Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Бочварски праша за централизација во образованието, министерката зборуваше за оптимизација

Резиме

Благој Бочварски праша зошто измените на законите за основно и средно образование, според него, ја зајакнуваат централната контрола, а им овозможуваат на општините со сопствени средства да исплаќаат плати на наставен кадар. Тој предупреди дека тоа може да ги оптовари општините, особено помалите.

Во објавениот одговор, министерката за образование и наука рече дека аналитички преглед на мрежата на основните училишта ќе биде објавен на веб-страницата на министерството. Таа ја образложи потребата од оптимизација со подобрување на условите и квалитетот на наставата, тврдејќи дека ниту еден наставник не бил отпуштен во последните две години. Во одговорот наведе и дека се дозволуваат паралелки со по три или пет ученици таму каде што е потребно.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Благој Бочварски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање во врска со законите за основно и средно образование за кои неодамна имавме дебата во ноќните часови кога пратениците на ВМРО ДПМНЕ ги предложија и ги бранеа како некаква реформа која патем речено не може да се нарече така во ниту еден случај. Затоа што задира само во два, три сегменти од целите законските решенија кои се крајно спорни, и на пример не задира во никој случај во сите новонастанати состојби кои ги носи новото време во образовниот процес. На пример, нови наставни програми, поголемо практично образование, поголема автономија, поврзување со пазарот на труд, проблемите со социјалните мрежи и менталното здравје на младите и така натаму. Да се вратам на прашањето. Сакам да потенцирам дека ваквите измени кои ги предложивте и се боревте да ги донесете, имаат сериозно влијание во многу сегменти од општественото живеење врз младите, а со тоа и врз иднината на државата. Понатаму, врз професорите и врз сите вработени во образованието. Но, овие закони носат и еден друг скриен трик, односно проблем кои на задна врата сакате да го протнете преку овие законски измени. На пример, се работи за еден од столбовите на кои се темели системот на државата преку доближување на услугите кон граѓаните, а тоа е процесот на децентрализација, започнат во далечната 2005-та година со тенденција државата низ годините да ги пренесува надлежностите кон општините и граѓаните. И да појаснам, децентрализацијата структурално е изразена преку политичка и фискална децентрализација. Политичката е во пренос на одлучувањето од централната кон локалните власти, а фискалната е за пренос на буџетските средства кон општините за да тие можат самостојно да ги извршуваат преземените обврски. Сега ќе се вратам на 2026-та година, 20 години после годината кога некои други луѓе започнале и носеле прогресивни одлуки за државата во делот на децентрализацијата, денес доаѓа време кога министерката за образование повторно не враќа кон 2005-та година. Да преведам, вие преку овие закони велите дека општините, отсега ќе можат да плаќаат повеќе финансиски средства, односно им додавате можност финансиски да учествуваат преку давање плати на наставен кадар, а вие како министерство отсега ќе имате повеќе ингеренции, односно досегашните политички ингеренции им ги кратите. Еве ги аргументите, досега во еден од членовите во овие два закони идентично, за средно и основно образование, се вели дека општината може да ја дополни добиената блок дотација со средства од сопствени извори, освен за плати на вработените во училиштата. А отсега со овој нов закон, кој што се уште е во собраниска процедура, велите дека ќе се избришат зборовите освен за плати на вработените во училиштата, што значи отсега општините вака свечено им делегирате дополнителни финансиски обврски и трошоци или издатоци, како сакате, од сопствени буџетски средства со можност дополнително да исплаќаат плати и на професорите и наставниците во образованието. Понатаму, досега во постоечкиот закон, во друг член за средно и основно образование е регулирано дека основачот може да формира паралелка со помалку од 20 ученици по добиено позитивно мислење од Министерството за образование и наука. Со оглед на тоа дека мислењето нема задолжително образувачки правен карактер сега во измените предлагате наместо мислење, да предвидувате согласност од Министерството за образование и наука, со цел обезбедување појасна и посилна надлежност и поефикасна контрола при формирањето на паралелки, така вие тоа го објаснувате. Па дополнително во образложението велите, почитувани градоначалници, совети, локални власти, овие измени се со цел по централизирано управување во образованието. Е ова претпоставувам е во делот на хуморот или парадоксот во режија на оваа Влада. Почитувана министерке, ако на ваков начин им додавате надлежности на општините или вие велите дека се децентрализира државата, тогаш можам да замислам само како би изгледало кога ќе кажете дека им кратите, на пример надлежности, ингеренции на локалните власти. Вие сакате да кажете дека со посилна контрола и надлежност од страна на централата, односно на министерството ќе го децентрализирате образованието. Затоа да заклучам, вие им ги одземате политичките одговорности и ингеренции преку зајакнување со Министерството со Институтот давање согласност од централата, а од друга страна не само што не им доделувате или пренесувате финансиски средства, односно не само што не им давате дополнителна финансиска самостојност, туку со закон им велите дека отсега, ако ви пуштиме на пример намалени финансиски средства за плати, снаоѓате се, наместо да изградите некој водовод или улица во вашата општина, ќе дадете некоја плата плус во образованието и во училиштата. Сега ќе го поставам првото пратеничко прашање. Каков е овој феномен, зошто правите ретрограден процес и на задна врата носите нова централизација и дали знаете дека со ваква политика пред се, малите општини ќе ги заглавите, а убеден сум дека и поголемите и посилните финансиски општини?

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 15 јули 2026 година Добар ден. Почитуван пратеник, ви благодарам на поставените прашања. Мислам дека навистина е корисно да ги расчистуваме овие прашања во Собранието каде што сите ќе бидат запознаени со аргументите со кои работи Владата, но ќе биде запознаена и јавноста, а се надевам дека она што ние го зборуваме во Собранието, ќе стигне и до ушите на наставниците, стручните служби, конечно и до целото население. На првото прашања во однос на законите, веќе повеќе пати сме дискутирале на темата оптимизација и повторно ќе ја дискутираме која е поврзана со она што се случува во Македонија. Пред извесен период ме прашавте дали има аналитички преглед на мрежата на основните училишта. Има, тој утре ќе биде објавен на веб страната на МОН, а анализата е правена од стручните служби на МОН, но во соработка со наши странски партнери. Мене ми е многу, многу жал што морам да кажам, но Заводот за статистика вели, дека во седумте години на владеење на СДСМ и ДУИ, 17 илјади ученици ја напуштиле оваа земја. Факт, јас не велам ни зошто, ни како, но велам дека тој е податок кои можете, е јавно достапен да го видете, 17 илјади ученици ја напуштиле државата. Кога зборуваме за оптимизација, важно е сите да разберат, особено родителите, дека не се на прво место наставниците и училиштата, на прво место се децата, ќе објаснам и за наставниците. Децата кои живеат во едно село, еве ќе зборам за подрачно училишта и се три на број и се во три различни одделенија, ниту се социјализираат, ниту можат да добијат квалитетна настава, ниту можат да добијат нешто од новата технологија, ниту можат да се натпреваруваат со нивните другарчиња. Потребно е да бидат во соодветна средина и тоа мислам дека сите се согласуваме и за тоа немаме дилеми. Сега одиме на она второто, што сметате дека е многу важно и за што постојано не обвинувате. Ниту еден наставник во овие две години не е отпуштен од работа, ги направивме кариерни советници, им даваме можност за асистенти за деца со посебни потреби, им даваме можност часовите кои им недостасуваат да ги сработат вон коликорните елементи. Дали сакаат општествена корисна работа, дали сакаат додатна дополнителна работа, дали сакаат клубови, хорови, оркестри, драмски секции, поетски секции, математички, работа со талентирани ученици и работа со ученици кои заостануваат во напредокот во учењето. Сето тоа треба да се изменаџира и Министерството заедно со Бирото за развој на образование постојано работи на тоа. Нема градоначалник кој не е примен, нема директор кој не е примен, нема училиште на кое не му е понудена помош. Во моментов проект имаме во 10, 15 училишта, небитни, за да им го организираме распоредот за сите наставници да бидат ефикасни во својата работа за нашите деца да не бидат последни на ПИСА. Еве графикон, вели вака, вкупно часови настава на возраст од 6 до 14 години, Македонија 6 илјади 816, Словенија 7 илјади 559, просек на земјите на ОЕЦД, 7 илјади 775 часови, за тоа се бори оваа Влада, за децата да стигнат до 7 илјади 775 часови и да не бидат последни на ПИСА. Не да ги отпуштиме наставниците, ни еден не изгубил работа. Дозволив паралелки од три ученика, дозволив паралелки од 5 ученика таму каде што е потребно и неопходно, но станува збор за распоред кој треба да се направи за да добиеме ефикасно и квалитетно образование за од кои иднината на државата зависи. Во ваква ситуација се доведовме затоа...

Сите пратенички прашања