О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Благодарам госпоѓо претседател. Господине Беџети ви благодарам како и секогаш. Меѓутоа, знаете како две години поминаа, но постојано поставувате исти прашања или вртите исти тези. Просто едноставно не можам. Колку пати треба да повторувам едни исти работи за да успееме да се разбереме. Ќе почнам од таму каде што заврши претседателот на Владата и мислам дека тоа правило ќе треба да го преземете како начин на однесување. Има една изрека која вели, секој јазик е свој што не говори против твоите интереси или не ги загрозува твоите интереси. Обидете се барем еднаш во она што го работите со јазикот кој го употребувате да не навредувате други, да не ставате под сомнеж други, да не се обидувате другите да ги етикетирате на различни начини, туку да се обидувате да зборите со јазик со кој што ќе може да се изгради доверба. И ако ве интересира таа доверба од таму каде што сум пратен и таму кај што сум избран и таму каде што работам Албанците ја прифатија на сосема добар начин и тоа можете да го проверите. Ве повикувам да дојдете заедно со мене, да ги посетиме сите простории во Министерството за односи меѓу заедниците, да се уверите дека ова што ви го зборувам е сосема точно, дека е точно дека ниту еден Албанец од Министерството не е поместен од своето работно место. Истата управувачка структура во Министерството е уште од Артан Груби. Што се обидувате да докажете, што сакате да кажете. Сакате да кажете дека некој некого дошол да малтретира нешто, а суштината или работната состојба е сосема поинаква од она што вие што го зборувате, или најлесно е ќе го минете Стоиљковиќ, ќе зборувате со јазикот на омраза, а јазикот на омраза кон Србите ви е добар ден и добро утро и го користите веќе дев години во секое соопштение кое го објавувате и мислам дека треба да прекинете со таа работа затоа што наменски ви го реков секој јазик е ваш што не зборува контра вашите интереси. Инаку, тоа што сум направил за кратко, и на македонската јавност, и вие знаете дека јас влегов најцрната институционална дупка во уставно правниот систем на Македонија која беше резултат на работата на вашата партија, најцрна, знаете што е најцрна институционална дупка. Значи таму каде што немаше ниту едно правило за работа во Министерството, претходно нели Секретаријатот. Да ве потсетам има преку дваесетина кривични пријави од излезени од Министерството, има еден куп пријави до финансиска полиција, знаете и самите. Да не ви го спомнувам криминалот кој беше таму присутен е верифицира и со извештајот на Државниот завод за ревизија. Значи зошто се навраќате на нешто што не треба да се навраќате затоа што тоа ви штети, не ви помага нападот кон мене по системот тој е пријател со Додиќ. Па да Додиќ се качи на месечина, одите во Америка, а вас веќе никој никаде не ве прима, тоа е проблемот. Таа фрустрација спрема вашите се обидувате да ја преселите кон мене. Меѓутоа не можете. Еве сега да ви кажам што сум направил, да биде цитирано точно, да не биде импровизација.
Знаете нели кој е Томас Вајт. Тој кажал дека постојат исклучителни позитивни чекори и постои акциски план за прашањата на припадниците на малцинствата и тука има сериозен напредок. Во тоа Министерство јас сум министер. Сега сакате да кажете дека Томас Вајт немал појма, дека вие знаете нешто подобро од Томас Вајт, баш не сум сигурен дека сте во право. Но тоа е фер резултат затоа што живеете сеуште во свет кој е далеку од она што вие сте го замислувале претходно, а тој свете претходно беше да ние сме на власт и ќе правиме што сакаме, па дури и најцрн криминал. Меѓутоа претпоставувам органите на прогонот и она што се што следи ќе даде одговор на тие прашања. И сега ве прашувам како тоа се има, таму се дружи со секого, а добил позитивни оценки од меѓународната заедница, соработува со ОБСЕ, со Европската Унија, еве сега најново ќе ви кажам. Во соработка со организацијата за европската безбедност и соработка преку грант работиме на Стратегија за развој на интеркултиларизам и општествена кохезија од 2027 до 2032 година. Мислите тие ОБСЕ не знаат ништо, вие ќе им објасните кој е Иван Стоиљковиќ, тоа сакате да кажете, ве молам. Сето она што се обидувате да го кажете е сосема спротивно од она што е реална состојба и се обидувате вашите сограѓани да ги држите во систем дека некој работи нешто против нив. Дојдете со мене и во Куманово да видите како живеам со припадниците на Албанската заедница во Куманово, ќе се изненадите. Тоа што го зборувате е толку далеку од вистината да едноставно, просто, не знам сте навлегле некаде во свој свет и тој свет не ви дозволува да излезете надвор и се додека не излезете од тој свет, власта во државата ќе биде многу далеку од ваши раце. Време е за еден сериозна трансформација која ќе води сметка за сите и улогата и придобивките во Министерството со изминатиот период е она што вие го работевте само за Албанците, сега се работи за сите. е тука се резултатите и тоа можете да го проверите кај припадниците на сите заедници во нашата држава. Ако треба уште дополнителни објаснувања ќе ви дадам. Јас знам што ве боли. Изгубено е, условно кажано седиштето на паралелната држава во Македонија таму каде што се донесуваа сите одлуки, таму каде што се креираше се во државата, таму каде што се управуваше со државата и таму вие веќе немате никакво влијание. Знам дека ве боли, меѓутоа јас тука не можам да ви помогнам, граѓаните не ви дадоа доверба. Благодарам.