Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Бојковска праша за енергетските инвестиции и привлекувањето капитал

Резиме

Пратеничката Драгана Бојковска праша какви придобивки за граѓаните и стопанството носат најавените енергетски инвестиции, особено меморандумот со турската компанија Акса груп за когенеративни централи. Таа праша и кои се следните чекори на Владата и дали се очекуваат нови странски и домашни инвестиции.

Премиерот одговори дека централите би произведувале електрична енергија и топлина на гас, со цел и да се прошири централното греење. Рече дека се предвидуваат најмалку две постројки, а потенцијалната инвестиција може да достигне една милијарда евра во период до пет години. За странските инвестиции најави дека осум инвестиции се потврдени како почнати или со очекувана одлука за почеток до крајот на годината, а очекува и проширување на вложувањата на компании што веќе работат во земјата. Како показател за домашниот интерес ги посочи кредитите на компаниите, чиј раст во првиот квартал го наведе како 11,8 проценти.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Драгана Бојковска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Драгана Бојковска, поставено на 61-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 31 јули 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето второ прашање како што напоменав се однесува на енергетиката. Стабилноста на една земја се мери според стабилноста на нејзиниот ЕКИ зависна или не зависна. Уште во предизборниот период ветивме дека ќе основаме Министерство за енергетика кое што ќе биде комплетно посветено на енергетиката. Тоа и го направивме и сега во Република Македонија прв пат најсериозно се зборува за енергетика и за енергетска независност во Република Македонија впрочем и во првите 100 дена од Владата имавме најавена инвестиција на Алказар Енерџи со што всушност значително се овозможува онаа ветена енергетска независност на државата кој што исто така, е од големо значење за подобрување на економијата во државата. Знам дека една од главните фокуси на оваа Владата е токму енергетскиот систем и според последните активности гледаме дека токму во овој сегмент се најавуваат и најголеми инвестиции. Тука пред се мислам на гасниот интер конектор со Грција, почетокот на изградбата на ветерниот парк во Штип, вреден половина милијарди евра и меморандумот за соработка со турската компанија за изведба на ко – генеративните централи вреден една милијарда евра. Затоа моето прашање почитуван премиер е: Дали и каков бебефит значат овие инвестиции за Македонија особено за последната за изградба на ко - генеративните централи. Кои се наредните чекори во сегментот на енергетиката која ќе ги превзема македонската Влада и дали тоа повеќе значи повеќе бенефиции за македонските граѓани и за македонското стопанство. Дополнително прашање: Благодарам претседателе. Благодарам почитуван премиер, за ете одговорот сеопфатниот одговор. Јас би потенцирала тука дека за прв пат во Македонија се зборува волку сериозно за енергетиката и за енергетската независност, воопшто во Македонија и како што напомнавте прв пат ќе се продава електрична енергија токму од Македонија за светски гиганти. Нешто кое што воопшто не бевме сведоци во владеењето на СДСМ и ДУИ во нивното претходно водење на власта. Туку напротив тогаш сведочевме секојдневно и македонските граѓани секој дневно беа сведоци на дневните вести за затварање на блокови во РЕК Битола и во сомнителни тендери склучени под сомнителни околности. Во тој дел исто така ќе ја поздравам вложувањето на Владата во делот на комуникација ете и носење на странските инвестиции бидејќи особено во делот на енергетиката и воопшто во економијата тоа е значителна алка која што не смее да биде заостаната. Во овој дел би сакала еве да поставам и дополнително прашање, во делот на странските директни инвестиции кои што се неминовно поврзани би рекла еве и со јакнење и на енергетскиот сектор, но и воопшто на економијата. Минатата година ја завршивме