Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

МОН најавува дополнителни работи за училиштето „Рилиндија“

Резиме

Пратеничката Рина Ајдари праша зошто не е завршена последната фаза од изградбата на основното училиште „Рилиндија“ во Селце, до каде се постапките и финансирањето, кога ќе има јавна набавка и кога објектот ќе биде ставен во функција.

Министерството за образование и наука одговори дека ги завршило досега предвидените работи, но проектот не опфатил фасада и партер. Според одговорот, потребен е и потпорен ѕид поради можен ризик од свлечиште, како и пристап до училиштето. Министерството чека насоки од Градежниот факултет, а потоа планира нов проект и средства во следниот буџет. Не наведе конкретен рок за завршување или отворање на објектот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И второто прашање за министерката за образование и наука, објектот на основното училиште Рилиндија во селото Селце претставува значаен проект за жителите од тоа населено место и создавање на добри услови за развојот на образовниот процес. Меѓутоа без разлика на очекувањата и зборовите кои се дадени последната фаза за реализација на овој проект сеуште не е завршена и оставајќи ги учениците и наставниот кадар без потребната инфраструктура. Затоа барам одговор за овие прашања зошто сеуште не е реализирана последната фаза од изградбата на проектот на основното училиште Рилиндија во село Селце во која фаза се актуелно административните постапки и финансиските постапки за завршување на проектот. Кога Министерството предвидува да отвори јавна набавка за реализација на последната фаза на проектот и дали се обезбедени потребни финансиски средства за завршување на проектот и кој е крајниот рок за ставање во функција на објектот. Имајќи ги предвид дека одолговлекувањето на крајната фаза е оправдана со административните постапки кој одат пополека е непочитувањето на роковите и не доделувањето на дополнителни финансиски средства до општина Тетово граѓаните и жителите од Селце треба да знаат кога ќе заврши овој проект и кога учениците ќе имаат на располагање едно завршено и функционално училиште бидејќи знаеме дека училиштето во Селце е финализирано до фазата претходната власт е кога министер беше Јетон Шаќири и треба да се додаде само еден дел за да се заврши. Затоа од вас барам до каде е крајната фаза за овој проект. Јас ви се заблагодарувам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 15 јули 2026 година Почитувана пратеничке, училиштето Рилиндија во село Селце ние како Влада го наследивме проектот и јас веројатно ќе ве изненадам кога ќе ви кажам дека Министерството за образование и наука таму ги има завршено работите. Зошто е ситуацијата така, затоа што тие што проектирале општината дала маркица, нели, проектантот направил проект. Тие што проектирале толку испроектирале, толку средства имале и толку проектирале, не предвиделе фасада, не предвиделе партер. Меѓутоа пред 2 дена инженерите од Министерството беа таму и утврдија дека внатре училиштето е совршено добро направено и услови постојат. Што е сега проблемот? Вашата Влада кога го планирала ова не планирала фасада, не планирала партер, дополнително направила штета и сега треба да се гради потпорен ѕид за да не се срушат куќите што се над училиштето и да сосе куќите да се сруши и училиштето. Беа вчера или завчера инженерите, не е битно кој ден, не ме фаќајте за збор, утврдивме што се случува таму и секако оваа Влада нема да остави училишта како надгробни споменици особено во места каде што има ученици, ете таму има ученици и тоа училиште да, треба да се заврши. Бидејќи вие не сте ги планирале средствата, а ние во рок се сме завршиле. Сега во следниот буџет планираме средства за да го изградиме од како ќе ни достави Градежниот факултет што треба да направиме за да го стабилизираме тоа свлечиште потенцијално има ризик таму дека можеби ќе се случи такво нешто. Од како ќе ни дадат сугестии што треба да направиме, ние направиме нов проект за санација на она што е направено во ваше време, се извинувам, така велам, но тоа е таа Влада. Па сега ние да го изградиме потпорниот ѕид, да направиме фасада, да направиме пристап до училиштето за да можат децата да дојдат. Инаку ние сме завршиле, ама сега допрва треба да продолжиме со овие активности за да го направиме училиштето функционално. Важно е да знае јавноста дека ова не е единствен случај дека ние наследивме многу такви случаи, планирани училишта до половина. Зградата, габаритот и фасадата без струја, без греење, без опрема и сега, така ли се планира, сега ние сето тоа треба да го надополниме оти ако така ги оставиме тие стварно ќе останат непроменето. Во ред ќе ги довршуваме. Но еве јас ви кажувам кога ние планираме, оваа Влада кога планира училиште планира со се. Толку средства треба за училиштето, треба училишна зграда, треба струја, треба греење, треба одржување, треба клупи и столчиња, треба табли, толку треба пари, почнуваме, распишуваме тендер за се за да го изградиме училиштето. Ова што се случува и колку такви многу објекти има јас навистина не можам да ви објаснам. Жал ми е што е тоа така, но како одговорна Влада нема да дозволиме да останат така, да ги јаде времето како ФИНКИ и ФФК 10 години, нели, да ги уништува вложените средства од граѓаните, туку сега ќе мора да се стрпите по нашиот план и програма да ги завршиме сите овие пропаднати, неуспешни проекти. Оти ако ние не ги довршиме нема да постојат и децата ќе нема каде да учат. Меѓутоа ние тоа нема да го направиме. Ќе ги довршуваме сите такви училишта кои се наводно се почнати, а не е предвидено да бидат завршени, веројатно само пред избори, па ќе ги завршиме и ФИНКИ и ФФК и се друго што треба да го направиме како Влада која сака просперитет на државата. Благодарам.

Сите пратенички прашања