О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 15 јули 2026 година Почитуван пратеник, почитуван градоначалник ги знаете проблемите. Ова е наследена состојба и јас на свој грб го преземам проблемот. Не им одземам ништо на општините, тие до вчера, до пред да ги донесете законите, го менаџираа бројот на паралелки. Инаку се друго останува во надлежност на градоначалниците. Ако добро знаеја да менаџираат во изминатите 7 години пред да почне процесот на оптимизација ние немаше да бидеме во оваа ситуација. Немаше да бидеме во оваа ситуација, додека се случуваше тоа на терен што се случуваше. Вие точно знаете што се случуваше на терен. Се купуваа наставниците за социјален мир. Им дававме лажна надеж, бројот на деца опаѓа, бројот на наставници расте, им даваме лажна надеж, ги мамиме дека некогаш во иднина ќе бидат вработени. Бројот на деца опаѓа. Ние во ни еден момент не планираме да се мешаме во работата на училиштата, ниту да ги преземеме ингеренциите на градоначалниците и директорите во однос на управувањето со училиштата. МОН со тоа нема апсолутна никаква врска. Како што ќе си ги менаџирате, така. Како ќе ги менаџирате средствата, така. Има формула изработена со УНИЦЕФ и Светска банка која вели по број на ученик како сегде во светот и во Македонија ќе ги одредуваме средствата. И така ќе ги одведуваме ако сакаме да бидеме стабилна и сериозна држава. Се надевам дека ќе прифатите како до сега, така како што беше, состојбата не доведе овде. А од сега, да, министерството во овој момент вели и ние ќе помогнеме во тоа. Никаква централизација, никакво одземање на ингеренции, никакво мешање во работата. Добро, да ви кажам за Гоце Делчев. Училиштето Гоце Делчев во Штип се наоѓа во ромска населба каде што учат предоминантно ромски деца. Вие знаете дека ние имаме пресуда која вели дека треба да ги интегрираме Ромите. Во овој момент она што се случува во училиштето во Гоце Делчев е интегрирање на Ромите, ромските деца со други деца и конечно треба да ги интегрираат децата. Оти подвоеноста на децата не доведува во ситуација да не се разбираат меѓу себе, да не се почитуваат меѓу себе, да расте врсничкото насилство, да се бодат со ножови, да се горат со цигари затоа што не се познаваат. Кога ќе се познаваат, кога ќе се разбираат, кога ќе бидат комплетно интегрирани, кога ќе имаат еден заеднички јазик со почитување на нивните јазици, на нивната култура и се друго нема да биде земјата во оваа ситуација. Вриштат, пиштат МОН нешто преземе за тоа. МОН презема се што може да преземе, но работата се случува на терен. МОН нема ингеренции врз училиштата. Напротив, таму во локалната самоуправа треба да се преземат мерки соодветни на оние што ги презема Министерство за образование и наука. Се друго што ќе кажете дека не е така нема да биде вистина. Секаде треба да ги интегрираме децата. И Ромите, и Македонците, и Турците и Албанците ако сакаме да имаме просперитетна држава. Ако не ќе се давиме во калта и ќе пропаѓаме се подлабоко во неа. Ова сум го рекла еднаш ќе го кажам и сто и еднаш, затоа што е исклучително значајно и исклучително важно за нашата држава. Нема да има никаква штета ниту по учениците, ниту по наставниците. Ќе добијат дел од УГД кој ќе биде користен за тоа население. Ќе добијат бесплатни услуги во стоматолошка ординација. Понатаму ќе добијат бесплатни услуги за здравството. Значи ќе им понудиме дополнително нешто за развој на овие дечиња кои што треба да се дружат со своите врсници, а не да бидат изолирани, односно маргинализирани. Тоа се случува во Штип. Добро е што го поставивте и тоа прашање за да знае јавноста. Ви благодарам.