Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Бојковска праша за претставката за мигрантската резолуција и системот „Безбеден град“

Резиме

Пратеничката Драгана Бојковска го праша премиерот како ја коментира претставката на СДСМ до Уставниот суд за собраниската резолуција за мигрантите. Премиерот рече дека не слушнал за таква практика и дека според него расправата за резолуцијата требало да се води во Собранието. Тој ги отфрли тврдењата за договорено населување мигранти како невистинити и ја поздрави резолуцијата.

Во дополнителното прашање Бојковска побара процена за официјалната примена на „Безбеден град“ од 1 февруари 2026 година и за проширување на системот. Министерот за внатрешни работи рече дека се очекува примена во Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10, а во текот на 2026 година и во останатите градови. Тој наведе дека бројот на третирани пациенти во Клиниката за трауматологија е намален за околу 20% во споредба со претходниот период.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Драгана Бојковска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Драгана Бојковска, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван претседателе, моето трето прашање се однесува по однос на шпекулациите и лажните вести кои што ги истакнуваа Социјалдемократски сојуз периодот и ценам дека треба да се обрне големо внимание на истото бидејќи се работи за огромно сеење на лажни вести. Тие ве обвинуваат дека сте договориле населување на мигранти а потоа велеа дека ќе поднесат и Резолуција за да ве спречат. Но, не го сторија тоа. Како пратеничка група на ВМРО - ДПМНЕ со коалицијата поднесовме Резолуција која е усвоена во Собранието. Дури и поостра и со по заштитнички одредби кои се однесуваат на спречување на илегалната миграција. Со усвоената Резолуција која впрочем морам да нагласам дека единствената поднесена Резолуција во Собранието која се однесува на оваа тема јасно се укажува дека ниту се планира ниту ќе се дозволи населување на мигранти. Имено, и вие ги повикавте од СДСМ да ја поддржат Резолуцијата на ВМРО - ДПМНЕ а потоа дадовте збор дека вие ќе ја поддржите нивната. Но, тоа не се случи бидејќи во Собранието не пристигна никаква Резолуција од нивна страна. Не пристигна никаква Резолуција, ги немаше ни присутни во Собранието да учествуваат во расправата за Резолуцијата или да поднесат амандмани за евентуални измени. Тоа е одлика на СДСМ да расфрла пердуви во јавност и да шири лажни вести за да сее страв кај граѓаните. Но, нашите граѓани се мудри и лесно ги препознаваат лагите на распаднатата СДСМ која очигледно е во очајна на рејтингот на Филипче кој според последната анкета на ИПИС е пет пати помал од вашиот рејтинг кај граѓаните. Не поднесоа Резолуција во Собрание како што најавуваа но, поднесоа претставка до Уставен суд за усвоената Резолуција за мигрантите. Па, од тука би сакала да ве прашам: Како ја коментирате оваа претставка на СДСМ до Уставниот суд за донесената Резолуција за мигрантите. Ако како пратеници подносители на Резолуцијата стоиме зад ставот дека во насока да се осудат манипулациите и лажните вести кои ги предизвикуваат со ширење на страв и паника меѓу граѓаните кои предизвикуваат чувство на небезбедност. Ви благодарам. Дополнително прашање: Благодарам потпретседателе. Благодарам почитуван премиер на одговорот. Задоволна сум од одговорот, тука како пратеник кој што исто така ја поддржа резолуцијата на ВМРО ДПМНЕ и кој што ова Собрание ја усвои и ја поддржа. Би истакнала дека ние не наидовме на ниту еден момент во кои што се соочуваме со пратениците од опозицијата. За аргументите за или против оваа резолуција. Според мене работата на пратениците е тука во Собранието, не е надвор пред некаква институција за да снимаат рилсови или видеа тука. Тука во Собрание суштинската дебата. И често имам сомнеж дали некој го мести Филипче во СДСМ, а често знам да кажам и дека тука меѓу пратениците имам чувство дека некој со некого се мести. Особено кога се работи за чувствителна тема како безбедност на граѓаните. Ценам дека е навистина небулозно и навистина лицемерно да се отвораат овие прашања. Но, дилемите се расчистени по однос на вакви нелегални мигранти. Нема да има, ниту пак оваа Влада не размислува да прима по било која основа. Кога се работи за безбедноста на граѓаните логично ми доаѓа уште едно прашање да го отвориме пред македонската јавност. А тоа е оној проект кои што го имаме со безбеден град или сејф сити кој што ценам дека ќе обезбеди освен спречување на сообраќајни незгоди и намалување на сообраќајните несреќи, ќе ја зголеми дополнително безбедноста на нашите граѓани. Започнат е пробниот период од воведување на системот на безбеден град и постои јасен позитивен сигнал бидејќи бројот на пациенти донесени на клиниката за трауматологија е намален за околу 20%. И овој резултат според мене е потврда дека дигиталната трансформација на системот за безбеден град може да биде вклучен од едни од оние механизми за враќање на редот и дисциплината во сообраќајот. Што е очекувано да дојде до значително намалување на бројот на повредени и загинати на патишта, нешто што е значително за нас да ги намалиме бројот на загинати на починати лица кој што се последица на вакви сообраќајни несреќи. Па почитуван премиер во контекст на овие позитивни индикатори кои се вашите очекувања од официјалната примена на безбеден град од 1 февруари 2026 година. Особено кога ќе се активираат казните и ќе се прошири спектарот на прекршоци кој ќе се следат со системот. И дали планирате имплементација на безбеден град и за други градови и општини низ државата. Не само во Скопје. со цел оваа добра практика да стане стандарден дел од јавната безбедност и кај нашите сограѓани во целата држава. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Драгана Бојковска, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 декември 2025 година Благодарам потпретседателе. Поврзано со темата мигранти почитувана пратеничке, многу пати коментиравме и во јавноста дека е апсолутна лага и конструкција дека било кога сме разговарале воопшто на оваа тема. Во процесот на постигнување на договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. И кампањата која што ја правеше опозицијата да бидам по прецизен СДСМ, не само што е невистинита туку мислам дека имаше за цел да растури перзови и по принципот дека насловот е важен, луѓето читаат само наслов, па ќе го прочитаат насловот пола ќе веруваат пола нема да веруваат. Добро е, таа половина што ќе веруваат да биде наша. Додека таа е филозофијата и пијар трикот кој што мислат дека ќе го направат. Што мислам дека е игра не на краток рок туку игра на уназадување. Затоа што ако некој пледира да биде сериозна политичка опција тогаш треба да има и сериозни позиции. Ова не се сериозни позиции ова се би рекол политички гимнастики кои што немаат апсолутно никаква врска со темава. И повторно ќе кажам денеска сме 25 декември за 6 дена е нова година, заврши паузата, камерите можат да ја снимаат салата во делот на опозицијата. Ден кога треба да имаме пратенички прашања, ден кога опозицијата треба да ја прашува Владата да видат на што личат столиците во кои што седат народни избраници кои што месечно ги коштаат народните избраници во зависност помеѓу две и три илјади евра. Да погледаат како си ја заработуваат платата. Ама целата, има еден до душа од опозицијата кој што е тука присутен. Додуша тој со невладини организации се занимава. Е ова е сликата на македонската опозиција денеска. Да видат граѓаните кои утре да биде Влада во Македонија. Тоа е многу важно. Да се вратиме сега на темата бидејќи јавноста следи опозицијата не мора да следи тие се или во бифе или некаде воопшто не ни дошле во Собрание денес. Но, бидејќи јавноста следи јас би сакал да се обратам до јавноста дека, да бидат спокојни се додека оваа Влада не легална, легална миграција, миграција како резултат на пропаднати апликации за барање азил, како резултат на некакви си договори, не знам какви. Нема да има. И тоа се гледа. Еве тие прво беа исплашени да не им направиме брзи предвремени парламентарни