О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Имрлије Салиу Фетаи, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Заменик министер за образование и наука Благодарам потпретседателе. Почитувани пратеници, почитувана пратеничка, во врска што се доставија прашањата, тие имаат еден недобар раритет за нашата држава во врска со намалувањето на бројот на ученици кои што се регистрирани во прво одделение и како резултат на ова Министерство треба да интервенираат со процесот на оптимизација за да ги намали и паралелките. За да бидеме подобро сфатени ќе направам еден опфат како е направен овој процес на оптимизација кои на многу начини се злоупотребува политички од страна на опозицијата за да придобијат некои политички поен. Иако многу пати кажувам дека партиите треба да тргнат рака од образованието и треба да биде образованието во целост не тактизирано. Во 2025/26 се регистрирани во целост негде околу 17 илјади 380, 16 илјади и 75 ученици од каде што доаѓаа, помалце илјада ученици помалце. Не значи дека имаме тренд на опаѓање на ученици, но ако ги анализираме некои шифри за 25 години понатаму ако не ги опфаќаме 3 или 4 години каде што имаме раст на бројот на учениците, другите години имаат опаѓачки тенденции. Ова не донесе до ситуација каде што ние треба да направиме оптимизација на паралелките и ова е дел од стратегија. Исто така што треба да биде стратегија за 2026-2032 е да се опфати целодневната настава и што со ова мислиме дека ќе биде позитивно во развивањето на процесот, образовниот процес и на учениците. Имаме илјада дваесет и три објекти од кои илјада и четиринаесет објекти. Значи вака, имаме забрзани чекори за отстапување на целодневна настава каде што е позитивна постапка и стратегијата ни дава повеќе време, ние ова го правиме побрзо и посигурно. Што се однесува до објектите на средните училишта од 109 објекти од средните училишта, на 37 од нив значи има настава на еднодневна настава или само една смена. Поради намалувањето на учениците на 26 училишта, имаме затворени училишта, бидејќи имаме мал број на ученици, кои што ќе го продолжат учењето кое што е во нивна близина. Не дека ние сакаме да ги затвораме тие училишта, туку таму нема ученици и вкупниот број на тие училишта кои што се празни или со мал број на ученици и таа бројка е 148. Затоа правиме оптимизација на училиштата, што подразбира дека имаме, нивното соединување за да бидат малку поголеми паралелки и да бидат дел од поголема група, да имаат подобра можност за социјализација и дружење меѓу себе и да се натпреваруваат во конкуренцијата. Секако дека и конкуренцијата е многу битна во образовниот процес. Секако дека имавме во неколку училишта, имавме со двајца ученици, значи тие паралелки се направени во една паралелка и ќе имаме сега 44 паралелки помалку или 222 во основното и над 200 во средното образование. Ова сакаат да го спомнат како колапс во образованието и како што реков и претходно. Значи ова една промена во интерес на учениците. Што се однесува до тоа дека наставниците треба да бидат загрижени, значи ниту еден наставник кои што е во редовен работен однос не е избркан од работа и нема да му се прекине неговото работно место. Значи, во една паралелка каде што имаме намалување на учениците, значи тој наставник кои што нема часови, тој ќе биде ангажиран во целодневната настава или значи, по обичен ден ќе помине со еден наставник, додека другиот дел од денот ќе помине со другиот наставник. Значи ова ни даде можност за да се одвива целодневната настава и помага во надминување на предизвиците кои што ги имаат учениците во едукативниот дел во училиштето и ќе имаат можност за активности и наставниците ќе имаат можност да имаат и дополнителни часови кои што ги имале како должности досега. Но поради тоа што досега имаше работа во две смени, ова не беше овозможено и поради недостиг на простор и редоследот, значи сите ученици сега поминуваат внатре во објектот и кога ќе си одат дома, значи нема да имаат должности околу училиштето и ќе можат да се, оставајќи ги настрана должностите кои што се однесуваат на образовниот процес. Ви благодарам.