Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Даути праша за одредбите за јазикот и химната во образовниот предлог-закон

Резиме

Илире Даути го праша првиот заменик-премиер Изет Меџити за предлог-законот за средно образование, посочувајќи ги проверката на познавањето македонски јазик кај директорите и интонирањето на химната на почетокот и крајот на учебната година. Побара да ги објасни својата улога и ставот кон предлогот, а во дополнителното прашање повторно побара јасен одговор за химната.

Меџити рече дека реформите и поквалитетното образование се приоритет. За химната посочи дека одлуката е во надлежност на основачите на училиштата и дека законите се во постапка, без директно да се изјасни дали го поддржува интонирањето. Во одговорот зборуваше и за албанскиот јазик и правичната застапеност, најавувајќи посебно законско решение за адекватно претставување на националностите, како и решение за Законот за матичните книги.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илире Даути

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илире Даути, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Другото прашање ми е за заменик премиерот, првиот заменик премиерот господин Изет Меџити бидејќи така се именуваше од првиот ден од оваа Влада за една тема која е проблематична за целата јавност, тука сакам заедно да разговараме и да го адресирам, конкретно прашање, темата е поврзана со Законот за средно образование. Сите знаеме пред неколку дена се изгласа во Собранието од страна на Владата, првиот заменик премиер во кој сте вие господине Меџити, се донесе во име на Министерството за образование каде заменик министер е кадар од коалицијата ВЛЕН кој е исто така дел од Владата и тој Предлог закон има повеќе дилеми, но ќе ги истакнам две од нив. Значи првата е со делот каде се бара директорите да се тестираат за познавање на македонскиот јазик и имајќи го во предвид фактот и мултиетничката реалност тука во Северна Македонија каде многу училишта имаат ученици од различна националност, тогаш зошто истото не и за директорите Албанци да го знаат албанскиот јазик, да се тестираат за албанскиот јазик, бидејќи во секое време ќе имаат работа со ученици и предавачи Албанци. Од друга страна, имајќи го во предвид другиот дел на проблематиката на законот, тој вели, на крај и на почеток на учебната година ќе се интонира химната и на други церемонии како што сто е патронатот. Мојата дилема во овој случај е, иако министерката и во Закон пишува и истакнува дека ова ќе биде опционално и ќе имаат можност основачите да одредат дали ќе се интонира химната или не, прашањето е ако анализираме подобро за темата или проблематиката за која зборуваме, ќе видиме многу училишта особено од тие кои половина од населението се Албанци, како што е Куманово и многу општини во Град Скопје, каде што ќе одлучува основачот, ќе одлучува Град Скопје и другите општини кои се раководат од градоначалници Македонци, многу сум убедена и тие ќе одредат химната да се интонира и на почеток и на крај на учебната година. Моето прашање кое го отворив во овој случај и конкретно му ги адресирам на господин Изет Меџити прв заменик премиер, кажете ми, која е вашата улога во оваа Влада. Бидејќи, јас гледам вие раководите како без глава во Владата, а вашите пратеници како без глава тука во Собранието. Пред два дена не гласаа против овој Предлог закон, во информациите на комисиите пред да дојде на пленарна седница гласале за. Сега јас сакам да дадете одговор пред јавноста, која е вашата улога конкретно во овој случај, дали се сложувате вие со овој предлог и кој е пристапот кој ќе го имате и ќе го имате во иднина. Бидејќи сите знаеме, вие сте дел од Владата со дозвола на премиерот и вас ова не ви дозволува да решавате за толку деликатни прашања. Дополнително прашање Како може да биде задоволен човек од одговор кој што не го добив. Значи јас не добив ваш одговор господине Меџити. Вие треба да кажете дали сте за тоа дека треба да се и нтонира химната на почетокот и завршетокот на школската година и зошто се однесув ате без глава во Владата и во Собранието. За другите прашања треба сам Изет Меџити да се обрати на Изет Меџити и да го праша зошто остави да се именува во Уставот 20%. Го спомнавте и балансерот. Вие фактички сте го укинале етничкото претставување, не е проблемот само со балансерот. После велите дека ќе донесете закон за правична заст апеност. Јас нигде не гледам ништо од тој закон. Вие кажавте и други работи, но да за станам тука, да дебатирам не три минути, туку цел ден, јас знам само една вистина де ка вие се што ќе кажете денес, после 20 години ќе се пишманите и ќе кажете дека не с те биле во право. На вас ви требаше 20 години дека во текот на 20 години вашите дејс твувања биле погрешни. Јас чекам оваа рефлексија да биде кај вас после 20 години.