избори на пролет. Ние им рековме, ние сме сериозна Влада, сериозни политичари и покрај тоа што е наш интерес да организираме предвремени парламентарни избори, ние тоа нема да го направиме. Затоа што следната година е година полна со предизвици и во таа година имаме многу работи кои што треба да ги решаваме. И ќе ги решаваме. И затоа најверојатно како што стојат работите ќе си одиме на редовни парламентарни избори 2028 година. Од како им се разби таа лажна теза потоа од март, април дека ќе имале мигрантиве доаѓале, готово се било договорено. Ја префрлија работата до јуни, сфатија дека повторно отидоа во длабокото, некој ги однесе таму. Па викаат сега во јуни, еве ќе дојдат и март и април ќе поминат мигранти ќе нема, ќе дојде и јуни пак ќе нема мигранти. И тогаш што правиме? И после на следните избори од прилика на тоа се сведува целата оваа состојба. Јас сакам да ја поздравам резолуцијата која што македонското Собрание ја донесе. Со која јасно и на двосмислено се става крај на оваа измислена тема. Се става крај на темата мигранти. Ги потврдува политиките на Владата, а политиките на Владата ги потврдија граѓаните на локалните избори кои што се случија пред неколку недели. Оваа Влада, како ретко која Влада од независноста до денес има обврска да ги штити интересите на граѓаните бидејќи можеби има во историска смисла најголема доверба. И затоа мораме да се однесуваме одговорно колку и да имаме работа со не одговорна опозиција. Опозиција која што води политика како златна рипка, денес до утре. Од прилика таква е политиката. Денеска ќе кажеме ќе ги растураме пердувите па ќе видиме што ќе се случи. Политика која што добива лекција од чатџибити од прилика така би му дошло. Затоа ја поздравувам резолуцијата, јас јасно кажав тогаш, ајде да ја подржиме нашата потоа. Мислам нашата на мнозинството во парламентот, а потоа ќе подржиме резолуцијата со која што мавташе опозицијата на таа тема. Видовме дека тие не се охрабрија, не ја подржаа резолуцијата на мнозинството. Иако ние еве со затворени очи рековме иако не ја видовме никогаш не сум ја видел таа резолуција. Не знам дали вие сте ја виделе. Мислам дека не е влезена во собраниска процедура. Иако ние рековме еве. Но, тоа беше тема од 4,5 дена и во ред, таа тема предизвика внимание мораме да признаеме. Колку и да беше таа тема лажна таа тема предизвика внимание иако беше целта неколку дена да се тргне вниманието од состојбите во СДСМ, изборот на новиот извршен одбор итн. Таа си ја заврши својата задача. Односно фокусот се насочи кон темата мигранти наместо кон брилијантните кадровски решенија кој што ги има новиот извршен одбор на СДСМ. Кој што морам да бидам како да кажам, внимателен и сите треба да бидеме внимателни и треба така со внимателност да се однесуваме. Не смееме да оставиме ништо да биде импровизирано. Би сакал исто така да ја прокоментирам и процедурата пред уставниот суд, односно претставката која што ја поднесе СДСМ за резолуцијата која што ја усвои мнозинството во парламентот. Јас навистина до сега не сум слушнал ваква пракса во светот. Мислам, јас разбирам да имаме некаков закон, под законски акт итн. Додека некој резолуција оспорува пред Уставен суд делува малку, морате да признаете чудно. Нејќам да бидам строг за да не повторно бидам обвинет како Ванчо Михаловист, така бев обвинет денеска. Но, морам да признам дека делува малку чудно, еве во името на слободата на говорот ќе се воздржам да дадам било каков друг коментар. Само ќе кажам дека, мислам дека местото не е таму. Мислам дека местото е овде. Но, за жал нивното место е празно. Тука се прави таа дебата, тука се бранат аргументите, тука граѓаните следат. Но, како што можат да видат граѓаните овие места на опозицијата се празни. И затоа утре кога ќе зборуваат за интересите на граѓаните, за стандардот на граѓаните, за подобра држава, за конкретни решенија. Додуша за конкретни решенија не ни зборуваат пошто нема што да понудат. Треба само оваа слика да ја видат граѓаните. Денеска на пратенички прашања, еве ова е сликата на опозицијата.

Дополнителен одговор: Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Благодарам потпретседателе. Благодарам на прашањето. Прва круцијална и мислам дека најважна цел со имплементирање на овој проект е заштита на граѓаните во Македонија. Колку што е можно повеќе зачувување на човечки животи. Човечкиот живот нема цена, тоа мислам дека ќе се согласиме сите овде присутни во салата. И поради тоа имплементирањето на овој проект е од суштинско значење за секој еден македонски граѓанин. На жалост, многу пати сум кажал до сега, но сметам дека овде во рамки на овој храм особено е потребно да се потенцира тоа. Бројот на човечки жртви кои што ги имаме изминативе 15-на години е катастрофален. Односно имаме негде од прилика околу 145 човечки жртви секоја година. И тоа е ужасно особено од аспект на компаративно гледиште со земјите членки на Европската Унија. Тие се далеку подобри статистички гледано во овој дел. И на жалост мораме да си признаеме дека вака испаѓа дека човечкиот живот во Македонија е многу по потценет од колку човечкиот живот особено во Скандинавските земји. Особено ако имаме предвид дека на милион жители во Скандинавските земји имаме негде околу 20- на жртви годишно, а во Македонија негде од прилика околу 80. Значи сме катастрофални. И сметам дека вие како пратеници и те како може да одиграте клучна улога во рамки на имплементирањето на овој проект во иднина. Особено од аспект на поддршка од страна на 2/3 од пратениците во делот на прекршочниот закон. Односно законот за прекршоци кој што е клучен за да можеме да влеземе во финална имплементација на овој проект. Резултатите кој што до сега се увидени и те како се позитивни. Јас би сакал од оваа говорница да упатам огромна благодарност до македонските граѓани заради тие со кои што спасија човечки животи во изминатиов период. Имајќи предвид намалувањето на бројките кои што како тешки случаи се пристигнати во рамки на Клиничкиот центар во Клиниката за трауматологија и од аспект на задржани тешки пациенти на понатамошно лекување на Клиниката за трауматологија. Согласно информациите кои што ги имам добиено за овој временски период во споредба со претходниот временски период некаде од прилика 20%, она што го кажавте е точно, е намален вкупниот број на третирани пациенти во рамки на оваа клиника што е те како многу добар предзнак за резултатот кој што треба да го даде имплементирањето на овој проект. Тоа е буквално заслуга на секој еден македонски граѓанин кој што е дел како учесник во рамки на сообраќајот, особено оние кои што управуваат моторни возила. Заради тоа што познат факт е во изминатиов период од отпочнување на овој проект е дека македонските граѓани и покрај тоа што знаат дека казните кои што ќе бидат испорачани до нив во овој временски период претставуваат само опомена без ефективна реализација, значи буквално кажано немаме казни како парични казни или било какви други казни за оние прекршоци кои што се детектираат од страна на системот имаме само опомени и покрај тоа граѓаните и те како го имаат забавено управувањето на моторните возила, а тоа пак довело до резултат кој што на крајот го гледаме како намалување на пациенти на Клиниката за трауматологија и тоа е заслуга на македонските граѓани. Покажавме дека како нација сме спремни да одговориме на ваков тип на предизвици и при тоа да имплементираме вистина еден европски проект кој што слободно можам да констатирам дека го има скоро во секоја земја членка на Европската Унија, а се со цел да ја заштитиме безбедноста на нашите граѓани и се со цел да имаме колку што е можно помалку жртви на сообраќајни незгоди. Резултатите кои што се очекуваат од овој проект во иднина навистина сметам дека имајќи во предвид овие