со рекордно ниво на странски директни инвестиции од 1 милијарда 255 милиони евра. И впрочем тоа е нешто кое што е историски во Република Македонија и треба да се поздрави. Моето прашање е каков е планот на оваа Влада во наредниот период, дали ќе се стремиме кон привлекување на уште вакви странски директни инвестиции од овој тип и дали имате конкретни преговори со одредени инвеститори и во наредниот период да речеме во до крајот на 2025 година. Кои што можеме да ги најавиме или секако можеме да ги очекуваме во некое догледно време во владеењето на оваа власт. И во делот на привлекување на инвестициите ќе ја поздравам исто така и одлуката не само во стремежот кон странските директни инвестиции туку и кон домашното стопанство особено оние 250 милиони евра директно вложени кон домашното стопанство кои што нашите комуникации укажуваат на тоа дека во Комерцијалните банки имаме значително голем интерес за искористување на овие средства од страна на домашното стопанство. Така што моето прашање е, дали може да очекуваме во овој дел на странските директни инвестиции поголеми вложувања во Македонија и дали ќе се стремиме да имаме поголеми договори во овој дел како и во домашното стопанство. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Драгана Бојковска, поставено на 61-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 31 јули 2025 година Благодарам претседателе. Второто прашање беше поврзано со енергетиката, со Алказар, со Акта, со интерконекторот со Грција. Посебен фокус беше за когенеративните централи кој што како меморандум го потпишавме со потенцијалниот инвеститор а тоа е компанијата турска Акса груп кој што имаат амбиција да изградат проекти во делот на производство на електрична енеергија и топлина на гас користејќи го гасот како примарно гориво, а со тоа да обезбедат затоплување на одредени региони кој што до сега немаат централно затоплување и користат други начини и алтернативни начини за затоплување, а најчесто тоа се дрва. Е сега зошто е ова добро. Еве конкретно ќе почнам од тој проект бидејќи фокусот на вашето прашање беше ставен на тој проект. Цела година откако еве 14 месечна веќе Влада бевме избрани во јуни месец минатата година 23 јуни консолидирање, сезона на пожари, спуштени на земја летала, ништо не сервисирани. Една катастрофална состојба, пензионирани пилоти. И сето тоа требаше да се менаџира и да се решава и некако успеваме тогаш како нова Влада да излеземе и покрај сите оние предизвици кој што ги имавме. Дојде зимата. Зимата нормално истите предизвици како и секоја зима во главниот град тука најголем предизвик е квалитетот на воздухот со кој што живеат скопјани. Но не е тоа сега гледам во последно време само за скопјани предизвик, тоа претставува предизвик буквално за најголемиот дел од градовите во државата. Зошто? Затоа што никој во минатото сериозно не се занимавал со системот на затоплување иако според сите анкети според сите физибилити студии, според сето она кое што е правено во минатото повеќе од 60% како фактор кој што влијае врз квалитетот на воздухот и квалитетот на животната средина е токму тоа е системот на затоплување, бидејќи најчесто се користат фосилни горива, се користи дрвна маса, а некогаш го користи се. Од гуми преку отпад, стар мебел и така натаму. До лакиран паркет кој што при реновирање на домовите се исфрла, а потоа дел од луѓето го користат за затоплување. Па тука имаме двоен негативен ефект. Не само што е би рекол не еколошко гориво и лакот кој што претходно го содржи сето тоа дополнително има штетни материи кој се емитуваат во средината во која што живееме и воздухот кој што го дишеме. Па потоа имаме зголемено ниво на ПМ 2,5, односно ПМ 10 честички, високо ниво на сулфур и така натаму. Генерално тоа е проблемот. И тогаш кажав дека оваа работа преку ноќ ние нема да ја решиме ниту некој успеал во светов да ја реши преку ноќ. Ние ќе се обидеме преку проактивни мерки да ја решаваме. Една од тие мерки беше еве Владата ќе распише оглас да набавиме електрични автобуси и тие електрични автобуси да ги дадеме низ општините каде што има организиран јавен градски превоз со фокус на Скопје, бидејќи таму нели има најголема потреба имаат граѓаните. Министерство за транспорт обезбеди средства, распиша јавен повик. Се појави една фирма која што за жал не ги исполнува условите. Еве тоа е отприлика накратко кажано нашиот обид. Тука нема да застанеме. Нормално ќе се обидеме повторно да распишуваме оглас. Ќе се обидеме повторно да влеземе чекор понатаму. Но сега поради нели ограничувањата наметнати поради изборниот процес ќе мора да оставиме овој процес на пауза, па таму здравје Боже по завршувањето на локалните избори повторно да го стартуваме овој проект. Но она што е за мене поважно е како да обезбедиме затоплување кое што нема да загадува, односно нема да користиме фосилни горива, нема да користиме дрвна маса, нема да користиме отпад, мебел користен, гуми и така натаму за да ги стоплуваме нашите домови. И на тој начин размислувајќи дојдовме во преговори со заинтересирани страни и дојдовме до тој меморандум за разбирање кој што го потпишавме со турската компанија Акса груп за изградба на најмалку две ваков тип постројки. Едната во Скопје. Ја разгледуваме можноста каде да биде другата. Тие кажаа во нивното портфолио дека ваков тип на постројки изградиле за 10 месеци во Узбекистан, во друга држава во Казахстан мислам беше втората и така натаму, за отприлика 10 месеци изградиле. Мислам дека го водев записникот ако не се лажам во овој тефтер. Ќе се обидам да... ах еве го, да. Токму така во Узбекистан за 10 месеци изградиле централа од 440 мегавати. Си го чувам тефтерот кај што ги водам обично записниците што ги имам во тие преговори. И исто така во Казахстан во тек е инвестиција од 250 мегавати, а исто така имаат и во Сенегал, а во Гана имаат 375 мегавати кој што очекуваат да бидат пуштени до крајот на годината. Еве од прилика ова е портфолиото кое што е тековно за оваа компанија. И тука кај нас отприлика очекуваме таков тип на инвестиција за изградба. Сега прашањето зошто во минатото не се постигнало договор иако преговарале. Еднаш кажав зошто е тоа не се постигнал таков договор, не би сакал сега да се повторувам. Се разбира причината било девијантно однесување на поединци кој што биле дел од претходната Влада. Но сега имаме отворен пат за да речеме еве не мора да се 10 месеци, нека се 2 години. Во следните 2 години да бидат изградено ваков тип на објекти. Она кое што е важно е да се напомене дека тие истите ќе изградат и подземна инфраструктура бидејќи за да дојде топлината до домовите ние мора да имаме и подземна инфраструктура, но истовремено и терцијална гасна мрежа за оние кој што ќе сакат да користат гас. Тие што ќе сакаат да користат гас ќе имаат право на терцијална таква мрежа и таа ќе ја изградат тие. Така што, оваа инвестиција од една милијарда евра потенцијални очекуваме во периодот нареден до 5 години да биде реализирана со што драматично ќе се влијае врз квалитетот на животната средина во местата каде што ќе се користат ваков тип на објекти. Но, истовремено и ќе олеснат животот и ќе ги немаме оние проблеми кои што ги имаме секоја зима. Со оптоварување на здравствениот систем посебно со фокус на клиниката која што се справува со болести, инфекции на респираторниот систем кај луѓето. Што се однесува за Алказар, тоа е многу важно. Алказар веќе постави камен темелник, Алказар веќе го постави камен темелникот. Минатата година кога ја потпишавме оваа инвестиција и кога го потпишавме меморандумот и кога ја најавивме истите тие кои што збореа за ова истите тие напаѓаа конструираа, не знам било вакво, какви повластици ќе сме им дале, не знам какви бенефиции ќе сме им дале, ништо. Еве видовте дека е пазарно ориентирана компанија. Но, она што можам да го кажам кои што се уште не е официјално, можеби некој не успеа да ги донесе во минатото Гугл и Фејзбук, но многу веројатно еден голем светски бренд. Еве самите ќе оставам тие до крајот на август месец да го кажат. Ќе користи електрична енергија произведена од овој ветерен парк од Македонски ветер. Еве ќе оставам тие да кажат бидејќи тие се сега во фаза на преговори, завршна фаза. И оставам компанијата, инвеститор тоа да го соопшти. Кој е тој голем светски бренд, кога зборувам голем светски бренд, зборувам бренд кои во својата индустрија е во првите 3 во светот. Ќе користи електрична енергија произведена од овој ветерен парк од Македонски ветер и ако ја прифатат мојата сугестија, а тоа беше на самото поставување на камен темелникот. Во делот на тие 300 хектари земјиште кои што го имаат под концесија да инсталираат и соларни панели и батерии. Тогаш нема да биде само од ветер туку ќе имаме хидро еден систем кои што ќе користи и ветер и сонце. Дополнителен одговор: Благодарам претседателе. Благодарам пратеничке Бојковска. Еден од успешните примери на нова голема инвестиција е токму Алказар половина милијарда долари. Втор пример, успешен е доколку овој меморандум за разбирање се операционализира во што не се сомневам е и Акса Груп до една милијарда евра. Но, истовремено и потврда на некој други инвестиции кои што веќе ги објавивме изминатиов период кои што почнуваат или се во фаза на носење на одлука за отпочнување на инвестирање тука. И очекувам тој бран да се засили од како ќе го завршиме делот на преговори со САД за трговијата помеѓу двете земји. Од она кое што го имаме како информација веќе 8 инвестиции до крајот на годината се потврдени дека или отпочнуваат или ќе објават дека имаат донесено одлука за отпочнување инвестиција кај нас. Ова е последна бројка која што вчера ја добив од директорот на технолошко индустриски развојни зони, беше кај мене после одржување на состанокот на комисијата на економски систем во рамки на Владата. И ме информираше за две добри вести кои што еве нека се потврдат деновиве, ќе ги објавиме во јавноста. Едната добра вест е што компанија која што веќе кажа дека ќе инвестира во фарма бизнисот. Ја би рекол ја зголеми својата инвестиција за 60%, а втората е во делот на индустријата за производство на електрични батерии која што исто така е потврдена. Но, да оставиме тие самите да ги објават па ние да ги како да кажам, потврдиме. Но истовремено очекувам и покрај овие 8 инвестиции очекувам и неколку инвестиции кои што ќе ги направат компаниите кои што веќе се присутни кај нас. Такви очекувам најмалку 3. Кои што ќе го зголемат извозот за дополнителни половина милијарда долари. Најмалку за половина милијарда долари. Така што кога станува збор за директните странски инвестиции тука немаме никаква дилема дека продолжуваме да бидеме нивен партнер да ги фасилитираме дел кои што изгубиле надеж и се обиделе кај некои од нашите соседи се враќаат затоа што гледаат дека климата е променета, односот е различен. Нема веќе едно ваму едно таму, туку односот е што би рекол искрен, сакаме да помогнеме со подадена рака, сите работат во рамките на Владата да помогната и Министерство за надворешни работи и надворешна трговија и Министерството за транспорт кои во делот на урбанизацијата, буквално сите, Министерство за финансии, Владата, Секретаријатот, Економија

Министерството и труд. Сите оние кои што се директно или индиректно поврзани со делот на надворешната трговија, економијата итн. Заедно со Министерството за одбрана и Министерство за внатрешни работи во период кои што следи ќе се обидеме да развиеме еден нов модел на привлекување на инвеститори во воената индустрија. Затоа што сите сигнали кои што доаѓаат од НАТО Алијансата и земјите кои што се дел од НАТО Алијансата се такви да пазарот на оружје во годините кои што следат драматично ќе доживее развој. Бидејќи се зголемуваат трошоците во делот на одбраната. Тука станува збор за трилиони, значи илјадници милијарди долари кои што на годишно ниво ќе се трошат. И би било наивно ние како држава ако не го препознаеме сето тоа и да не обезбедиме таков тип на посебни би рекол сега можеби ќе звучи грубо, но ајде ќе се обидам да го преведам за да не звучи друго, зони кои што би биле подготвени да производителите произведуваат воена опрема и оружје. Да не кажам кратенка како што тие го нарекуваат милитари зона, односно воена зона. Не е тоа воена зона, туку зони кои што ќе бидат подготвени да прифатат инвеститори кои што ќе инвестираат во воена опрема и оружје. Навистина би било од наша страна наивно да не го тоа препознаеме и да не ги привлечеме. Веќе имаме разговори со неколку такви. Потенцијални инвеститори кои што ја препознаваат земјава како таков потенцијален домаќин и ние како Влада сакаме да креираме да определиме неколку такви локации каде што ќе развиваме ваков тип на зони. Со што драматично ќе влијае позитивно во нашиот бруто домашен производ, бидејќи инпутот односно увозот ќе биде многу помал споредбено со извозот. Бидејќи извозот на ваков тип на опрема и производи е со голема додадена вредност. А тоа е тоа што влегува во крајната пресметка на бруто домашен производ. Условено кажано ако имаме 200, 300 милиона увоз, извозот ќе биде повеќе од една милијарда. Така што бруто позитивата ќе биде многу на наша страна и тоа ќе учествува позитивно во делот на пресметка на бруто домашен производ. Така што да сумирам, покрај би рекол стандардното пот фолио кое што го имаме, автомобилската индустрија, сега се обидуваме во фарма делот, во медицината. Посебно сме тука фокусирани бидејќи населението во Европа старее, за жал. Тоа е една друга тема, но за таа тема многу сум зборувал демографии и ќе продолжам да зборувам. Кога старее тоа значи дека има потреба од палијативна нега има потреба од зголемени медицински услуги итн. Што значи дека и тука ќе имаме зголемена потрошувачка во годините кои што следат. Затоа ќе треба во тој дел исто така да се насочиме да провлекуваме инвеститори кои што ќе произведуваат медицинска опрема, стентови, бидејќи анализите велат дека 50% од луѓето, една половина од луѓето имаат кардио васкуларни проблеми посебно во годините кога се поодминати 40, 50 па плус. Така што, која што ќе додава вредност во нашата економија, во делот на производство на оружје и компании кои ќе произведуваат уреди оружје и муниција понатаму исто така во делот на производство на батерии. Тоа во иднината, тоа посебно во енергетиката, тоа е иднината. Бидејќи гледаме како човечкото постепено прави еден вид напуштатње на оние насилни на оние конзервативни фосилни горива и се насочува кон животната средина односно инсталирање на батерии кои што се многу важни за складирање на електричната енергија која што ја произведуваме од обновливи извори на енергија пред се мислам на соларни панели, ветерни панели, ветерници, итн. Тоа што многу сериозно размислуваме, анализираме и се обидуваме тука да им пристапиме на компаниите да не препознаат како дестинација која малку ќе го дивергира нашето портфолио од автомобилски индустрија во една друга индустрија која што во годините што следат ќе биде на пазарот побарувана, тоа е воената индустрија, медицинската индустрија и овие батерии кои што ќе се произведуваат и ќе бидат неопходни во делот на складирање на електричната енергија и производство на електрична енергија од обновливи извори. Што се однесува до домашните инвеститори, го земав повторно телефонот за да можам да го отворам еден многу важен дел. А тоа е порастот на кредити кои што ги земаат домашните компании за да инвестираат. Еве да речеме во првиот квартал тој пораст е околу 12% , 11,8%. Податок објавен од Народната Банка. Зошто е ова битно, сега како бројка тоа ништо не значи 11,8. Но, таа бројка во првиот квартал во Европската Унија е 2,5%. Еве да речеме во 2018 година, вкупната бројка била 5,4%. Да речеме во 2019 година, била 6, итн., итн. Значи, дуплирана е тоа ќе каже дека имаме интерес и за домашните инвеститори, а тоа е најголема мера благодарение на кредитот кои што го земавме од Унгарија и евтината камата која што ја дадовме на инвеститорите за да заедно со оние производи што ги нудат домашните комерцијални банки направат едно портфолио инвестициско. И сега ние имаме раст од 12%.

Сите пратенички прашања