Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Битиќи прашува за деблокирање на економскиот и социјалниот дијалог

Резиме

Фатмир Битиќи го праша министерот за економија и труд дали Владата има намера да го деблокира економскиот и социјалниот дијалог и кога ќе почнат да работат надлежните тела. Тој посочи дека нема најава за зголемување на минималната плата и ја поврза состојбата со поскапувањето и проблемите околу репрезентативноста на синдикатите. Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Фатмир Битиќи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер, економскиот совет, синдикатите и работодавачите треба да создаваат политики за заштита на вработените и пазарот на трудот. Ова е дисфункционално додека, прашањето на зголемување на минималната плата е во грч. Владата кој што го води овој совет, се дистанцира од вас, синдикатите нѐ делат, бизнисмените бараат зголемување на минималната плата на 500 евра. Но како да е ова намерно направено од социјален дијалог дека граѓаните секој ден и повеќе се посиромашни. Во јануари 2025-та година индексот на потрошувачката се зголеми за 9,4 во споредба со минатата година додека индексот на цените е зголемен за 5,2. Потрошувачката кошница е над 63 илјади денари, за да се, значи треба 2,9 минимални плати за потрошувачката кошница, додека Владата уште ова не го има направено. Еден дополнителен проблем е претставникот на застапување на синдикатите кои што ги имаат блокирано колективните синдикати за да нѐ им овозможуваат работа и да докажуваат кое е порепрезентативен. Немаме никаков конкретен случај, но немаме никаква најава за зголемување на минималната плата. Затоа барам од вас јасен одговор. Дали Владата има намера да го деблокира економскиот и социјалниот дијалог и кога ќе почнат да работат со нивните законски надлежности? Пратеничкото прашање го поставувам до министерот за економија и труд.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања