
Амар Мециновиќ
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Скопје ПРИМЕНО: 19.10.2026 Опр.Единица Број Прилог Вредност 08 6382/1 0
ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА г. АФРИМ ГАШИ
ОД: АМАР МЕЦИНОВИЌ – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА
Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република С. Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено
П Р А Т Е Н И Ч К О П Р А Ш А Њ Е ДО МИНИСТЕРОТ ЗА СПОРТ
ЗА: г. БОРКО РИСТОВСКИ - МИНИСТЕР ЗА СПОРТ
Почитуван министер,
Моето пратеничко прашање, проследено со потпрашања, до вас е:
1. „ Дали Министерството за спорт има преземено акции за развој на спортскиот туризам во Македонија со оглед на тоа што заедно со Министерството за спорт на Република Србија, и Република Црна Гора, имате потпишано меморандуми со кои се заложувате за развој на спортскиот туризам.?“
2. „ Што планира Министерството за спорт да преземе за заштита на планинарите на планинските патеки, со оглед на тоа што од последниот извештај на ДЗР е констатирано дека е потребно повеќе залагање за планинската заштита?“
Воедно, во однос на развојот на спортот, барам да ми одговорите и на следното прашање:
3. „ Дали е преземено нешто во овие 2 години постоење на Министерство за спорт за поголема интеграција на жени спортистки, жени тренери, спортски судии и воопшто спортски работнички? - Доколку да, какви акции и мерки се преземени? Дали жените што се ретки во одредени спортови се наградени на некаков начин од државата?“
4. „ Колку средства од Државна видеолотарија користи Министерството за спорт и за што точно ги применува тие пари?“
*** Барам овие пратенички прашања веднаш да ги доставите до функционерот на кој му се упатени и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.
С к о п ј е 19.10.2026 год.
ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: Амар Мециновиќ