Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Даути праша за употребата на албанскиот јазик во комуникацијата со Собранието

Резиме

Пратеничката Илире Даути го праша премиерот Христијан Мицкоски дали има договор со коалицискиот партнер ВЛЕН за Владата да комуницира со Собранието и да доставува закони и документи само на македонски јазик. Таа рече дека таквата практика ја загрижува и праша дали премиерот смета дека постапува надвор од Уставот и законот.

Мицкоски одговори дека Владата е посветена на спроведување на Уставот и Законот за употреба на јазиците. Наведе дека ќе работи на зајакнување на институционалните капацитети за комуникација и обезбедување информации на албански, како и на обуки за службениците и поддршка на културни и образовни програми.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илире Даути

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илире Даути, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Две од дилемите кој мислам не се преокупација само за мене, туку се преокупација за сите граѓани кој на прв ред мислат главната работа, основна работа на секој човек е да се третира подеднакво и да е слободен. Едно од тие вредности, без сомнеж е правото на користење на мајчиниот јазик, затоа првата тема јас ќе ја адресирам во овој правец и тоа сум го предвидела, односно сум кажала дека ќе го адресирам прашањето до премиерот Христијан Мицкоски, така да, да ни даде можност од него сам да слушнеме како е неговиот реален поглед во користењето на албанскиот јазик. Но сите вас кои сте тука присутни, ќе ве замолам, кога и да е, јас кога ќе поставам прашање и да барам албанскиот јазик да се почитува и имплементира, ве молам ова да не го сфатите како барање, бидејќи ние не бараме, туку сме албанци државјани, етнички државјани на оваа држава на кој му е значајно користењето на албанскиот јазик и многу повеќе од тоа придонесуваме и во економската состојба на државата, придонесувајќи со такси и придонеси сите ние кој сме тука и сите други, значи албанците од странство кој се избришани од многу пресметки како што беше со одлука на Владата. Тоа е друго прашање, јас ќе ве замолам, мојот збор кога се работи за користењето на албанскиот јазик, да не разберете дека е тентатива да се ослабне културно, Македонија но е сомнеж, значи да се дополнат културните вредности на нашата држава. И многу повеќе од тоа, јас немам дилема, сите вредности на светот имаат вредност. Тука зборувам за албанскиот јазик кој според последните истражувања е едно од трите најстари индоевропски јазици со историја од 8 илјади години и освен ова, ова како што се гледа не е потребно, не е потребно ни фактот да албанскиот јазик е службен јазик на 30% на граѓаните од оваа држава и над се во очите на премиерот на нашите соседи, на целиот свет, кај интелектуалците се повикуваат така како што не е. Јазикот кој го зборуваат над 20% од населението кој е различен од македонскиот јазик без разлика на ова сум имала случај, значи затоа прашањето ми е директно за премиерот, бидејќи тој лично пред неколку дена од Република Косово се изјасни дека никој нема против албанскиот јазик и дека темата за албанскиот јазик е вештачки. Во продолжение ќе сакам да го утврдам со конкретни факти, темата за која јас денес зборувам и за која јавноста е загрижена не е вештачка, туку е реална. Почнувајќи од тоа што ни припаѓа на сите нас тука неколку пати сум го истакнала прашањето за користење на јазикот и тука во институцијата Собрание и за жал по 6 месеци кога овој премиер заедно со другите партнери од коалицијата опфаќајќи ги и тие кој се албанци, продолжуваат сите закони да ги носат само на македонски јазик и службената комуникација со Собранието и Владата се прави само на македонски јазик. Сите закони, сите документи доаѓаат само на македонски јазик и во овој случај, јас би сакала да го прашам премиерот кој убедена сум можеби чека прашањето да биде формулирано. Вака да го прашам дали има договор помеѓу него и прифатен од страна на ВЛЕН кога се формираше оваа Влада да во оваа форма ќе функционира комуникацијата на Владата со Собранието, но ова значи мене ме загрижува што сум граѓанка на една држава каде вака функционираат, каде политичките договори можат да бидат над законот, над Уставот на државата, затоа прашањето ќе го формулирам малце подруго. Сакам да го прашам лично премиерот, дали тој мисли, да е создаден во пример раководител на државата кој смее да гази и да е над законот и над Уставот, односно над амандманот 5 од Уставот. И во потоа дали им дава право на граѓаните да имаат право да го одредат нивниот однос во проблематиката и да не го следат тоа што е одредено во Устав и закон. Сакам да земам одговор од него, кое е неговото мислење, дали мисли дека лизнал во една ваква ситуација да сам себеси се поставил над законот и над Уставот. Во која форма ќе одговори премиерот, јас мислам дека ќе најде одреден начин, бидејќи како што гледаме, значи прашањето беше лично за него, Пратеничкото прашање го упатувам до претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Влада на Република Северна Македонија - КАНЦЕЛАРИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА Архивски број: 08-2340/2 До: Претседател на Собрание на Република Северна Македонија г.Африм Гаши Предмет: Доставување одговор на пратеничко прашање Врска: Ваш бр.08-6248/1 од 19.12.2024 година

Врз основа на член 42 став 3 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, во прилог Ви се доставува Одговор од претседателот на Владата на Р.С.Македонија на пратеничко прашање:

• Пратеничко прашање од пратеникот Илире Даути, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Македонија одржана на 18 декември 2024 година.

Со почит,

Шеф на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Владимир Нелоски

Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр. 2, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3123 371 www.vlada.mk

Влада на Република Северна Македонија П Р Е Т С Е Д А Т Е Л Почитувана пратеничке Даути,

Ви благодарам за поставеното прашање кое отвора важна тема поврзана со унапредувањето на јазичните права и почитувањето на културната разновидност во Република Македонија.

Владата на Република Македонија е цврсто посветена на спроведувањето на Уставот и законите, вклучително и Законот за употреба на јазиците, кој обезбедува рамка за службена употреба на албанскиот јазик во сите институции и општини каде што албанскиот јазик го зборуваат најмалку 20% од граѓаните.

Во таа насока, Владата ќе продолжи со спроведување конкретни мерки за целосна имплементација на овој закон, вклучително и:

- Зајакнување на капацитетите на институциите за непречено комуницирање и обезбедување информации на албански јазик. - Поддршка на културните и образовните програми кои го промовираат јазикот и културата на албанската заедница, во согласност со принципите на мултикултурализам и европски вредности.

Нашата цел е да градиме општество каде што секој граѓанин, без разлика на неговата етничка припадност, се чувствува еднакво третиран и почитуван. Затоа Владата веќе работи на унапредување на капацитетите во јавната администрација, како и на обуки за службениците за унапредување на комуникацијата меѓу другото, и на албански јазик.

Почитуваме дека албанскиот јазик е дел од културното и историското наследство на нашата држава и дека неговото негување е значаен чекор кон зајакнување на заедничката доверба и мултиетничката хармонија.

Влада на Република Северна Македонија П Р Е Т С Е Д А Т Е Л

Во овој контекст, Владата ќе продолжи со промовирање на јазичните права, почитувајќи ги европските стандарди и принципите на правична застапеност. Исто така, остануваме отворени за дијалог со сите засегнати страни со цел натамошно подобрување на политиките поврзани со ова прашање.

Со почит, проф. д-р Христијан Мицкоски

Сите пратенички прашања