Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Бочварски праша за наставниците и училиштата во руралните средини

Резиме

Пратеникот Благој Бочварски праша зошто оптимизацијата на училиштата не се спроведува постепено, преку пензионирање на наставниците, наместо со резови. Тој предупреди дека затворањето училишта може да поттикне миграција од селата и праша каде ќе бидат распоредени наставниците чии установи ќе престанат да работат.

Министерството одговори дека има план во четиригодишен период бројот на наставници да се приспособи преку природно одлевање и пензионирање, и рече дека не се планира отпуштање, туку преуредување на работата на училиштата. Според одговорот, се одобруваат и паралелки со мал број ученици, а 124 училишта се затвориле „спонтано“ поради недостиг на деца. Министерството наведе дека евентуалната заштеда не е главната цел и дека промените ги образложува со намалувањето на бројот на ученици.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Благој Бочварски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање е исто така во врска со овие крајно спорни за нас во опозицијата измени на овие два закони. Дали оваа како што ја велите оптимизација не можевте да ја изведете преку природен одлик на кадар, постепено со заминување на наставниот кадар во пензија, а не вака со правење резови и тоа не било каде, туку онаму каде што тоа значи меѓу другото и образование за младите луѓе, но и егзистенција за наставниот кадар во образованието. Не знам дали ги слушнавте реакциите во јавноста на професорите, на наставниот кадар. Понатаму дали знаете дека дополнително со еден ваков пристап и политика ќе придонесете за миграција на населението село-град посебно во оние села каде што училиштата се единствената институција која го одржува населението во одредени рурални средини. Ве прашувам, каде ќе ги пратите сите тие наши сограѓани, наставници, професори кои кога ќе почнете да ги затворате училиштата, верувам дека нема да можат сите да бидат образовни асистенти, што ќе им кажете и каде ќе ги пратите на работно место, кога нивните институции ќе престанат да функционираат.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 15 јули 2026 година Почитуван пратеник, да, сите три прашања се поврзани, па рачунајте дека одговарам на сите три заедно. Има план за тоа што ќе се случува со наставниците. Значи планот вели дека во четиригодишен период со природно одлевање на наставниците, нивно одење во пензија без при тоа да сметаме дека некој ќе се отсели или ќе се разболи и така натаму, би требало да постигнеме оптимална бројка. Така да не е дека не сме мислеле и не е дека не водиме сметка за тоа. она што го потенцирав и сите треба да го разберат го повторувам. Учениците треба да бидат повеќе во училиште, но и наставниците треба да бидат повеќе во училиште. Од 6 илјади 816 часа треба да стигнеме до 7775 што е просек. А можеме и малку повеќе затоа што навистина тестирањата покажуваат дека знаењето на нашите деца не е и просечно. Туку е далеку под просекот. Вака вели анализата. Не зборуваме дека ќе се отпуштаат наставници, не, само треба да се преуреди начинот на кој што работат училиштата. Повторувам, без оглед нели велите дека централизираме, не централизираме, само правиме анализи и соодветен распоред. Ви повторувам дека овој пат министерството и стручната служба за основно и средно образование одобруваат паралелки со помал број на ученици. И со три и со пет и со седум и со осум и со 16, таму каде што сметаме каде е неопходно. Инаку вака вели анализата паралелки во основни училишта мај 2026 од прво до петто 6324 паралелки. Оптимален број 5370 паралелки. Вишок паралелки 954, годишни расходи за вишокот милијарда, бидејќи го спомнавте и тоа, 328 илјади и така натаму. Годишен расход висок од 7%. Од шесто до деветто паралелки 4677, оптимален број 3809, вишок паралелки 868. Дополнителен трошок милијарда 442 или 8%. Вкупно паралелки во основно 11 илјади и една, оптимален број 9179, вишок 1822. Ова е проблем на сите нас. Ова не е проблем на оваа Влада. Утре оваа министерка ќе си оди и ќе дојде друг министер. Оваа Влада ќе си оди, ќе дојде друга Влада. Ова ќе биде проблем. Вака вели графиконот во 2025/2026 имаме 172 илјади 412 ученици. Предвидувањата за 2029/2030 се 158 илјади 043. Во следниве 4 години ние сме изгубиле 4000 новородени деца. Значи ова не е проблем на Владата на ВМРО и ВЛЕН коалициите. Ова е проблем на државата кој ние мораме да го решаваме. Ќе го решаваме во следните 4 години сите заедно треба да го решаваме. Треба да се приклучите и да го олесните процесот. Не да ги плашиме наставниците дека ќе останат без работа. тие ќе си се пензионираат, училишта ќе си се затвараат. Јас ви кажав дека не министерството, спонтано се затворија 124 училишта. Спонтано, нема деца. Ни едно дете нема таму во тоа село. Но ако можеме само три деца да спасиме од самотијата, од затвореноста во селото и дружењето на само тие три и навиките на само тие три и ги пренесеме во централно или во најблиското друго училиште тоа треба да го направиме во корист на државата, во корист на децата. Дали ќе има заштеда? Да, ќе има заштеда, но таа не е битна, таа е најмалку битна. Но кога станува збор за блок дотациите таа заштеда на градоначалниците е важна. Има градоначалници од СДСМ кои се свесни дека таа заштеда им е многу важна. Не плаќа греење, не плаќа струја, не одржува школо, не купуваат таблети, не купува униформи и така натаму. Мислам дека треба да бидете задоволен од одговорот.

Очекувам да кажете дека не, но ова се непобитни факти. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања