
Арбана Пашоли
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 3 ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 14 октомври 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Интеграцијата во Европската Унија останува едно од најзначајните стратешки објективи на Република Северна Македонија, значи едно државно определување, поддржана во текот на годините во целото општество, каде што нашата држава инвестираше многу и донесе многу одлуки кои што беа тешки. Повеќе од две децении граѓаните ја подржуваат перспективата верувајќи дека овој процес ќе донесе подемократскиинституции, економски развој и подобар стандард за живеење. Но денеска после овие години треба да имаме политичка храброст и одговорност да поставуваме прашања, каде се наоѓаме реално во процесот на интеграцијата, што сме постигнале и што ни пречи во ова унапредување. Над се, дали има конкретна стратегија за да излеземе од ситуацијата во која се наоѓаме. Северна Македонија доби статус кандидат во 2005 година. Во јули 2022 година се одржа првата меѓу владина конференција со Европската Унија, додека процесот на скрининг заврши во декември 2023 година. Но, и денеска во октомври 2026 година нашата држава не постигна да ги отвори поглавјата. Ова е реалност каде што не може да се запоставува за посветеноста кон Европската Унија. Во јули оваа година во текот на седницата на Националниот совет за евроинтеграции и во присуство на амбасадорот на Европската Унија јас истакнав дека процесот на интеграција бара над се политичка искреност и одговорност. Граѓаните имаат за право да ја знаат вистината за пречките кои што постојат и за реални можности за нивно надминување. Исто така изразив загриженост дека процесот е речиси
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 3 невозможен во овој случај кога доаѓаме од одговорните институции, значи овде имаме недоверба на граѓаните и ова вознемирување, ова јас го потегнав исто така во септември, но Мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и Европска Унија барајќи јасен план и транспарентност за исполнување на должностите кои што излегуваат од процесот за преговарање. Последните случувања исто така бараат еден таков одговор од Владата, на 2 октомври, фон дер Лајен во текот на нејзината посета, исто така ја спомна европската перспектива на Македонија, но нејзината порака беше многу јасна, дека има еден чекор каде што нашата држава треба да ја направи за да може да се отворат преговорите. Фон дер Лајен истакна дека актуелната ситуација и Северна Македонија треба да ја искористи оваа прилика, бидејќи оваа порака е многу значајна бидејќи треба да се заврши оваа работа. Но во јавноста не резултира дека не е сменет условот кој што се однесува на определбите што се однесуваат на условите од 2022 година. Владата од друга страна инсистира на обезбедување на дополнителни гаранции за уставни измени. После посетата на фон дер Лајен на 8 октомври министерот за надворешна работа и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба во Софија. Од јавните изјави после средбата се изјави дека разговорите биле конструктивни и дека страните ќе продолжат со дијалогот. Но, само министерот Муцунски прифати дека ставовите на двете држави продолжуваат да бидат многу оддалечени и не е постигнат договор. Во меѓувреме бугарската страна, значи остануваат условите од 2022 година и нема промена и побара рок каде што Северна Македонија треба да ги изврши нивните должности. Ова не следува на една такваситуација каде што од една страна, Европската Унија, бара исполнување на условите, додека од друга страна Бугарија потврдува дека нема промени во ставовите. Додека нашата Влада бара дополнителна гаранција. Тогаш господине премиер вие сте должни да им кажете на граѓаните каде е реалната можност за деблокирање на оваа
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 3 од 3 ситуација. Европската интеграција не е одговорност само на една политичка партија или на еден владин мандат. Но, одлуките ќе бидат долгорочни за идните генерации. Затоа од оваа причина Собранието треба да има една по содржинска улога и опозицијата треба да биде информирана и да биде опфатена на работите кои што бараат широк консензус. Ние како опозиција сме ја поддржале интеграција, европската интеграција, но нашата поддршка не подразбира откажување од одговорноста за да се бара отчетност од Владата. Од друга страна што е значајно да биде една државна објективност, значи треба и одговорноста да биде поголема како тоа се менаџира. Имајќи ги во предвид пораките на комесарот од Европската Унија и резултатите од средбата на министерот Муцунски, бараме од вас да ни објасните која е конкретната стратегија за деблокирање на ситуацијата околу преговорите со Европската Унија. Дали имате обезбедено некоја гаранција од Европската Унија или од бугарската страна за да ја овозможи промената на актуелната состојба. Ако не, кои се очекувањата и кој е рокот каде што предвидувате дека Северна Македонија треба да преземе следен чекор во преговорите. Дали сте подготвени дека оваа Стратегија заедно со објективите и роковите да биде објавен и предложен пред Собранието и да имаме дебата во Собранието и на заедничката одговорност која што ќе биде институционална. Ценам дека нашите граѓани повеќе од 20 години со статус кандидат заслужуваат повеќе, отколку изјавите за кои што ни се даваат за Европската Унија. Нашите граѓани заслужуваат да знаат што се случува денеска, што може да се очекува утре и колку време ќе треба да очекуваме за конкретно унапредување.