предвесници на она кое што би требало да следи во иднина, сметам дека ќе бидат многу позитивни и сметам дека освен што ќе влијаеме позитивно на зачувување на човечки животи и те како ќе влијаеме позитивно и на Буџетот на македонските граѓани. Зошто, заради тоа што трошоците кои што ги чинат македонските граѓани имајќи ги предвид сите оние трошоци кои што произлегуваат од сторени сообраќајни незгоди согласно една експертиза на наши стручњаци која што имав прилика да ја видам изминатиов период, во 2023 година биле некаде околу 400 милиони евра. Тоа е средна анализа на земени трошоци согласно две методологии кои што се применети. Во едната методологија анализата е некаде околу 450 милиони евра во 2023 година, во другата е некаде од прилика е 380, средна вредност е земена некаде околу 410 милиони евра трошоци настанати како последица на сообраќајни незгоди во 2023 година во Македонија, што е пак ќе повторам катастрофална сума, вкупна сума која што македонските граѓани ја издвојуваат за да ги подмират овие трошоци кои што настануваат како последица на непочитување на сообраќајни правила повторно. Така што имплементацијата на овој проект е особено значајна особено во најголемиот град, значи во Скопје и согласно и претходните планови на претходната Влада кои што го имала на жалост не ги имплементирала, но и тогаш било планирано овој проект да се имплементира Скопје, Куманово и Тетово во прва фаза, ние го додадовме во изминатиов период заклучно со 01.02.2026 година како црни точки кои што сметавме дека мора да бидат вклучени и Коридор 8 и Коридор 10. Така да од 01.02.2026 година се очекува да стапиме во практична примена на овој паметен систем освен во главниот град во Куманово и Тетово како градови кои што се одбрани од претходно за прва фаза на имплементација и Коридор 8 и Коридор 10. Во 2026 година заклучно со, се надевам на средината на 2026 година, би требало да ги ставиме во функција на овој паметен систем и сите останати градови во Македонија. Имаше некои тези дека немало да се примени на целокупната територија на Македонија овој паметен систем, ќе се казнувале само Скопјани, Кумановчани Тетовчани итн. Не, не е тоа точно односно секој еден македонски граѓанин заслужува да живее во рамки на една побезбедна, помирна средина без оглед дали живее во Скопје, без оглед дали живее во Струга, без оглед дали живее во Велес итн. а правилната имплементација на Сејф Сити ќе го овозможи токму тоа. Значи овој проект ќе биде имплементиран во текот на 2026 година на територија на цела Македонија. Искрено како човек кој што и лично е вклучен во сите оние дејствија кои ги преземаме за да имаме еден успешен проект, искрено верувам дека овој проект не само што ќе покаже дека македонските граѓани знаат да почитуваат закони, знаат да управуваат моторно возило во согласност со дозволена брзина во Швајцарија, во Германија, во Италија, во Европа дека знаат да почитуваат сообраќајни правила и го ценат човечкиот живот, не само своите, туку и на останатите учесници во сообраќајот и на територија на Македонија и не само што верувам дека со имплементирање на овој проект ќе зачуваме човечки животи, туку искрено верувам дека со имплементација на овој проект ќе го смениме менталитетот на Балканецот дека знае да почитува закон и дека знае да се почитува себеси и останатите само кога е во Швајцарија, Германија, Австрија, туку дека и кога е дома, кога на своја територија, кога е во свој роден град со системски решенија како што е Сејф Сити почитувајќи се себеси и почитувајќи го законот ќе ги почитува и сите останати и конечно ќе имаме имплементација навистина на една европска вредност која што веќе ја имаме и во Европската Унија. Благодарам.

Сите пратенички прашања