
Борче Цветков
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Борче Цветков, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер, несериозните мерки на власта за осум месеци, ги доведе граѓаните до работ на егзистенционален колапс. Секоја ваша нова мерка за наводна заштита на стандардот на граѓаните, не само што е задоцнета, туку и нема допир со реалноста и со она што значи вистинска потреба за граѓаните. Осум месеци водевте инает и не прифаќавте туѓи предлози како да се справите со предизвикот на високите цени на прехранбените производи. ветувавте подобар живот за граѓаните, ветувавте грижа за сѐ, но ништо не направивте. Ги оставивте граѓаните сами да се снаоѓаат и да си го решаваат проблемот. Да ги бојкотираат маркетите во услови кога од тој што треба т.е од власта не добија никаква помош. Да биде апсурдот уште поголем поддржавте и бојкот на маркетите с со тоа ни признавте неуспех на вашите политики. Вашата најнова мерка за замрзнување на маржите донесена под притисок на јавноста е истата онаа мерка која што сегашната позиција гласно ја критикуваше велејќи дека не дава ефект. Но, сега од перспектива во состојба на безидејност моравте да прикажете дека нешто работите. Па, најлесно ви беше да ја ископирате мерката од 2022 година. Министре, и оваа мерка во дадениот ви е задоцнета. Парцијална и ќе даде минорни и не целосни ефекти кои нема драстично да ги почитуваат граѓаните. Потрошувачката кошничка нема да биде кој знае колку поевтина и оваа мерка нема да го санира и веќе оштетениот семеен буџет. Знаете зошто? Затоа што, со претходните мерки вие веќе дозволивте цените да достигнат плафон а дополнително платите да не пораснат. Предлагате маркетите да ги објавуваат цените на нивните веб сајтови а граѓаните сами да ги споредуваат. Каква корист имаат граѓаните од тоа? Еве објаснете како тоа ќе влијае на потрошувачката кошничка. Оваа Влада за 8 месеци не понуди ниту една успешна економска мерка наместо конкретни решенија нудите рецепти за експерименти кои граѓаните скапо ги плаќаат. Во јануари годинава потрошувачката кошничка достигна 63 илјади 252 денари. Што е пораз скоро од 400,00 денари месечно а во споредба со јануари 2024 година зголемувањето е за цели 6 илјади денари. Не го прифативте предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на прехранбените производи, решение со кое реално ќе се намалат цените. Не го прифативте ниту предлогот за раст на минималната плата, останавте глуви за предлозите кои се од интерес на граѓаните. Од тука министре, моето прашање до вас е: Кој ќе преземе одговорност за штетата што им е нанесена на граѓаните?