Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Даути праша за план за полагање правосуден испит на албански јазик

Резиме

Пратеничката Илире Даути го праша премиерот дали има конкретен план и рок за овозможување на правосудниот испит на албански јазик. Таа посочи дека кандидатите бараат испитот да го полагаат на јазикот на кој студирале и изрази загриженост дека решението може да се одложува.

Премиерот наведе дека од 2020 година се пријавиле 196 кандидати Албанци, од кои 95,75 отсто го положиле испитот според актуелната методологија. Рече дека поддржува можност испитот да се полага на мајчин јазик, но дека правосудството треба да функционира на македонски јазик. Додаде дека комисија и тим уставно-правни експерти работат на решение со еднакви критериуми за оценување, без да посочи конкретен рок.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илире Даути

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илире Даути, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Директно ќе преминам на поставувањето на прашање, поради фактот што темата за која ќе зборувам е поврзана со една тема која сега е позната за јавноста, за пошироката јавност, за премиерот и за сите нас. Се работи за испитот, правосудниот испит за студентите, значи кои бараат право испитот да го полагаат на албански јазик, на јазикот на кој ги реализираат и студиите, на јазикот кој им го гарантира Законот за јазиците и Уставот на Република Северна Македонија. Затоа премиер, моето директно прашање е дали има конкретен план, конкретни денови за решавање на правосудниот испит да биде на албански јазик. Основната причина поради која вас ви го поставувам прашањето е поради фактот што вие сте изразиле подготвеност и сте кажале дека оваа проблематика, без проблем ќе и најдете решение, на решението ќе му изнајдете решение. И второ. Имам страв дека вашите планови можеби да не се каснење од 24 години како што се направени со Охридскиот договор. Имам страв, исто така, дека значи, во Венецијанската комисија ќе ја извртите со единствена цел, значи да е неважечко секое колективно право на Албанците тука, и кога се запишани на листите се гарантирани со Закон, да не се спроведуваат така како што дејствувале тие пред нас, значи претходниците и вие да дејствувате така. Во врска со правосудниот испит, во врска со Законот за користење на јазиците и многу слични работи. Јас знам дека често кога е отворена темата за користење на албанскиот јазик, вие многу добро премиер знаете дека ова прашање или прашањето со албанскиот јазик се користи за ниски дневни политики. Јас сакам да ви обезбедам, да ви гарантирам дека моето прашање не е денес поврзано со тоа бидејќи албанскиот јазик не може од моја страна да се користи за вакви причини, поради фактот што јас знам, и мислам дека сите знаат дека албанскиот јазик тука е на нејзиното место е во нејзината куќа и е од кога постои јазикот. Така да, можеби други можат да го користат за ниски дневни политики. Јас ви се молам и вие ова денес да не го правите, меѓутоа јас сакам да ви го претставам фактот дека ова не треба да го направи никој, бидејќи сите сме свесни дека Северна Македонија, оваа наша заедничка држава има перспектива само како билингвален. Вашето прашање за вас премиер, е дали има конкретен план, конкретен ден за на решението да му најдете решение.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Илире Даути, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Благодарам. Почитувана пратеничке, поврзано со правосудниот испит, сакам да ви дадам една статистика што мислам дека ќе биде интересна и за вас. Од 2020 година до денес, пријавени се вкупно 918 кандидати за полагање на правосуден испит. Од нив 196 биле Албанци, значи негде околу 200. Не положиле 27, од кои 9 повторно се пријавиле и сите положиле, што значи дека процентот на положени кандидати Албанци е 95,75%, согласно актуелната методологија. Значи, не можеме да зборуваме за дискриминација кога имате процент 95.75. Но и покрај тоа, сега го зборувам ова како човек, јас немам против и стојам на ставот да може секој да си полага на својот мајчин јазик. Спомнавте за Венецијанската комисија. Венецијанската комисија многу јасно и прецизно кажа во своето Мислење за Законот за јазици. И таа вели, во правосудството да се напушти двојазичноста и да се вратите на Законот од 2008/2009 година. Преска еден ваш колега од вашата коалиција ми остави едно Мислење од Венецијанската комисија, но до пола, до 55, 56 член на Мислењето. Таму има 102, 103 члена од Мислењето на Венецијанската комисија. Така што, јас ова не го кажувам. Тоа го кажува Венецијанската комисија за да има владеење на правото. Не се добар пример Белгија, Швајцарија и така натаму, тоа се конфедерации и федерации, нема да зборуваме сега за тоа. Зборуваме за унитарни држави и нема втор пример. Значи, ние мораме да сме свесни дека правосудството мора да биде на еден јазик и тоа е македонскиот. И тука мора да заврши таа дискусија. Ако тој факт го прифатиме сите, мора да најдеме начин, при полагањето на правосудниот испит, подеднакво да важи за сите кандидати кои што ќе го полагаат. И тука јас не гледам никаков проблем. Има комисија која што работи, има тим на уставно правни експерти кои што работи на оваа проблематика, се надевам дека ќе изнајдат решение. Не би ги спомнувал имињата, бидејќи тоа е ад хог, не е група која што е формализирана. Се надевам дека ќе изнајдат решение и ќе можеме сите заедно да го гласаме тоа решение. Кога сме кај Законот за јазици, просечен правник ќе ви каже дека е лошо напишан. За жал, тие што го носеа Законот за јазици тогаш, не водеа сметка за многу правни аспекти. Јас меѓу другото, не сум правник, јас сум инженер, но читав, читам и така натаму. И што можам да заклучам. Во самиот Закон стои дека, ако во рок од една година не се хармонизираат законите, тогаш автоматски се хармонизираат. Како со генерален закон вие ќе хармонизирате специјален закон. Или, да бидам попрецизен. Како со лекс генералис ќе хармонизирате лекс специјалис. Еве, објаснете ми. Јас не сум правник и не знам. Освен, ако тоа не го направат пратениците во Парламентот.

Второ е прашањето, зошто тие закони не биле хармонизирани тогаш. Тоа е друго прашање, зошто се носени, како се носени и така натаму. Така што, јас можам да ви кажам неколку факти. Факт број 1, Мислењето на венецијанската комисија. Факт број 2, дека во последните пет години, повеќе од 95% од кандидатите Албанци го положиле правосудниот испит. Факт број 3. Никогаш нема да поддржам во правосудството двојазичност или повеќејазичност. Се знае, мора да имаме еден закон, тоа е македонскиот закон за да обезбедиме владеење на право. И факт број 3, да ќе сториме се да изнајдеме решение, кандидатите кои што сакаат да полагаат правосуден испит на својот јазик, во случајов албански, а по можност и на другите јазици, да тоа го прават, но притоа да имаме еднаков критериум во оценувањето. И стојам на тој став од првиот ден до денеска. Така што, ова се неколку факти за кои што јас би сакал во моментов ви дадам како одговор. Благодарам.

Сите пратенички прашања