Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Даути побара предлог-законот за локална самоуправа да се отстрани од процедура

Резиме

Илире Даути праша за владината одлука од ноември 2024 година и предложените измени на Законот за локална самоуправа. Таа тврдеше дека одлуката ја исклучува дијаспората од права и застапеност и дека измените го намалуваат бројот на советници. Побара предлог-законот да се отстрани од процедурата, а одлуката да биде прогласена за невалидна.

Премиерот одговори дека целта на измените е усогласување со изборните процеси, а не разграничување меѓу резиденти и нерезиденти. Рече дека е веднаш подготвен да поддржи измени на Изборниот законик со една изборна единица и гласање на дијаспората, вклучително и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва таму каде што тоа е дозволено.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илире Даути

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илире Даути, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Од друга страна второто прашање кога ќе го упатам повторно до вас, се однесува вчерашната дебата до полноќ во однос на исклучување на не резидентниот народ, како што ги нарекувате државјаните на Република Северна Македонија со една одлука донесена на крајот на годината во Владата на Северна Македонија, односно во ноември 2024 година, со кои што се исклучува дијаспората од правата со кои што се поврзуваат нивните права и застапеност во однос на Северна Македонија. Вчера дебатиравме долго, дебатиравме и на Комисијата, матичната комисија и за жал вашите претставници не дадоа ниту еден аргумент, зошто треба да стои во Законот за локална самоуправа членот кој предвидува намалување на бројот на советници, како што се граѓаните од дијаспората, кои што работат привремено или живеат надвор од државата. Почнувајќи од одговорот во однос на прашањата кои што ги поставив и вашиот заменик министер беше дециден и не прифати ниту еден амандман. Не ни даде ниту едно образложение, ќе го повторам прашањето уште еднаш на оваа седница, а исто така и вчера сите пратеници не беа вклучени во дебатата и јас не успеав да добијам одговори за прашањата кои ги поставив. Јас инсистирам, одлуката на Владата е дека таа одлука е тенденциозна и исклучувачка. Бидејќи се работи за дијаспората која што економски ја поддржува нашата држава и ние не смееме да се однесуваме на тој начин. Затоа сметам дека што поскоро тој Предлог закон треба да се отстрани од процедурата и одлуката да биде невалидна, бидејќи го прекршува Уставот на државата, бидејќи Уставот на нашата држава не познава термин не резиденти. Ниту Законот за попис не го познава тој термин. Ниту Законот за локална самоуправа не го вклучува терминот не резиденти. Жителите имаат право да избираат и да бидат избрани и ова половично право на граѓаните на тие општини им се одзема, бидејќи се вклучуваат во делот на тие граѓани кои што можат и имаат право да бидат избрани. Јас мислам дека овој тренд ќе продолжи и понатаму, бришејќи ги граѓаните од дијаспората и од листите за гласање. Затоа инсистирам Владата да отстапи од овој став колку што е можно поскоро, бидејќи дискриминацијата не може да продолжи да биде функционален елемент на една мултиетничка држава. Јас сум убедена дека секој знае дека не може да се изгради иднината врз маките на некој друг. Ова нема да го трпи никој, бидејќи една ваква ситуација прави поделба на две категории граѓани. Едни кои се револтирани, а друга страна кои што се разгалени. И оваа поделба на власта треба да се запре, а оваа одлука на Владата оди кон таа насока. Затоа сметам, бидејќи сите кои што ве претставуваат тука не ми дадоа аргумент, зошто дојде до таа одлука минатата година, а уште повеќе што преку Законот за локална самоуправа се обидувате да исклучите еден дел од граѓаните, жители на Република Северна Македонија. Во спротивно на тоа што се опфаќа во Законот за попис. Бидејќи не се исклучуваат категориите резидентни и не резидентни. И сите три концепти кои што се критични, било концептот за пописот или законите кои што се носат кај нас, не ги исклучуваат ниту едната, ниту другата категорија, туку се однесува со граѓаните и личностите кои треба да ги уживаат правата во однос на државата. Во ситуацијата која се случува во Република Северна Македонија се поврзува со одлуката на Владата за исклучување на дијаспората. Ние ја исклучуваме дијаспората од правата, а тие продолжуваат да бидат даночни обврзници, како и сите ние кои што живееме тука. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Илире Даути, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 мај 2025 година Би зборувал многу и на претходната тема, но очигледно дека би го прекршил Деловникот, затоа ќе се воздржам. Еве, се надевам дека ќе имаме можност да направиме нешто повеќе за условите во кои што се образуваат нашите деца, тоа е важно, нашите деца, децата на Македонија. Што се однесува до Законот за локалната самоуправа, целта е сосема поинаква. Целта е да може да се направат измени кои што ќе бидат во согласност со изборните процеси кога се бираат градоначалници, советници и така натаму. Не е целта дали имаме резиденти или нерезиденти, но кога веќе го поставивте тоа прашање, јас еве би ве повикал заедно сите да го промениме Законот за избори, Изборниот законик и да направиме една изборна единица и во таа една изборна единица да дозволиме и дијаспората да гласа, да формираме, да дозволиме да се формираат избирачки места во оние држави во кои што се дозволува согласно Устав да се формираат избирачки места надвор од ДКП-ата, од дипломатско конзуларните претставништва. Еве јас сум подготвен одма. Јавно ви кажува, како ВМРО-ДПМНЕ ги гледам пратениците од коалицијата, да го поддржиме тој Закон во кој што ќе имаме една изборна единица. И подготвен сум одма, да не филозофираме, зошто волку советници, зошто толку, еве одма да го отвориме ова прашање и да го затвориме. Да имаме една изборна единица и во таа една изборна единица да се гласа, вклучително да бидат вкалкулирани и гласовите од дијаспората. И тоа не само во дипломатско конзуларните претставништва, туку насекаде онаму каде што дозволува Законот на таа држава да се гласа надвор од дипломатско конзуларните претставништва. Веднаш сум подготвен да го поддржам тој закон. И ви давам збор дека пратеничката група на ВМРОДПМНЕ ќе го поддржи. Се она останато нема да го коментирам, иако можам да го коментирам што го кажавте, нема да го коментирам од чиста почит кон тоа дека, еве, сепак сте жена, дама и нема да навлегувам во таков тип на реторика која што се обидувате да ја наметнете. Но, ви давам збор, ако вие се усогласите во вашата коалиција, проширена, надградена или стеснета, ќе видиме, времето ќе покаже, ајде да изгласаме закон во кој што ќе имаме една изборна единица. Благодарам.

Сите пратенички прашања