Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Битиќи праша за критериумите и трошоците на унгарскиот кредит

Резиме

Пратеникот Фатмир Битиќи ја праша министерката за финансии зошто е повлечен целиот кредит од 500 милиони евра, иако, според него, критериумите за стопанството не биле објавени и средствата не биле доделени. Побара појаснување за евентуален анекс на договорот, трошоците и провизиите, како и кога ќе бидат објавени критериумите. Неговите тврдења за финансиските последици и нетранспарентноста се дел од поставеното прашање.

Министерката одговори дека дел од средствата се наменети за Развојната банка и општините, дека нема анекс на договорот и дека информациите за трошоците се достапни. Таа рече дека производот е објавен од Владата, дека банките веќе разгледуваат кредитни барања и дека започнало префрлањето средства за општините.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Фатмир Битиќи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Денеска повторно, за жал, ќе морам да отворам неколку теми кои зборуваат на темата транспарентност на оваа Влада и за мене е отсутно чувството на одговорност кон јавните финансии. Ќе упатам три прашања, сите прашања се однесуваат на почитуваната министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. Првото прашање се однесува на унгарскиот кредит, кој беше, како што неколку пати кажував, вонинституционално договорен, изгласан без јавна дебата и со отворени сомнежи за корозивни намери и коруптивни практики. За само шест месеци успеавте да ги доведете граѓаните во состојба на финансиска нестабилност, со кредитот се создаде финансиски товар и предизвика длабоки импликации врз економските и институционалните процеси во земјава. И покрај ова, Владата остави многу отворени прашања и недоречености. Ветената распределба на првата транша од 250 милиони евра, која требаше да започне овој месец, нема ништо од тоа. Средствата не се доделени ан стопанството. Банките се уште ги немааткритериумите за пласирање, а граѓаните веќе плаќаат камата за неповлечени средства. Почитувана министерке, зошто целата сума беше повлечена одеднаш ако не постои јасен план и институционална подготвеност реализација. за нивна Јавноста заслужува да знае дали можеби поради грешки во договорот за задолжувањето со првите 500 милиони евра, моравте да потпишете анекс на договорот, затоа што парите поради пропустот не можете да ги префрлате кон други субјекти, како Развојната банка и општините. Ако ова не е точно, дали тогаш парите ги немате префрлено во Развојната банка поради неликвидност на Буџетот, односно ги ускратувате на стопанството за да ги потрошите за тековни буџетски расходи. Воедно се кријат информации за трошоците на кредитот. Годинава еден милион евра беа пренаменети за договорни услуги, но за што точно се трошат овие средства, дали за банкарски провизии или за консултантски услуги, се уште нема одговори. Покрај провизијата од 0,5% за неповлечени средства, добиваме и скриени трошоци за правни услуги, кои во суштина немаат никаква врска со македонските институции. Затоа што ќе се плаќаат не само за заштита на правата на Банката, туку и за спроведување и на нејзини права од договорот за задолжување. Едноставно е овде прашањето на кое граѓаните треба да слушнат одговор. Колку плативте на компанијата која ја избра унгарската компанија и може ли на доставите доказ за тоа. Во меѓувреме, додека упорно се фалите со историски најниската каматна стапка, знаејќи дека сме имале пристап и од кредити со 1,6% каматна стапка за стопанството, намената на кредитот ја проширувате, од инвестиции во опрема и фабрики во изградба на трговски центри. Ова проширување на целите ја зголемува конфузијата и остава впечаток на импровизација наместо на јасен план за поттикнување на продуктивните капацитети на економијата. Овие средства се претворени во таканаречен корозивен капитал, капитал кој ги еродира институционалните капацитети, ги поткопува демократските процеси и ја зголемува ранливоста на државата пред странските интереси. Почитувани колеги и колешки, корозивниот капитал има својство да создава неформални економски и политички влијанија кои ги заобиколуваат транспарентните и демократски механизми за носење одлуки. На овој начин кредитот, наместо да биде инструмент за прогрес, станува алатка за подлабока институционална зависност и несигурност. Во однос на финансискиот товар кој е создаден, според пресметките, само за камати на ова задолжување државата ќе плати 384 милиони евра за првите 500 милиони евра. ова значи дека граѓаните ќе платат повеќе по основ на камати, провизии и скриени трошоци, отколку што ќе добијат како реална економска корист. Дополнително, јавниот долг се очекува да надмине 70% со новото задолжување. Ќе сублимирам, прашањето на кое сакам да добијам одговор од вас министерке е, кои се критериумите за стопанството, зошто се уште не ги објавувате и кога јавно ќе ги објавите, дополнително со сите потпрашања што беа поставени.