Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

ДКСК го соопшти составот на Прекршочната комисија

Резиме

Пратеникот Димитар Апасиев побара од Државната комисија за спречување на корупцијата да го наведе персоналниот состав на нејзината Прекршочна комисија, со имињата на членовите и нивните звања или функции.

ДКСК одговори дека комисијата има пет члена од редот на административните службеници во нејзиниот секретаријат: Весна Донева, Славко Ѓорѓески, Сашко Колев, Севим Мустафа и Бурим Абази. Во одговорот се наведени и нивните работни звања.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Димитар Апасиев

ДО: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Африм Гаши

ОД: ДИМИТАР АПАСИЕВ – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република С. Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ ДО ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА

ЗА: Заменик-претседател на ДКСК

Пратеничкото прашање гласи: „Кој е персоналниот состав на Прекршочната комисија во рамки на Државната комисија за спречување на корупцијата (име и презиме на сите членови поединечно + звање/функција на која се избрани или именувани во Комисијата)?

***

Барам овие пратенички прашања веднаш да ги доставите до функционерот на кој му се упатени и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.

Скопје 8.08.2025

Пратеник-подносител: проф. д-р Димитар Апасиев

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Заменик претседателот на Државната комисија за спречување на корупција

ДО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ

Предмет: Известување Врска: Ваш број 08-4401/2 од 11.08.2025 година

Почитувани,

Во врска со писменото прашање поставено од пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Димитар Апасиев, во однос на персоналниот состав на Прекршочната комисија во Државната комисија за спречување на корупцијата Ве известуваме за следното:

Прекршочната комисија во Државната комисија за спречување на корупцијата е составена од пет члена од редот на административните службеници вработени во Секретаријатот на Државната комисија и тоа:

1. Весна Донева – Раководител на одделение за управување со човечки ресурси 2.Славко Ѓорѓески – Советник за антикорупциска проверка на легислативата поврзана со политичкиот систем; 2.Сашко Колев - Советник за спроведување едукација, подигање на јавната свест и развивање на концептот на интегритет; 3.Севим Мустафа - Советник за антикорупциска проверка на легислативата од економската област и 5.Бурим Абази - Виш соработник за стручно-оперативна поддршка во водење на прекршочна постапка и следење на нејзиното извршување.

Со почит,

Изготвила: А.Ч, Генерален секретар,

Заменик претседател м-р Билјана Каракашова Шулев

Адреса: ул. Пресвета Богородица бр.3 1000 Скопје - Република Северна Македонија e-mail: contact@dksk.org.mk tel/tel: +389 2 3218 930

Сите пратенички прашања