
Халил Снопче
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање е за здравство. Господине министер, во врска со ситуацијата и проблемите кои што беа во Гостивар со питката вода, сакаме еднашка и за секогаш да расчистиме неколку дилеми бидејќи имаше многу шпекулации, разни шпекулации. И според некои статистички и извештаи на повисоките функции, дека за случајот во Гостивар со питката вода порталите, медиумите итн., известија дека двојно известија од колку со трагедијата во Кочани каде што 63 души го изгубија животот и уште до ден денес се соочуваат со тие последици. Поради овој факт како проблемот. Значи, многу беше покриен од медиумите и значи ова се имаме двоумење за политизација на оваа ситуација. Сакаме да расчистиме една дилема, вие да дадете неколку одговори. Едно просто прашање, директно прашање господин министер. Дали имаше бактерии во примероците од кои што од питката вода. Дали од чешмите каде што дали е констатирано и дали имаше бактерија. Ова е многу значајно, бидејќи според информациите кои што ги земавме, значи пумпите ставени на 14 јуни. И според Институтот за јавно здравје според анализите после 2 недели на 28 јуни. Значи, питката вода резунтираше, значи водата беше питка немаше проблем. На 13 јули според информациите питката вода можеше да се пие и следните чекори и мерките кои што беа од обвинителството беа преземени на 17 јули. И 3, 4 пати значи, од сите мостри беше само во една чешма имаше бактерија. Значи, беше три пати помала од колку во чешмата во болницата во Лешок. Значи, се овие официјални информации. И според информацијата од Јавно здравје по завршување на епидемијата. И податоците од статистиката ни кажуваат дека се евидентирани на 1400 лица од ентерофолити. Значи, од вирусот на стомак, значи уште еднашка ќе повторам, значи вирусот стомак нигде не се вели дека имаше бактерии. Значи, во про културата на пациентите кои што побара лекарска помош имаше бактерии или не. Затоа ние сега сме во двоумење околу оваа работа. Значи, граѓаните немаат доволни информации. Уште повеќе во тоа време се прокламираше дека имаше информации дека се 5 илјади лица дека Институтот за јавно здравје имаше 1149 лица. Дали министерството има статистика колку лица, колку болни имаше во вироза во Скопје, Тетово и Битола и значи да ја тргнеме малку оваа паника која што беше меѓу граѓаните. Секако дека како што велев дека два пати повеќе имаше информации од Гостивар од колку за случајот на Кочани, да не даде господ да се повтори. Ве молам ова да се објасни.