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Почитуван потпретседател на Собранието, почитуван претседател на Владата на Република Македонија, почитувани колеги министри, почитувани пратеници, за ова прашање веќе одговарав еднаш минатата недела и најверојатно некако многу имаме желба да го драматизираме и да излегуваме надвор од она што е реалност. Реалноста е следна. Првиот кредит од 500 милиони евра беше повлечен затоа што дел од тие средства беа точно наменети за Развојна банка и дел од тие средства беа наменети за општините за кои што веќе реализација следи. Во однос на кредитот најпрвин да кажам дека и претпоставувам дека тоа најмногу ме боли зошто не плативме повеќе од еден милион евра кон меѓународните институции кој што посредуваат при издавање на еврообврзници и сега ви смета затоа што овој кредит од 500 милиони евра не чини само 70 милиони евра трошоци кон правниот субјект. Воедно не е ништо скриено и се е транспарентно и го имавте во рамки на законот кој што го гласавте. Понатаму, транспарентност имате во Министерството за финансии преку алатката оупн сајманс. Значи не гледам простор за лажги и манипулации кога доволно транспарентни работи има на страницата на Министерството за финансии. Во однос на анексот, не знам за како анекс зборувате. Ако имало анекс на договор тогаш требало да помине во Собранието. јас не се сеќавам дека анекс сум доставувала до Собранието за потпишување. Така што податоците се многу јасни, законите се многу јасни и сето тоа што го кажавме до сега е така како што и вие сте го добиле на хартија. Разбирам дека ви смета и исправно е да ви смета, затоа што плаќавте по повеќе од една милијарда, од еден милион евра трошоци. Е сега со 70 илјади евра нема споредба и сега боли, боли многу. И не само тоа во однос на јавниот долг не знам каде е проблемот. Вие бевте вицепремиер за економски прашања. Го погледнавте Буџетот за 2024 кога се носеше на Влада? Видовте таму дека има 500 милиони евра за еврообврзница? Истите се. Само не со 6%, повеќе од 6%, туку со 3,25 и со многу по поволни услови. И со помалку провизии како што кажав. Истите се. И јавниот долг не е 70%. Не знам кај прочитавте дека е над 70%. Јавниот долг е 62,7%. Со крајот на годината верувам дека ќе биде и помал затоа што оваа Влада работи неуморно и очекуваме многу повисок раст на БДП во четвртиот квартал и како резултат на тоа очекуваме и понизок јавен долг. Е сега знам ви смета. Ви смета затоа што многу искрадовте. Еве сега во овој момент да ви кажам дека еден е веќе уапсен од финансиската полиција и се носи во моментов во Обвинителство. Ви смета затоа што полека, полека одговараат еден по еден. Би ми сметало најверојатно и на мене да сум на вашата страна, но никогаш не би се нашла во таква позиција, затоа што многу домаќински се однесуваме. Значи граѓаните да бидат спокојни, нема анекси на договори. Производот е точно дефиниран и објавен од страна на Владата на 26.11. Банките многу добро тоа го знаат. И претпоставувам дека исто така многу добро знаете кога се оди да се аплицира во некоја банка за кредит има процедури, а процедурите велат дека секоја фирма треба да си ги однесе таму документите, билансите, се прават анализи, па одат на соодветни кредитни тела. Но добро, можеби не знаете не сте работеле во банка и не очекувам да го знаете тоа. Ама јас како човек кој што точно директно работел во тој дел многу добро знам како функционираат работите. И не е точно има банки кој што веќе работат на одобрување на овие кредити. Така да не се грижете. А во однос на средствата за општините веќе оди реализација и префрлање на средства и во тој дел. Кога ќе стигнеме и до капиталните е разговараме и за тоа, ова е во однос на првото прашање.

Сите пратенички прашања