Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Бочварски праша за очекуваната реализација на капиталните инвестиции во 2025 година

Резиме

Благој Бочварски праша колкав износ од планираните 800 милиони евра за капитални инвестиции во 2025 година очекува да се реализира. Тој посочи дека, според неговите наводи, реализацијата во 2024 година била околу 60%, и изрази сомнеж дека планот за следната година е остварлив.

Министерот за финансии рече дека очекува многу висока реализација во 2025 година, но не посочи конкретен вкупен износ. Тој ја поврза ниската реализација во 2024 година со временско задоцнување кај проектите и прекинати договори, како и со тоа што, според него, не треба средствата да се прикажуваат како реализирани пред да бидат исплатени во согласност со процедурите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Благој Бочварски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Моето второ прашање е во однос на капиталните инвестиции, бидејќи ВМРОДПМНЕ најавуваше инвестиции со силен раст, брза реализација од една страна во делот на националните проекти, како изградба на патишта, гасоводи, училишта и градинки, канализации, водоводи. Секако и од друга страна поддршка и за општините преку реализација на локалните проекти. Кога дојдовте очекување со Ребаланс на буџетот се направи ребалансирање на финансиските средства по ставките. Тоа е првиот ребаланс кој што беше на ВМРО-ДПМНЕ по преземањето на власта во 2024 година каде што капиталните инвестиции ги позициониравте тогаш на некаде 720 милиони евра. Но дополнително ги скративте со прераспределбата на околу 600 милиони евра. Е сега кога станува збор за реализацијата, а не за предвидувањата и проценките денеска има некаде реализација од околу 370 милиони евра на капиталните инвестиции или околу 60%, според официјалните информации од веб порталот на Министерство за финансии. Тоа значи дека денес на 18 декември, пред самиот крај на годината реализацијата и покрај кратењето на капиталните инвестиции е само 60%, што е показател дека капиталните инвестиции не се реализираат со динамика која што вие сами ја предвидовте. За наредната 2025 година предвидувате или ветувате нови 800 милиони евра за капитални инвестиции, нешто што сметам дека е преоптимистички или претставува само проекција на хартија со цел да се затвори буџетот и да се прикаже некаков раст и презентација во јавноста. Ветувавте намален дефицит, добивме зголемен дефицит. Ветувавте намален јавен долг, добивме зголемен јавен долг од над 62%. Ветувавте помалку трошење и штедење, а добивме историски најголем буџет од 6,5 милијарди евра. Сега повторно ветувате високо ниво на капитални инвестиции во 25-та, а реализацијата до денес за 24-та година е само 60%. Имајќи во предвид дека едно е проекцијата, а сосема друго е реализацијата на буџетот прашањето ми е колку очекувате дека ќе реализирате од овие 800 милиони евра за капитални инвестиции во апсолутна бројка. Дали е тоа 500, 500, 700 или можеби сите 800 милиони евра за наредната 2025 година, имајќи во предвид дека според досегашната работа јасно се гледа дека и во тековната 24- та година во реализацијата е потфрлено, а секако и останатите бројки кој што беа изнесени не одат во прилог.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 23-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 декември 2024 година Сега во однос, пред уствари да преминам на второто прашање, вака да расчистиме една работа. Јас сум денес тука во улога на министер за финансии. Ако треба да дојдам во улога на Влада, тогаш ќе се спремам во однос на сите прашања по однос на сите министерства и ќе разговараме за мој лични ставови. Или дојдете ќе пиеме кафе и ќе разговараме за моите лични ставови по однос на сите прашања кој што ве интересираат. Овдека станува збор за министер за финансии кој одговара на пратенички прашања, а се поврзани со Министерството за финансии. И ви кажав, како ќе договорат синдикатите и работодавачите сето тоа ќе го предвидам. Немам дополнително што да додадам. Колку ќе кажат како министер за финансии имам обврска толку да предвидам. Како? Ќе се снаоѓам, но имам обврска тоа да го направам они што меѓу себе ќе го договорат. Во однос на капиталните инвестиции значи првин зборувате за буџетскиот дефицит со 3,6 и така натаму. Да, при проектиран раст кој што не може да се оствари годинава затоа што крахиравте на секој поглед значи во првата половина од годината, но затоа не заборавите да реализирате 71% од буџетскиот дефицит. Тоа не заборавивте да го направите, да ги истрошите парите пред избори и така натаму. Е сега во економијата постои едно правило кое што се вика тајм лег. Не знам што сте по професија ве поканувам имаме Академија за јавни финансии може да дојдете да вака одржиме една обука и во тој дел и со какво временско задоцнување одат одредени работи. Е сега, е сега. Не сме ние виновни, не сме, меѓутоа ги испитуваме случаите што на пример имаме проекти кој што се прекинуваат заради тоа што се доставиле банкарски гаранции фалсификат. Не сме ние виновни. Предметите се испитуваат во надлежните институции. Е тие предмети не се реализираат до крајот на годината и се прекинуваат и за тие ќе има случаи. Јас кога зборам мислам дека многу добро ме познавате и сум многу сериозна. Не е ова упатено до вас, генерално го зборувам. Ќе излезат сите работи на виделина и ќе видиме зошто имаме толку ниска реализација на капиталните инвестиции за 2024 година. Во однос на 2025 година ќе видите како ќе оди реализацијата и јас ви гарантирам дека ќе имаме многу многу висока реализација. Е сега, што е разликата помеѓу вас и нас? Во 2023 година во декември префрлавте на општините кој што и ден денес им стојат на сметки и ги евидентиравте како реализација на капитални инвестиции. И тоа каква постапка каква беше, исто така е во тек и е спротивно на сите можни закони. И тоа се анализира од надлежните институции. Но јас тоа не го дозволувам. Јас можев овие 100 милиони евра да ги префрлам по општините и денес да дојдам тука и да кажам дека имаме 100% реализација на капиталните инвестиции. Но тоаќе значеше дека плаќам камати, дека го злоупотребувам Буџетот, а во исто време парите ќе лежеа во општините неискористени. Тоа вие го правевте. Исто така вие сте тие што префрлавте пари по одредени јавни претпријатија на име на капитални инвестиции или капитални расходи за што во моментов тие работи ќе ги коригираме сите извештаи во минатите години. И претпоставувам дека ќе има исто така одговорност за лажирање на финансиски извештаи. И тоа е во тек и се работи. Но нема да дозволам, нема да дозволам да ги билдаме работите тука, да трошиме и да реализираме вештачки капитални инвестиции само за да замачкуваме очи кај граѓаните и во исто време пустош да правиме. Тоа нема да го дозволам како министер за финансии. И во однос на проектите пак ќе ве повикам во Академијата за јавни финансии, ќе ги најдеме 100те милиони евра. Точно прецизно се предвидени 100 милиони евра, исто како и 250 за следната година, меѓутоа вие како министер за транспорт треба да знаете дека капиталните дотации одат со одредени програми кој се усвојуваат до 30 март во кој што јасно треба да спроведат првин институциите надлежни одредени постапки, а пота да ги спуштиме парите на точно одговорни институции. Јас не работам како претходните министри, туку работам во рамки на закон. И кога ќе се спроведат сите постапки, кога ќе се направат програмите, парите ќе ги спуштиме точно во функција на држава, ќе ги дефинираме на која институција колку пари и следат согласно тоа што го разговарале и го добиле како информација од општините. А до тој момент, вештачки не прикажувам ништо. Кога ќе се направат програмите, парите ќе ги спуштиме точно во функција на држава, ќе ги дефинираме на која институција колку пари и следат согласно тоа што го разговарале и го добиле како информација од општините. А до тој момент, вештачки не прикажувам ништо.

Сите пратенички прашања