Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Исмаил праша за безбедноста на патот кај концесијата за варовник

Резиме

Реџеп Исмаил праша дали пред преносот на концесијата за експлоатација на варовник кај Вртекица биле проверени условите на локалниот пат и соодветноста за тешки товарни возила. Тој предупреди дека камионите минуваат низ Пагаруша, покрај места каде што играат деца, и тврдеше дека транспортот може да ја загрози безбедноста и да го оштети патот. Побара институциите да ја проверат документацијата и состојбата на терен.

Министерката одговори дека при пренос на концесија треба да има сообраќајна согласност од општината и најави дека ќе провери дали е издадена. Рече дека министерството ќе испрати инспекција и дека ќе ги извести другите надлежни институции ако се утврди проблем поврзан со транспортот. Таа посочи дека патиштата не се во надлежност на министерството и дека при постапувањето се прибавуваат мислења и документација од други институции.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам. Јас ова прашање пред се ќе го упатам до министерот за внатрешни работи господинот Тошковски. Но, во случајов се поврзани и други министерства и институции. Особено Министерството за минерални суровини и Министерството за локална самоуправа. Има некој. Добро, може, може и енергетика да ми ги одговори овие прашања. Но, морам да кажам дека Министерството за внатрешни работи има одредени активности по однос на проблемов кој што сега ќе го претставам. Но, поради тоа што Тошковски не е тука, тука има дел и за Министерството за енергетика и минерални суровини кои што генерално се преклопуваат со ингеренциите во овој домен со Министерството за внатрешни работи. Имено, министерке се надевам дека т.е. сигурен сум дека знаете дека имате потпишано пренос на концесија за експлоатација на варовник во подрачјето на Вртекица. Тоа ви е од населба Драчево нагоре во падините на Китка, помеѓу селото Пагаруша и Вртекица има локалитет каде што се експлоатира руда варовник и ова е од договорот од 2012 година каде што прв пат Владата дава одобрение. Па, тогаш е надлежно Министерството за економија. Го зема некоја фирма, концесијата ја зема која што се вика „Гамер Д.О.О.Е.Л“, па ништо не се случува со варовникот и конечно на крај да дојде една друга фирма која што се вика „Еуро Марес“ мислам. И, која што бара пренос на концесијата и вие некаде на почеток на 2026 година, на оваа година ја потпишувате таа концесија. Со што и ги добива претходно сите дозволи кои што ги имал практично претходниот концесионер.

