Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Даути бара појаснување за механизмите во законот за правична застапеност

Резиме

Илире Даути го праша премиерот како предлог-законот за соодветна и правична застапеност ќе ја уреди застапеноста во институциите, особено без етнички квоти. Таа побара појаснување за утврдувањето на застапеноста и за механизмите и мерките за спроведување, наведувајќи дека тие не ги наоѓа во членовите на предлог-законот.

Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека законот воспоставува рамка, а Владата треба со подзаконски акти да ги разработи критериумите и механизмите. Тој рече дека решението било подготвено со консултации и во согласност со препораките на Венецијанската комисија, чии оценки ги опиша како позитивни. Мицкоски ги отфрли како политизација обвинувањата дека Владата го укинала балансерот и рече дека новиот закон создава институционална рамка за спроведување на принципот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илире Даути

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илире Даути, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувани присутни, драги граѓани, премиер, почитувани министри, колеги пратеници, Прашањето на оваа седница за пратенички прашања јас ќе бидам должна на некој начин да ви се обратам вас, премиер, не дека јас ве избрав, туку ве избира природата на прашањето кое ќе го поставам. Се обидов долго време да го земам одговорот на тие што се под вас, ниту од првиот заменик премиер, кој што го поднесе Законот за правична и соодветна застапеност, од неговиот одговор дека не ги прифаќа амандманите ниту дава образложение. Значи, не го земав тој одговор ниту од вашите пратеници кои што се од мнозинството, затоа сум должна и можам да кажам дека прашањето вас ве одбра и затоа сакам да кажам дека секогаш кога имаме еден проблем, има неколку начини како може да стигнеме до решение, или како да стигнеме до одговорот дали сме до решението за проблемот. Значи, во конкретниот случај е природата на правичната и соодветната застапеност и многу е природно да се поставува такво прашање, бидејќи, зошто, како и не само за овој проблем, туку и за други проблеми, нормално е да се поставуваат овие прашања. Зошто има потреба за еден таков Предлог на закон кој што е наречен Закон за правична и соодветна застапеност, каде што ние сме дискутирале како политички субјект и како Алијанса на Албанците и сега како албанска лига, сме дискутирале балансерот да се дополни, или тие недостатоци на балансерот треба да се дополнат со закон за првична застапеност, со тие недостатоци кои што ги имаше балансерот. Со самиот факт дека Владата поднесе закон, на некој начин е формата, зошто и ние и вие, сите прифаќаме дека во Северна Македонија има дискриминација во вработувањата. Значи и затоа има потреба за да се преземат активности, во овој случај и со Предлог на закон што се однесува до правичната и соодветната застапеност. Тогаш, бидејќи со првото прашање сме во ред, зошто треба еден таков предлог на закон, на некој начин, на анонимен начин дека постои проблем во застапеноста во Северна Македонија, тогаш е природно да се обидеме да дадеме одговор на другото логично прашање кое што ќе биде следно. Што треба да се направи. Што треба да се направи како резултат на тоа зошто што постои. Нормално дека клучниот елемент треба да биде или главната цел да се даде одговор, што треба да биде да се елиминира нееднаквоста во вработувањето, бидејќи е констатирано дека постои. И овој проблем на незастапеноста во вработувањето не е од било кој карактер, туку е од технички карактер. И како последица, значи имаме потреба од еден таков предлог на закон. И како може да се направи ова, што треба да се преземе. Практично кажано, бидејќи се комплицира многу, ова ни укажува дека во вашиот владин кабинет 30% треба да бидат Албанци, 54% треба да бидат Македонци и другите етнички заедници. Значи, според овој редослед треба да е во сите институции, почнувајќи од Владата, од Претседателството, во Собранието, во судовите, во полиција, во одбраната и така натаму. Бидејќи сакаме да зборуваме за првична и соодветна застапеност, и Владата одлучува да донесе еден таков закон. И ние сите велиме дека, да, треба. Значи, ова е целта што треба да застапува законот за правична и соодветна застапеност. Но од друга страна, ако во случај не даваме одговор, тогаш да преминеме на третото прашање, како треба ова да го направиме. Во Предлог на законот, каде што вие сте го предложиле, јас не можам да го најдам одговорот на зборот, како. Бидејќи станува збор од етнички карактер, значи етничката квота треба да биде основата на Предлог на законот кој што е предложен. Ако дискриминирањето во вработувањето од етнички карактер, тогаш е многу значајно да се изнајдат механизми како ќе се направи идентификација во институциите за застапување. Колку е застапувањето или под застапувањето во различни институции, за да може после да се регулира ова прашање. И, како ќе се спречи злоупотребата. Ние направивме Предлог на закон кој што е во парламентарна процедура, каде што парламентарното мнозинство не се произнесе, ниту не даде глас ниту за, ниту против. Јас имам впечаток дека ниту го имаат прочитано законот. Ние мислевме дека ова прашање треба да се регулира помеѓу Заводот за статистика и според изразувањето кое ние сме го направиле во текот на пописот. Значи, сите тие недостатоци кои што ги имаше балансерот и претежно беа од структурен карактер, бидејќи бараше со бројки да бидат опфатени сите етникуми, но немаше одговорност за структурната работа. Затоа треба да се изнајде механизам како ова ќе се регулира. Овој Предлог на закон кој што е предложен од Владата, не дека го нема предвидено тоа како ќе биде предвидено структурното застапување и тој елемент со бројки го имаше балансерот. Овдека го немаме. Бидејќи овдека може да биде злоупотребено и изјаснувањето на припадноста и ние предвидовме во нашиот Предлог дека треба да имаат сертификат за етникумот каде што Заводот за статистика би им дал на граѓаните и да се потврди дека определено лице кое што конкурирало за одредено работно место, припаѓа на таа заедница. Мислам дека ќе дадете одговор на овие три прашања кои што се основните елементи за да се реши еден проблем, навистина ако имаме подготвеност. Треба да одговориме како и зошто. И јас се обидов да ги изнајдам овие одговори. Не можев да ги најдам. Ги прашавме колегите, но има едно молчење околу овој Предлог на законот и се однесуваат како да станува збор за некој закон кој што ќе важи за некоја друга планета, а не за да се реши едно основно правило на човекот како што е правото за вработување. Јас се чудам каков пристап имаат пратениците со јавноста. Тоа е нивна работа. Но, бидејќи немав одговор во парламентарна дебата каде што се одвива, јас би сакала, што мислите вие за овој закон кој што сте го предложиле. Како мислите дека треба да се реши оваа работа, ако нема етнички квоти. Како ќе се направи ова, ако не се предвидени механизми како ќе се прави идентификација колку е моменталниот број и кои се мерките, санкциите ако не се реализира правото за да бидат застапени сите заедници. Значи, сите овие што ги кажав, се во едно прашање, кажете ми премиер, кој е членот на Предлог на законот на владата каде што ни кажува како ќе биде направена правичната и соодветната застапеност, бидејќи на предлог законот во ниту еден од членовите, јас не можам да најдам како ќе се реши ова прашање. Благодарам. Прашањето го поставувам до претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

