Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Битиќи праша за мерки за раст на платите и животниот стандард

Резиме

Пратеникот Фатмир Битиќи праша дали Владата има конкретни политики или мерки со кои работата ќе обезбеди пристоен живот, посочувајќи на растот на трошоците и на тоа дека минималната плата е под минималната кошница.

Министерот одговори дека Владата се насочува кон долгорочни политики, вклучително поддршка за малите и средните претпријатија, квалификација на невработените и мерки за вработување. Најави дијалог со засегнатите страни за зголемување на платите, а рече дека евентуални законски интервенции ќе следат ако се утврди потреба. За јавниот сектор најави зголемување на платите за 20% оваа година и 40% до 2028 година.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Фатмир Битиќи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање е за господин Дурмиши. Почитуван, платата е мерка која може да покаже дали работникот може да преживее. Статистичките показатели не гледаат колку му останува на граѓанинот и се губи стандардот. Во март 2026 година, нето платата беше 48.433,00 денари. Но, месечната динамика покажува нешто посложено. Во ноември 2025 година, платата беше 45.961,00 денари. Во декември 46.859,00 денари, во јануари таа се намали на 46.617,00 денари, во септември уште повеќе се намали, додека во март се зголеми на 48.433,00 денари. Почетокот на 2026 година имаше негативен тренд кој се коригираше само во март. Платите почитуван, треба да се гледаат заедно со цените. Во април трошоците за живот на годишно ниво се зголемени на 5,7%, додека цените на мало 5,5 %, да не навлегувам во детали, во различните сектори. Прашањето бидејќи немам време и за на крај. Почитуван министер, дали Владата има конкретна политика или конкретни мерки кои ќе обезбедат дека работата да носи добар живот, особено во услови кога минималната плата е под минималната кошница и ова многу потешко ги покрива трошоците за живот. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Почитувани пратеници, почитувани колеги министри, почитуван премиер, почитувани граѓани, На почеток дозволете да ви честитам Курбан Бајрам на сите верници муслимани. Што се однесува до поставеното прашање од пратеникот, од почеток ние сме кажале дека нема да се занимаваме со краткорочни мерки, но ќе се занимаваме со сериозни политики и решенија кои ќе бидат долгорочни и кои ќе го одржат и стандардот на граѓаните и ќе имаат и продуктивност и зголемување на наплатите. Паралелно работиме и со структурните политики, кои што имаат за цел зајакнување на долгорочен план и намалување на сиромаштијата. И ова е причината поради која ние како Влада ние ги поддржуваме малите и средните претпријатија кои што се главната цел на движењето на економијата на нашата држава и исто така тие се и метата каде што отворат повеќе работни места. За програмите кои што веќе се јавни за малите и средните претпријатија и побаравме од сите претпријатија да аплицираат. Ова е една мерка која што се води од Министерството за економија, за да се зголеми внатре конкуренцијата и исто така да создадеме повеќе работни места. Затоа за законите за поддршка на инвеститорите, кој што Закон имаше измени и ги поддржуваме и внатрешните производители и надворешните и да имаат поголем капацитет и зголемување на вработените и да ги зголемат и платите кои што се внатре во претпријатијата. Исто така ќе се зголеми и во државата. Според оперативниот план обезбедивме поддршка за сите млади, за сите граѓани кои што се невработени и за квалификација на тие кои што се невработени, бидејќи според податоците кои ги имаме од Завод за статистика, имаме 90 илјади граѓани. Овие бројки се откако сме дојдени во Владата и се соочуваме со оваа бројка. Од 90 илјади, 45 илјади од нив се со основно образование. Затоа ние создаваме мерки да имаме квалификација за нив и после да можат да се вклучат на пазарот на трудот. Според активните мерки за вработување и поддршка на претпријатијата само во минатата година имавме можност поголем број на граѓани да отворат нивни бизниси и ова е една голема промена која што ја правиме и сите овие мерки што ги спомнав, создаваат реална можност за да бидат зголемени платите во приватниот сектор. Затоа ние работиме, внатре во Министерството, имаме податоци кои што ни се земени од релевантни институции и ќе излеземе со податоци. Определени сектори ќе можат во приватниот сектор да имаат што поголеми плати. Значи во наредниот период ќе имаме дијалог со сите заинтересирани страни за да бидат зголемени платите. Ако има потреба за интервенции во законите, тогаш тие ќе бидат добро изготвени и ќе излеземе со конкретни чекори. Исто така за да се одбранат и ранливите категории на граѓаните. Тоа што се однесува до јавниот сектор, нема лице кое што има минимална плата, значи сите имаат плати поголеми од минималната плата и според дијалогот што го имавме ќе биде зголемена платата за целата администрација и во јавниот сектор, во сите институции ќе имаме зголемување за 20% само оваа година, заедно со зголемување на минималната плата. Секој вработен ќе има зголемување на плата и во идната година до 2028-ма, кога ќе завршиме со мандатот, ќе биде 40% зголемување на платата во јавниот сектор. Истовремено работиме заедно со Министерството за земјоделие да донесеме мерки кои што ќе бидат долгорочни за да се ослободиме од увоз на прехранбените производи кои што ни се од соседството. Автоматски со поддршка на земјоделците во нашата држава и со поддршка на претпријатијата ќе имаме зголемување на БДП и исто така ќе имаме постабилен стандард за животот на граѓаните. Што се однесува на овие мерки, за секоја мерка ќе има и контрола и информации околу тоа за јавноста, но и информација и за нас, сите мерки какви резултати дале по имплементација. Ако резултираат тие мерки дека нема да го донесат потребниот резултат, секако дека ќе имаме други мерки. За разлика од другите влади кои што имале мерки и имале распределба на средствата, но никогаш немаше фит бек или информација до каде се тие резултати или каков ефект има дадено тие мерки. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања