данок се само еден дел, имаме 900 милиони евра што треба да ги запишеме обврзници од ваше време, 700 милиони евра обврзница од ваше време која што ќе ја вратиме и другото е буџетски дефицит и камати, ќе ви кажат тие околу вас кои што малку повеќе се занимаваат со економија. Се е од ваше време, од времето на Владата на СДСМ и ДУИ. И секогаш кога правите споредби, треба да разберете дека политички не е опортуно, бидејќи ги потсетувате граѓаните на вас. Тоа е вашиот најголем проблем, што ги потсетувате граѓаните на вас. Ете тоа е суштината на вашиот најголем проблем. Инаку бројките и мерките се немилосрдни, немилосрдни во полза на оваа Влада, споредено со вас, 2 према 1 во најмала бројка, а политички е 3 према 1, а како мерки е 2 спрема 1, а политички е минимум 3 према 1, зависи од тоа кои ги прави и како ги прави анкетите, тоа се оние што ги прават кај вас анкетите, оние што ги прават кај нас малку повеќе. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања