Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Даути побара информации за договореното на лидерската средба

Резиме

Илире Даути побара од премиерот да каже што било разговарано и усогласено на лидерската средба за техничката влада и Изборниот законик. Таа рече дека нејзината група немала доволно информации и не сака да биде ставена пред свршен чин при одлучувањето за изборниот модел.

Премиерот одговори дека на средбата се разговарало за Законот за Влада, вклучително и за тоа дали ќе продолжи техничката влада, како и за можни модели на една изборна единица. Рече дека не сака да ги прераскажува деталите и ја упати Даути кај Али Ахмети, кој, според него, ја претставувал нејзината коалиција на средбата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илире Даути

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илире Даути, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Другото прашање кое сакам тука да го претставам е моја преокупација и на колегите од мојата парламентарна група е поврзано со движењето на другите значајни движења, политички движења и конкретно со тоа на Изборниот законик. Поради фактот што и јас и мојот колега Ељми сме дел од работната група која се реализира со помош на Министерството за права, и сме имале и други средби, вчера сме имале средба. Во меѓувреме, додека беше дебатата на Комисијата за политички систем, министерот Минчев кој беше тука присутен истакна, кога се работи за техничката влада, истакна дека овој е еден договор кој е во склад претходно направен со лидерите кои вие го одржавте пред неколку месеци. И фактички вие бевте организатор на таа средба. И јас сакам од ваша страна да ја слушнам вистината на разговорите и преговорите кои се направени на таа средба и дали нешто е усогласено, бидејќи и Законот за сејф сити кој беше се истакна дека е дел од таа средба и потоа, значи, се реализираше тука во Собранието. Потоа, едно вакво нешто настана. Се кажа и за техничката Влада. Значи, имаше еден договор. Ние како група на пратеници кои не сме политички претставени, иако сме пратеници од опозицијата не сме политички претставени ни во парламентарната група на парламентарното мнозинство, ниту тоа на Европскиот фронт, не сме имале доволни информации што реално се одвиваше во таа средба. Значи, се покажаа разговори на прес конференции, но ние сакаме да знаеме што реално се усогласи на таа средба и кој треба да биде и нашиот пристап и лично мојот пристап за Изборниот законик, поради фактот што, премиер, ние не сме ни најмалку заинтересирани да игра некој со интегритетот на пратеникот. Иако за Изборниот законик, или за слични теми, значи е усогласено претходно на таа лидерска средба, ние одговорите треба да ги знаеме и треба да знаеме, бидејќи ние не сакаме да ја прифатиме улогата на едни кукли, кои се присутни само за да дадат легитимитет на некој начин, на некој дијалог кој можеби ќе се донесе и со консензус и наеднаш да сме пред ситуација како што бевме вчера со укинување на техничката Влада, како што бевме со сејф сити и во слични ситуации. Затоа, за да знаеме кој е нашиот пристап, понатамошен пристап, бидејќи ние не треба да дозволиме ние да играте со интегритетот на пратениците и нешто да беше усогласено, договорено на таа средба и потоа значи да се одвива дека се одвиваат разговори и меѓувреме да дојдеме во ситуација да разбереме дека е прифатена изборна единица, еден неприфатлив модел. Од наша страна како пратеници, бидејќи значи добро сме ги увиделе последиците кои произлегуваат од последиците на Северна Македонија со една изборна.

