
Благој Бочварски
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 71-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање исто тока до потпретседателот на Владата и министер за транспорт ми е по однос на една добра иницијатива која што успешно ја реализиравме во минатото со Република Србија, а тоа е проектот за синхронизација на македонските таг уреди и српските исто така таг уреди кој што можат да бидат синхронизирани и македонските граѓани да патуваат низ Србија со македонскиот таг без застанување, без контактно плаќање и без готовинско плаќање. Исто така и граѓаните на Србија можат истото да го практикуваат низ територијата на Македонија. Ова овозможува за подобар и полесен транспорт и на патници, на товарен транспорт исто така и секако на промоција на безготовинското плаќање. Овде има уште еден аспект кој што сакам да го споменам а тоа е дека долгите колони од шпицовите од сезоната некогаш може да предизвикаат гужви, метеж, хаос и нервози на патиштата на самите наплатни станици. Понатаму загадувањето на животната средина од тие стотици или илјадници возила кој што стоејќи во место загадуваат. Од ваквите проекти мислам дека имаме вин-вин ситуација за сите и за граѓаните пред се, за нашата држава, за нашите транспортери, исто така за соседните држави. И затоа сметам дека е добар начин да се продолжи да се работи во оваа насока со цел намалување на метежот и на гужвите во летниот период. Се сеќавам тогаш дека пријавија интерес и неколку останати околни земји како Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција и други. И ова беше позитивно искуство и позитивно оценето прашање, односно политика и од страна на европските претставници во земјата кој што тогаш искоментираа дека можеби тие немаат граници помеѓу себе, но ваква иницијатива на поминување на граѓаните од една во друга држава ниту во европските земји се уште не била воспоставена или практикувана. Прашањето ми е дали има некаков напредок на ова поле? Дали нашата Влада работи на оваа регионална иницијатива која што реално дава позитивни ефекти за граѓаните со цел македонските граѓани да можат да ги избегнат големите гужви и метежи по околните земји кога патуваат, но секако и низ нашите македонски патишта.