
Венко Филипче
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Венко Филипче, поставено на 68-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 септември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Имам едно прашање за премиерот Мицковски, а се однесува на ова сега актуелна афера со Агенцијата за национална безбедност која ја бранува јавноста изминатите денови и сметам дека е многу битна да се расчисти за да не се фрла прво дамка врз вработените професионалци во Агенцијата за национална безбедност кои што во изминатиот период никој не ги спомнува, некако тие луѓе врвни професионалци се ставени на страна, а најмногу поради тоа да знаеме дали имало или немало некаква злоупотреба во работата во Агенцијата за национална безбедност во минатото. Имено, премиере оваа цела приказна почна со вашите најави пред повеќе месеци тука на говорница дека имате индиции дека сте биле следени и физички и со дронови и вие и членови на вашето семејство. Во меѓувреме поставениот директор со сите скандали, со сертификатите, со начинот на кој што според кажувањето на вработените се однесува во Агенцијата размислување согласно партиска припадност, мобинг на вработени за кои што имаме информации дека во некое сценарио и многу лошо завршил. Вие вчера, сега изјавувате дека не сте биле пратен директно, туку индиректно и сега се отвораат многу прашања. Првото е дали имало злоупотреба и дали сте биле пратен како лидер на партијата тогашна опозиција. Понатаму се отвара прашањето дали биле пратени некои други луѓе или групации со кои што вие тогаш сте комуницирале. Дали тие луѓе или групации биле пратени законски или незаконски, дали се надминале службените овластувања или не. Дополнително сметам дека е сосема несоодветно во текот на вчерашниот, претходниот ден да не им се дозволи на пратениците чија што законска улога и обврска и можност да имаат надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност тоа да не го направат со изговор дека има започната предистражна постапка во јавното обвинителство, имајќи предвид дека тоа се луѓе со сертификати соодветни и може да имаат таков увид, впрочем тоа им е уставна нивна задача и работа. Не треба да се меша никако и законодавната и судската власт. Така да имајќи ги предвид сите овие работи, имајќи предвид како беше во минатото злоупотребувана службата, прислушкувањето итн. сметам дека е од исклучително голем јавен интерес оваа за сега афера точно и детално да се расчисти. И во таа смислам согласно 21 од Законот за следење, за пратење на комуникациите се што се смета, секој материјал кој што се смета дека е злоупотреба или има криминал практично не може да биде класифициран и затоа сакам да ве прашам сега и тоа е моето директно прашање. Зошто не дозволите декласификација на сите тие материјали, нормално со заштитување на идентитетот на сите луѓе чиј идентитет треба да се заштити за да јавноста конечно знае, имало ли злоупотреба или немало, дали некој го прекршил законот или не. Треба ли некој да одговара или не треба поради тоа што да се користи ваква сериозна тема, оваа сериозна област националната безбедност за некакво меѓу партиско препукување посебно пред изборно сметам дека е целосно несоодветно.