Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Спасовски прашува за надзор на ископот во Шупљи Камен

Резиме

Оливер Спасовски го прашува Министерството за животна средина и просторно планирање дали Инспекторатот за животна средина извршил увид во ископот на песок при уредување на речното корито во Шупљи Камен и какви се заклучоците. Тој наведува дека жителите пријавуваат насобран материјал покрај реката и тврдат дека ископот ги намалува подземните води, а некои бунари пресушиле. Спасовски прашува дали се исполнети условите за уредување на коритото и заштита на животната средина.

Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Оливер Спасовски

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 2 ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 14 октомври 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање кое што сакам да го поставам, исто така се однесува на кумановскиот регион, односно се однесува точно на ископ на песок во селото Шупљи Камен. Според информации кои што ги имам и ги добив од населението, има доставено писма до повеќе институции меѓу кои писмо и до Министерството за животна средина и просторно планирање, како писмо кое што е доставено лично до вас како министер. Исто така доставено писмо и до Државен инспекторат за животна средина, доставено е писмо до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, господинот Борче Серафимовски, во однос на состојбата која што се случува ископ на песок преку уредување на речното корито во ова населено место. Луѓето одржаа и протести, мислам еден или два за кое што известуваа, последното известување е на 26.09, значи за вториот протест во кое што го изнесуваат и градоначалникот и СВР Куманово за состојбите кои што се во селото. Ова се исто така некои фотографии, кога ќе видете како се уредува речното корито, таму имаодредени места до 5 метри има наталожено од страната песок и друг материјал кои што оневозможува или прекинува преминување од едната страна на другата страна на реката. Тука имаат сериозен проблем и жителите од село Зубовце. Најважно е што со ископот и вдлабнување на речното корито се повлекуваат и подземните води. Многу од бунарите во ова село се веќе пресушени, негде на минимум е сведена и каптажата која што го снабдува селото во водоснабдување. Имаат околу еден метар веќе вода во оваа каптажа. Луѓето разговараат и со градоначалникот, градоначалникот им рекол,

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 2 дајте да се стрпиме, да ги оставиме уште неколку дена да завршат да прават ископ, понатаму ќе се среди работата, при што ја повикал и според мои информации и директорката на Инспекторатот за заштита на животна средина. Ме интересира, дали имаме извештај од извршен увид од страна на Инспекторатот за заштита на животна средина. Кои се заклучоците и дали навистина се исполнети условите така како што треба за остварување на ова што практично го кажуваат граѓаните, а тоа е да се уреди речното корито, меѓутоа да се сочува животната средина. Прашањето го поставувам до министерот за животна средина и просторно планирање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања