
Јованка Тренчевска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам потпретседателке. Почитувани граѓани, почитувани колеги пратеници, почитувани претставници на Владата, почитуван премиер. Ќе поставам три прашања, првото прашање е до министерот Муцунски за надворешни работи. Меѓутоа со оглед на тоа што не е тука, тука е заменикот. Очекувам заменикот министер Зоран Димитровски да ми одговори на прашањето. Се мислев дали да го упатам до премиерот или до земникот министер, но вчера повторно премиерот избега да одговори на едно прашање, дали ќе ги внесете Бугарите во Уставот. И наместо јасен став, граѓаните слушнаа навреди и манипулации. Прашањето од новинарите беше директно, што прави вашата Влада за европскиот пат на државата. Одговор немаше и наместо тоа повторно ги обвинивте сите што мислат поинаку дека се мекотелни или дека коленичат. Граѓаните многу добро знаат во едно време кога бевте опозиција кој коленичеше и кој молеше за власт. И дополнитено што од претходните одговори, мислам дека на Македонската јавност за денес и беше доволно и доста од вас, затоа што се ставивте 5 во една функција, премиер, наследник на јасновитката баба Ванѓа, психолог или психотерапевт, јавен обвинител и кој што издава психијатар или медицина на трудот кои што издава уверенија за да може некој да се бави со опозицијата. И затоа прашањето ќе барам да ми го одговори заменик министерот Димитровски. Пред изборите ветувавте и вие сте дел од власта, ветувавте враќање на името и поништување на Преспанскиот договор. Е тогаш пред избори кога баравте гласови на политичките опоменти не нарекувавте предавници. Денес гледаме целосна противност на овие ветувања. Две години се влада, имате мнозинство, името не го враќате, Преспанскиот договор не го укинувате. Министри со Бугарски пасоши има во Владата, градоначалници сите од ВМРО. Влада со резервна татковина. Пратениците од власта поднесоа предлог, ама за нареден состав. Кога побаравме да важи и за сите избрани функционери, а со тоа и за оваа Влада. премиерот реферираше требало да се консултираат уставни експерти. Значи, менувате изјави, а Владата ја водат луѓе кои што имаат резервна татковина и е прашање дали воопшто работата за интересите на оваа држава или за нечии други интереси. Во меѓувреме државата стагнира, европскиот пат е блокиран, а наместо реформи сведочиме на корупција и не функционален систем. Министерот Муцунски на Сител телевизија ќе рече, цитирам, уставни измени само кога ќе се изгради доверба со Бугарија. Значи не велите не, не е предавство сега. Европските претставници јасно укажуваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот е услов без кои нема напредок кон Европската Унија. Затоа моето прашање е јасно и не двосмислено, им должите одговор на граѓаните, дали ќе се внесат Бугарите во Уставот. Да или не?