Сме пресметале дека има не само губење на позициите како Албанци, претставувањето со бројки, но и за многу други причини кои ние сме ги кажале и сме ги јавно дискутирале. За сите овие имаат разбирање да се дискутираат од наша страна и од средбата која е Изборниот законик, ако од развојот на преговорите кои се тука од силата на аргументот ќе се земе одлука кој ќе биде прифатлив модел. И ова значи оправдано. Без разлика ние имаме наш пристап, некој друг има негов пристап, но меѓутоа не сакаме никако да сме дел од дебатата каде е само што одлучено и ние да имаме улога на кукла. Апсолутно не сме заинтересирани за ова прашање, бидејќи барам конкретен одговор и многу искрено од тоа што се одвиваше на таа средба. Благодарам. Дополнително: Премиере, не е тоа дека јас не ги знам процедурите, но јас видов дека не сакате да дадете одговор за второто прашање. Вие сам го потврдивте тоа дека со ова сакате да го затворите овој дел. Треба да бидете внимателен бидејќи вие сакавте да избегате од одговорот. Јас ви се обраќам вам. Вие бевте организатор на таа средба, вие ги повикавте претставниците на политичките партии и Македонци и Албанци во таа средба и затоа одговорот треба да го дадете вие. Не случајно јас во моето образложение кога кажав јас не сум дел во ниту една парламентарна група и не сум претставена од тие што ги повикавте на таа средба. Има неколку месеци, јас ова прашање не го поставила. Јас мислев дека после тоа надвор бевте коректни. На средбата на Комисијата за политички систем министерот кој што беше внатре Минчев рече дека темата и укинувањето на техничката Влада, се договорени со тие кои што биле присутни. Дали ме разбравте сега. Јас барам затоа што вашиот министер рече дека вие бидејќи бевте организатор и вие одлучивте кои ќе бидат присутни таму. Што има лошо во тоа јас да побарам одговор од вас. Сега вие ми велите дека треба јас да барам одговор некаде не друго место. Вие треба тука да ми дадете одговор што е дискутирано таму. Ако се прифатени работи кои што ги уценуваат правата на граѓаните Албанци и која е цената за тоа која е дадена, ако тоа се случува, вие сте премиер на сите. Вие не го почитувате легитимитетот на граѓаните Албанци, ако вака треба да биде однесувањето кон Албанците, мислам дека грешите. Значи ќе бидете запаметен како премиер, кој што работите не ги направил најдобро. Не го почитувавте легитимитетот и балансерот го ставивте на програмата, потоа го тргнавте балансерот, ја укинавте техничката влада. Каде сме сега, до каде сме постигнале. Сега сме до Изборниот законик. Затоа јас го поставувам прашањето како треба, вие сте должни да ми дадете одговор. Ако не сакате, зошто тоа е друго прашање. Немам дополнително прашање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Илире Даути, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Благодарам потпретседателке. Почитувана пратеничке после толку години стаж овдека мислев дека барем елементарната процедура ви е позната, мене овие две години колку толку ми стана позната. Јас сакав само да дадам одговор на второто ваше прашање, а второто ваше прашање се однесуваше што е зборувано на лидерската средба. Моето домашно воспитување или карактер не ми дозволува да прераскажувам работи што се зборувани. Ова вашата коалиција имаше претставник на таа лидерска средба, тоа беше господинот Али Ахмети. Најљубезно ве упатувам кон него да се обратите и да тој ви каже што е зборувано на таа лидерска средба. Дополнителен одговор: Ама ве молам сега, дозволете ми да одговорам. Сега вие ми поставивте прашање и уште од сега ви кажувам дека после тоа немате право на одговор дополнителен. Е, сега бидејќи ми поставивте дополнително прашање ќе се обидам да бидам прецизен во одговорот. Очекував дека до оваа ситуација ќе дојдеме, затоа ќе бев краток во тој првичниот одговор затоа што почувствував дека ќе има можност повеќе да се размавнам дека во овој обид. Јас како што се сеќавам пред неколку месеци вие тука лично застанавте во одбрана лидерот на вашата коалиција тоа е господинот Али Ахмети кој што ја претставува вашата коалиција и вие лично се боревте жестоко да тој биде тој кој што ќе ја претставува вашата коалиција во понатамошните разговори со Владата и ние во име на тоа, а имајќи предвид дека јас претставувам исто така една внатрешна коалиција во која има пратеници од други политички партии, го повикавме господинот Ахмети, го поканивме на таа лидерска средба заедно со претставниците од другите политички партии во Парламентот да разговараме за неколку теми. Да точно е една од темите беше и Законот за Влада, односно темата која што освен една политичка партија и коалиција предводена од опозициската СДСМ сите други се одзваа на таа лидерска средба дојдоа и една од темите, би рекол и прва беше Законот за Влада и тоа дали ќе имаме и понатаму ќе имаме техничка влада или нема да имаме техничка влада, а можам да кажам, а впрочем тоа и јас да не го кажам можете да вратите назад да ги слушнете изјавите од страна на учесниците на тој настан и ќе видите дека сите кои што излегоа и кои што дадоа изјава пред новинарите, не беше тоа така одамна, пред неколку месеци беше вклучително и лидерот на вашата коалиција, а тоа е Али Ахмети кажаа дека не треба да има повеќе техничка влада, не треба да има повеќе технички министри, заменици итн.

Инаку, да точно е се разговараше и за една изборна единица, една изборна единица со природен праг, една изборна единица со праг од 5%, па од 3%, па комбиниран модел, нешто мнозински, нешто пропорционален итн. Но убеден сум како што кажав и прееска дека претставникот на вашата коалиција ве има брифирано внатре во коалицијата за тоа што е разговарано на таа лидерска средба. Сега јас да не навлегувам во деталите исто така како што очекувам и другите учесници на таа лидерска средба да ги брифираат своите внатрешни коалиции и знам дека најголемиот дел од нив тоа и го сториле. Јас навистина жалам што навлегувате во една проблематика која што апсолутно нема никаква врска ниту со Македонците, ниту со Албанците, ниту си Србите, ниту со Власите, ниту со Турците, ниту со Ромите, ниту со Бошњаците, ниту со било кој граѓанин во оваа наша заедничка Македонија. Ја разбирам вашата потреба да се наметнете сега како група која се обидува да се профилира надвор од чадорот на Али Ахмети, ве разбирам, не можам да ве оправдам, се разбира, не можам да ве оправдам, но состојбата е таква да во овој момент многу тешко ви оди таа работа и колку и да се обидувате да ме напаѓате, да ми го ускратувате правото бидејќи сепак јас сум гостин овде. Ова е дом на пратениците, ваш дом, јас сум претседател на Владата и овде сум повикан да одговорам на вашите прашања иако еве се обидовте претходно да ми го одземете тоа право. Но еве го дочекав и тоа право да можам да дадам одговор на вашето прашање. Мојот одговор ќе заврши тука, нема долго да го одземам вашето внимание. Се надевам дека ќе извлечете поука од сето ова што се случува во изминативе две години и дека поинаку ќе се позиционирате односно како движење или политичка партија сега не можам да ги дефинирам односите. Но како и да е вие најдобро си знаете дали е движење или политичка партија ќе можете на консултивен начин да настапувате и на тој начин да добиете поддршка од граѓаните од сите етнички заедници кои што се граѓани во нашата заедничка Македонија, бидејќи да точно е јас сум претседател на Владата и така се однесувам како претседател на Владата кон сите етнички заедници кои што се граѓани во нашата заедничка Македонија. Така сум се однесувал, така се однесувам, и така ќе продолжам да се однесувам. Јас конкретно ве упатувам, уште еднаш на крај, кон Али Ахмети бидејќи тој ја претставуваше вашата коалиција да ви даде конкретен одговор што се разговараше на таа лидерска средба. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања