
Фатмир Битиќи
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Секое едно задолжување е обврска преземена во има на граѓаните. Товар врз идните Буџети и тест за тоа дали власта ја разбира демократијата како очетност и кога Владата носи одлуки за стотици милиони евра а Собранието го третира како последна станица на веќе донесени одлуки. Тогаш не е проблемот само финансиски туку и демократски. И, затоа почитуван министер, заменик министер очекувам денес да добијам одговор од ваша страна со кој граѓани ќе може да ја погледнат вистината за должничката архитектура што се гради. Во таа архитектура вашата партија успеа да вгради нови 260 милиони евра, нето задолжување но, вашите амбиции за нови задолжувања за жал не завршуваат овде. Не кажавте овде во Собранието но на фејсбук напишавте дека оваа година за отплата на евро обврзницата од 700 милиони евра дека половина од оваа обврска веќе е платена а остатокот ќе биде сервисиран во јуни 2026 година. Без при тоа да откриете или пак да кажете како ќе објасните, дали Владата во јуни подготвува ново задолжување од околу 350 милиони евра за остатокот на евро обврзницата и на кој начин планира да се обезбеди тој износ. И, ова најавено задолжување од ваша страна треба да се гледа во целокупниот контекст на долгот. Во декември 2023 година јавниот долг беше околу 8,5 милијарди евра. Денес според бројките што ги дискутиравме во Собранието, долгот се движи на околу 10,8 милијарди евра без новиот заем од 260 милиони. Со него приближно 11,1 милијарда евра. Ако на тоа се додаде можната нова должничка епизода од 350 милиони евра во јуни. Јавниот долг би се движен кон 11,4 но тука сметам дека не завршува. Има информации дека Јавното претпријатие за државни патишта преговара за нови околу 300 милиони евра. Паралелно се споменуваат разговори за уште една милијарда задолжување со земја членка на НАТО. А, доспеаните и не платени обврски се движат околу 700 милиони евра кон стопанството. Дел од овие обврски можеби формално не се евидентираат како јавен долг според истата методологија но, економски тие се реален твар врз ликвидноста на компаниите, институциите и граѓаните. И, затоа пресметката што ја ставам пред јавноста и вас е следна: 10,8 милијарди евра постоечки јавен долг плус 260 милиони евра нов заем, плус можни 350 милиони во јуни, плус евентуално 300 милиони евра преку ЈПДП, плус една милијарда преку преговори со земја членка на НАТО, плус околу 700 милиони евра доспеани и не платени обврски во стопанството. И, тоа е потенцијален и јавен не платен финансиски товар од околу 13,4 милијарди евра. И, моето прашање е: Дали ја потврдувате или демантирате оваа пресметка. Кој од овие задолжувања се во подготовка. Затоа што, граѓаните имаат право да знаат дали Северна Македонија е длабоко навлезена во должничката спирала или Владата конечно има план што не се сведува на нов заем за стар проблем.