Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Џафери праша за извештаите на МВР и контролите поврзани со Кочани

Резиме

Талат Џафери го праша министерот за внатрешни работи дали добивал дневни информации од оперативниот центар и извештаи за работата на инспекторите, вклучително и за контролите во Кочани. Праша и дали презел мерки ако бил информиран за незаконско постапување или за пропусти во известувањето.

Министерот одговори дека законски се утврдени надлежностите на институциите и функционерите. Рече дека чувствува морална одговорност и обврска да се расветлат настаните и одговорноста на сите што имале причинско-последична врска со нив. Не даде конкретен одговор за дневните известувања или за извештаите и контролите што ги спомна Џафери.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Талат Џафери

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Талат Џафери, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 3 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: За министерот за внатрешни работи. Поради фактот дека сме биле во коалиција во 2013-2014 година аплицирав за функцијата за министер за одбрана и според хиерархијата тие се слични министерства за одбрана и за внатрешни работи, во вашата хиерархија имате оперативен центар каде што според правилата на дневна основа треба да ги собере сите настани во државата и да се менаџираат и да се стават во соодветните регистри. Министер, прашањето е до вас. Дали имате сознание за оперативните дневни случувања кој што се дојдени во министерството? Според правилата наутро кога одите на работа или од Оперативниот центар треба да ве информираат за случувањата во текот на последните 24 часа. Се разбира според хиерархијата за информирање од центрите кој што ги имате и внатре од посебниот сектор кој што менаџира кај вас. Ако сте имале пристап во тие извештаи дали сте имале сознанија за случаите кој што функционираат незаконски или не сте имале сознание. Ако сте имале сознание дали нешто сте преземале и ако сте имале сознание каков чекор ќе преземете кон тие што не ве информирале. За двајцата министри мислам дека ги знаете нормите на Законот за угостителска дејност, член 20, 22, 23 став 5. Член 25, 34, 35 особено 34, 35 каде што се опишани должностите на субјектите кои што вршат должност и другите субјекти кој прават надзор. Член 36, 37 и 38 со сите измени кој што се направени поради оперативен аспект ќе треба министерот за економија, извештаите на инспекторатите од 25 декември со измените на Законите кој што се направени од советот на инспекторите и надлежностите се извештаите да доаѓаат кај вас од 1 јули до 31 декември и претходниот извештај кој што бил до 15 јануари со измените во 2025 година. 30 јануари дента кога е објавен Законот до 31 јануари треба да дојде годишниот извештај за 2024 година. Во тие извештаи тие директори кои што ги имате таму требаше има извештај за работата на сите инспектори на каков начин ја воделе работата. Што стои во тие извештаи. Дали тие извештаи ја вршеле работата законски или имало промени и конкретно од како се поврзува случајот во Кочани тие инспектори кој што направиле контрола во Кочани, што ве информирале вас во тој извештај. Истото е и за што информирале од 28 јуни дека сте министер, бидејќи во правната теорија не сум правник, но кога сум тука 20 и кусур години, мислам дека ја знам и правната логика многу добро. И носителот на функцијата во моментот кога станува случајот, најмалку од морален аспект не може да има кривична одговорност, но од морален аспект кај што требаше да ако имал законска обврска тогаш има и во контекст на кривична одговорност. Но, за чудење ниту еден од актуелните министри си седат онака, но јас 7 години сум бил претседател на ова Собрание. Што и да се случи денеска во Собранието тие немаат овдека одговорност, треба мене да ме прашуваат што сум направил. Но, во контекст на безбедноста и работата во Собранието во вонредни ситуации сме ги аплицирале сите програми и материјали да знаеме и кој како ќе дејствува и на против пожар и други аспекти. Во процедурален аспект секој од нас кога врши една работа, кога одиме дома седиме пред нашите деца дали јас ги завршив сите должности да бидам сигурен околу тоа што се случи да не се случеше. Но, за политика значи ова Собрание искористам 5 години за сличните случаеви. Знаете колку е направено политика во ова Собрание. Не беше прекината работата на Собранието, но треба да почнете од морален аспект од себе си што сте направиле и што не сте направиле за да се спречи една таква случка.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Талат Џафери, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 3 април 2025 година Надлежностите се јасно дефинирани во Законот, пишува за што е надлежен министерот за внатрешни работи, пишува за што е надлежен директорот на БЈВ, пишува за што е надлежен началникот на СВР, пишува за што е надлежен началникот на ОВР, пишува за што е надлежен началникот на Крим полиција и ако се обидуваат да манипулираат овде некој пратеници претходно од аспект на што можело да се спречи, како можело да се спречи. Ви го разбирам прашањето од аспект на повикување на одговорност од моја страна морална. Прво прашање кое ми беше поставено после оној трагичен настан, после онаа невидена катастрофа во Македонија, беше токму тоа. Јас бев тој кој што излезе на говорница дента, прв, пред новинарите. Јас бев тој кој што прв соопшти колку жртви имавме во тој момент. И на прашањето дали ќе си поднесете оставка министре и дали чувствувате морална одговорност, кажав дека да, чувствувам морална одговорност. Прашањето е дали сите вие овде кој што повеќе од 20 години како што се пофаливте сте дел од оваа законодавна власт, исто чувствувате морална одговорност. Јас чувствувам, да. И чувствувам огромна обврска пред сите Македонски граѓани и тие што дале поддршка на оваа Влада и тие што не дале поддршка на оваа Влада. Да го расчистам и расветлам дејствието на извршување или меѓу извршување. На секој еден кој што има било каква причинско последично врска со овој кривичен правен настан. Чувствувам огромна одговорност према секој еден Македонски граѓанин, да покажам разлика дека можело поинаку не како во ваше време. Кабелот и пајакот да се криви. Туку секој еден кој што допринел во овој корумпиран систем дисфункционален за кој што вие како претседател на Собранието, пратеник, министер за одбрана и господ знае што уште не во вашето минато. Сте го раководеле, менаџирале и управувале. Ама не си поставувате прашање дали и вие чувствувате морална одговорност. А да, министерот за внатрешни чувствува. И огромна одговорност чувствувам од аспект на расветлување на сите овие кривично правни настани кој што однесоа огромен број на животи, на млади животи. На млади деца, кој што се надеваа дека Македонија може да стане нормална земја, се надеваа. Добро е да ме слушате, јас ве слушав вас кога ми го поставувате прашањето. Еднаш за секогаш во оваа држава, треба секој оној кој што има надлежност утврдена со Закон да си ја работи својата работа. Министерство за внатрешни работи треба да се грижи за оние надлежности кој што ги има. Јавниот обвинител треба да си ја води постапката во рамки на надлежностите кој што треба да ја води, Министерство за економија треба да издава лиценци, а не да рекетира луѓе за да им даде фалш лиценци. Пазарен инспекторат треба да контролира, така е, Дирекција за заштита и за спасување треба да ги издава согласно Закон оние дозволи кој што треба да ги издава, а не за 100 евра, 500 евра. Секој треба да си ја работи работата која што е должен да си ја работи согласно Законот ако сакаме да имаме држава. Ако сакаме да имаме нормална држава ако навистина си ги сакаме нашите граѓани, тие се наши граѓани, комшии, пријатели, соседи, наши граѓани. Без разлика дали е Македонец, без разлика дали е Албанец, без разлика дали е Турчин, без разлика дали е Влав, Ром, Бошњак или било која друга националност. Наши граѓани, наши луѓе сите до еден, Македонски граѓани, наши луѓе. И тие луѓе заслужуваат да живеат во нормална држава, заслужуваат да живеат во нормална држава. Не заслужуваат да бидат манипулирани како што пробавте денеска да ги манипулирате. Не заслужуваат. Тие луѓе заслужуваат да бидат нормалност еднаш барем во оваа држава. И одговорност, а ќе ја видат за сите 4 предмети, не само за овој последниов.

Сите пратенички прашања