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Илире Даути, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 декември 2024 година На почеток би сакал да ја поздравам пратеничката за поставеното прашање Илире. Што се однесува на пристапот или поконкретно за поставеното прашање околу последните закони, е прашање кое што сме го дискутирале и во Владата и со нашата парламентарна група имаше дебата и на Комисијата за образование, што се однесува до образованието е наш најголем приоритет на оваа Влада и фокусот ќе бидат во реформите на образованието и се сложувам дека нема потреба да се оптеретуваме со неколку детали кои што можат да удираат на некои нови теми, но не треба да се оддалечиме од реформите во образованието каде што е најдоброто инвестирање на оваа Влада во оваа област. И мислам дека во овој правец ви велам дека ќе останеме во овој фокус за поквалитетно образование и за што подобро образование. Што се однесува околу тоа дека што претставуваме во оваа Влада, јас можам да се поврзам и дека и таму каде што се јавува проблемот не е од Владата, туку од други инстанци. Ние демонстриравме демократски капацитет и политички капацитет кои што знаат да ги решаваат и унапредуваат прашањата. Како што е случајот со балансерот каде што беше како прашање, беше укинато од Уставен суд и која што е независна од Владата. Но Владата докажа дека ова ќе се реши со посебно законско решение и со закон. Разликата беше, дека кога беше укинат Законот за матичните книги, каде вие го водевте тој ресор, вие си ќутевте и не го решивте овој проблем. Ние ќе го решиме и Законот за матичните книги и за новородените, кој што нема да биде во спротивност со Уставниот суд и на овој начин ќе ги решиме и овие закони кои што се однесуваат со образованието, додека за албанскиот јазик мислам дека се обидовте да злоупотребите. Изјавите беа и на премиерот и нашите од ВЛЕН и од претседателот на државата дека албанскиот јазик е уставна категорија и моментално е решен во овој статус во Законот за јазиците кои што се определуваат со формулацијата 20%. Ние демонстриравме дека Законот за јазиците нема да се допре и за законите за образование нема зошто да се загрижувате, бидејќи има кој да ги претставува Албанците и нема да имаме дефокусија и да ви се остави простор на вас, туку нашата енергија ќе биде фокусирана да бидеме закони за образование поквалитетни и подобри и значи нашиот приоритет ќе биде образованието, не да биде од втор или трет ред. Дополнителен одговор Се потрудив да одговорам. Ако мене ми требаа 20 години да рефлектирам, значи не разбирам зошто вие после 20 години сте со ДУИ. Ова е под еден. Под два, кажувам дека ова е разлика, иако бројките ви беа многу во предност во минатата Влада, кога раководевте со ресорот правда, вашиот министер се аборгираше, го отстрани Законот каде се елиминираше национална припадност на децата кои што туку се родени. Виетогаш не излеговте за ова прашање. Иако Уставот беше испран од претходната власт, ние рековме, механизмот на балансерот ќе го замениме со законско решение, посебен закон за адекватно претставување на националностите во Република Северна Македонија. И наскоро овој закон ќе дојде во Парламентот и заедно со вас ќе го изгласаме бидејќи е за доброто на граѓаните. И во врска со прашањето со химната, тоа што го велите треба и да го направите. Во општините раководат основачи и законите се сеуште во постапка. Прашувам, зошто советникот на ДУИ во Велес гласал против оваа одлука во Велес. Вие нешто друго правите, друго мислите, трето правите. Но ова народот многу лесно ве чита според вашите мислења. Вие дента гласате, вашиот советник гласа за химната во државата и потоа тука доаѓате во Парламентот и кажувате зошто ваков предлог. Затоа седете мирни, Албанците имаат претставник во оваа Влада, кои им излегува и ги претставува во Владата. Благодарам за прашањето уште еднаш, дали сте задоволни од прашањето. Прашањето е за вас и за јавноста. Тука ги соочуваме аргументите.

Сите пратенички прашања