Влада на Република Северна Македонија КАНЦЕЛАРИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА

Дата: 30-07-2026 Архивски број: 08-1235/2 До: Претседател на Собрание на РСМ г.Африм Гаши Предмет: Доставување одговор на пратеничко прашање

Врска ваш бр.08-4396/2 од 01.07.2026 година

Почитуван,

Врз основа на член 43 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, во прилог Ви се доставува одговор од претседателот на Владата на Р.С.Македонија, на пратеничко прашање поставено на Сто и седмата седница на Собранието на РСМ одржана на 25 јуни 2026 година, од пратеникот Илире Даути.

Со почит,

Шеф на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Владимир Нелоски

Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје | www.vlada.mk | info@vlada.mk

Почитувана,

Со должно внимание го разгледав поставеното пратеничко прашање.

Би сакал да истакнам дека Владата уште од самиот почеток пристапи кон подготовката на Законот за соодветна и правична застапеност со висок степен на одговорност, почитувајќи ги уставните принципи, европските стандарди и потребата од градење долгорочни и одржливи институционални решенија.

Нашата определба не беше да носиме закон кој ќе биде резултат на моментални политички потреби, туку закон кој ќе обезбеди правна сигурност, ќе биде применлив во пракса и ќе ја гарантира еднаквоста на сите граѓани. Токму затоа, законското решение беше подготвувано внимателно, низ широк процес на консултации и во согласност со препораките на Венецијанската комисија, од која доби позитивни оценки. Тоа претставува дополнителна потврда дека Владата носи политики кои се темелат на владеење на правото, а не на политички импровизации.

Законот воспоставува јасна рамка, а во него е предвидена и обврската Владата да ги донесе подзаконските акти со кои детално ќе се разработат критериумите и механизмите за спроведување на принципот на соодветна и правична застапеност.

Убеден сум дека токму ваквиот пристап е единствениот исправен. Прашањата кои се однесуваат на меѓуетничките односи, еднаквите можности и функционирањето на институциите не смеат да бидат предмет на дневнополитички пресметки, туку треба да се градат врз широк политички и општествен консензус. Само така може да се обезбеди стабилен систем кој ќе биде одржлив и во иднина, без да создава правни дилеми или меѓуетнички тензии.

Во однос на јавните обвинувања дека Владата го укинала балансерот како инструмент за обезбедување на соодветна и правична застапеност, сметам дека станува збор за обиди за политизација на ова важно прашање. Особено ако се има предвид дека токму политичките субјекти кои денес ја критикуваат оваа реформа, во периодот кога беа дел од извршната власт донесоа владина заклучок со кој самите констатираа дека балансерот како инструмент го надминал своето време и дека е потребно воспоставување нов модел за обезбедување на соодветната и правична застапеност.

Разликата е во тоа што оваа Влада не се задоволи со констатација дека еден механизам повеќе не ги исполнува своите цели. Ние изработивме ново законско решение, засновано на Уставот, европските вредности и позитивните мислења на Венецијанската комисија, кое создава институционална рамка за правично, транспарентно и одржливо спроведување на принципот на соодветна и правична застапеност.

Тоа е суштинската разлика помеѓу политика што создава проблеми и политика што нуди системски решенија. Владата ќе продолжи да работи токму на тој начин, преку законски издржани, институционално одговорни и европски усогласени политики кои ја зајакнуваат довербата во институциите и обезбедуваат еднакви можности за сите граѓани.

Со почит, проф.д-р Христијан Мицкоски

Сите пратенички прашања