За експлоатација и особено многу важно тука, тоа за експлоатацијата се малку верувам по научно технолошки аспекти, па не би можел сега да ги изложам затоа што, има заштита на животна средина, водите, допрва ќе ги истражуваме тие работи. Но, тука има една многу важна и ургентна работа преку која што треба да се реагира, а тоа е како робата се транспортира од варовникот преку локалниот пат од Вартекици кој што поминува ни село Пагаруша, надолу до населба Драчево и после не знам каде оди. Но, тука е многу важно одредницата од локалниот пат кој што го поврзува Драчево со Горно Количани со Долно Количани и тука на средина на тој пат од Драчево до Количани. На средина на тој пат има една одломница која што е локален пат, кој што води до селото Пагаруша од таму продолжува до Вартекица и потоа до местото, локалитетот каде што се експлоатира овој варовник. Патот за кој што ви зборувам локален кој што е одломка од овој под ингеренции на Кисела Вода, овој е под ингеренции на општина Студеничани е пат кој што е направен во времето на Југославија. Од општината и државните други централни институции никогаш не е чепнат. Таму локалното население поточно населението на Вртекица и Пагаруша сами го одржуваат веќе 30 и нешто години, 40 години можам да кажам. Таму тие луѓе како да не постојат за општината и сега кога министерството и општина Студеничани имаат некаква корист која е банална. Во договорот кој што ќе го видите за пренос кој што вие го имате потпишано се бара за пренос некои таму 100 илјади денари, која што е смешна сума. Не знам колку друго од експлоатација, не знам и дали се уплатени но, не е важно тоа. Поважно е да се обезбеди безбедноста при транспортот на робата по патот. Значи, еден е проблемот што ова се тешки товарни возила, натоварени со тешка руда практично тоа се масивни камења, варовник кој што ги транспортираат. Пред да стигнат во локалитетот од каде зошто ја земаат робата. Поминуваат буквално низ средства селото односно, она што сите го викаме јурија во Пагаруша т.е. низ сите села се вика така, нели. Каде што децата играат буквално таму и камионите поминуваат буквално низ сред нивното игралиште. Значи, тоа има една огромна опасност за да се повреди дете некое таму, постар човек и слично. Друга работа е што тука тој пат не е предвидени ни за нормални возила, а камоли за толку тешки возила. Каде луѓето 40 години сами го одржуваат, сами го чистат, сами го крпат. Дополнително вие без да вложите ништо во тој пат давате одобрение за експлоатација на таа руда. Дополнително да ја нарушат безбедноста на патот и да ја нарушат самата состојба на тој пат. Тој пат ве уверувам дека доколку продолжи ова што се случува. Тој пат ќе стане буквално само за со велосипед. Луѓето од таму и од Вартекица и Количани секој ден одат деца во средно школо, одат луѓе на работа, луѓе патуваат по роднини и за ред други работи во населба Драчево и во Скопје. Патот нема никаква сигнализација, вие претпоставувам еве конкретно да ми одговорите. Дали кога сте потпишале пренос на таа концесија. Дали вие согласно член 6 од тој договор кој што вели дека: Треба да ги утврдите условите на патот, па да утврдите колку оштетување ќе настане на тој пат, па концесионерот е должен согласно тоа да ги обезбеди сите тие услови. Да го поправи патот, да се извршат инспекции колкава е оската на возилата. Колкава е тежината. Колку е навистина издржува тој пат. Дали вие сте ги информирале други институции, дали тие ги направиле тие проверки, па вие сте ги добиле тие извештаи и сте сигурни дека навистина се исполнети тие критериуми, тие услови и вие сте го потпишале преносот за експлоатација. Јас се обидов со информации од јавен карактер од општина Студеничани да ја прибавам дозволата за користење на патот. Општина Студеничани не издава ниту општински гласник, а не да одговори на информации од јавен карактер. Општина Студеничани од мои интерни информации го има издадено ова барање во 2014 година, кога е добиена таа концесија. И, вие претпоставувам дека министерке, со потпишување на преносот на концесија. Вие автоматски ова право за транспорт сте му го доделиле без да извршите никакви инспекции и проверки на патот заедно и со претпоставувам тука јавните патишта, Министерството за внатрешни работи и вие како потписник на тој договор како институција која што ќе се грижи за исполнување на договорените услови во тој договор. Жителите на Пагаруша и Вртекици неколку пати пробаа да протестираат, се соочени со разни закани, дури и полицајците на Тошковски доаѓаат во име на инвеститорот да ги убедуваат дека не смеат да протестираат. Тоа мислам дека не е во ред, затоа ве повикувам да ги истражите уште еднаш, да ги пуштите сите инспекции, да ги прибавите сите документации и да видите дали навистина по тој пат може да поминуваат такви тешки товарни возила. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Благодарам потпретседателе. Ви благодарам на прашањето. Ние кога се основавме како министерство направивме ревизија и имаме утврден плат за проверка на сите концесии. До сега имаме одземено над 40 концесии, што значи повеќе од 10% од концесиите ги имаме одземено заради не регуларности. Во исто време ги зголемивме и концесиските надоместоци за 100%, тоа значи дека за општините ќе има повеќе пари и тие пари треба да се потрошат за инфраструктура и за се што е потребно на општината. Случајот што го кажавте, не можам да ги знам деталите на сите 400 концесии, меѓутоа кога се прави пренос треба да има сообраќајна согласност од општината. Претпоставувам дека има, уште по завршување на пратеничките прашања ќе се јавам во инспекторатот. Ќе го истражам случајот и ќе ве контактираме, а секако ќе видиме што се случува со патот. Наша ингеренција и немаме ние никаква надлежност за патишта. Дали поминуваат камиони, значи има тука елаборат што се доставува кај нас и сите документи што се според Закон. Имаме секако записник и тука ние добиваме мислења од различни институции, значи ние сами ништо не издаваме никогаш. Ги контактираме и министерство за транспорт и Министерството за животна средина и просторно планирање. Тука се и елаборати што значи дека ние сами ништо на наша рака не правиме. Но, меѓутоа како што кажав, според договорот за пренос треба да има сообраќајна согласност од општината. Тоа ќе го провериме, а во исто време ќе испратиме еве и тука кажувам. Ќе испратиме инспекција за да видиме што се случува на терен. Нашата инспекција ќе ја испратиме од министерството значи Државниот инспекторат. Ако се воочи нешто што е поврзано за транспорт, а не е наша ингеренција, ние по автоматизам ќе ги алармираме останатите институции, за да видиме што се случува. Се дека ви одговорив на прашањето. Благодарам.

Сите пратенички прашања