Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Беџети праша за надзор над клубот „Пулс“, Тошковски се повика на тековната постапка

Резиме

Блерим Беџети го праша министерот за внатрешни работи како клубот „Пулс“ работел повеќе од една година без лиценца и без инспекција. Тој изрази сомнеж дека институциите не постапувале и праша дали истрагата ќе ги опфати сите одговорни, без селективна правда. Неговите тврдења за пропусти и политички мотиви беа изнесени како прашања и сомнежи.

Министерот Панче Тошковски одговори дека МВР постапувало во координација со јавен обвинител и дека по поднесувањето на кривичната пријава постапката е во надлежност на обвинителството. Рече дека министерството ќе постапува во рамките на законските овластувања, без да ја осуети истрагата и без однапред да посочи конкретни виновници. Во одговорот упати и политички критики кон претходното управување со Министерството за економија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Блерим Беџети

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 3 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање е до министерот за внатрешни работи каде што после една трагедија можеби најголема во државата каде што имаме 59 жртви, еднашка ќе изразам сочувство до сите семејства кои што ги загубиле нивните членови. На болните да им посакам што побрзо закрепнување. Ова беше една тешка трагедија за нас како држава. За жал Собранието немаше можност да дебатира. Денеска сите парламентарни групи ќе поднесеме барање за Анкетна комисија бидејќи овдека, ми е зборот целата ситуација сака да се менаџира само со пијар и без да се земе одговорност со случајот што се случи. Но од одговорите што ги очекувам од првите прашања нема да бидат принципиелни за ситуацијата што се случи. Официјалните документи и анализите од експертите овој локал функционирал во спротивно со правилата за безбедност. Додека инспекторатите очигледно е дека ги затвориле очите, не само овој објект каде што немаше валидна лиценца, но и не беше субјект на редовните инспекции каде што беше, како што имаше една изјава, по пријава требаше да има инспекции. Беше една точка каде што се собираа стотици граѓани секоја ноќ, ова не беше скриено, туку беше рекламирано во сите социјални мрежи. Како има можност МВР, Државниот инспекторат и локалната полиција и соодветните институции свесно ставиле бомба со часовник. Дали оваа голема негриженост или е дел од коруптивниот систем каде што бизнисите оперираат надвор од институциите. После да се случи една трагедија па да имаме внимание. Нај вознемирувачки е дека претставниците на Владата продуцираат дека лиценцата е фалсификувана и објектот немал лиценца повеќе од 1 година. Ако е ова вистина, кој го држел овој бизнис отворен, како нема ниту едно истражување за актуелни функционери од Министерството за економија и надлежните од општината кои беа надлежни за затворање и отворање на таков бизнис. Зошто Владата е фокусирана само на едно име, на политички аспект, зборот ми е на поранешниот министер Бектеши поранешен министер за економија, туку има една цел, имаше други луѓе кои што беа вплеткани. Можеби овој случај не е ништо повеќе од една политичка игра за да најдат еден претходен виновник, додека вистинските виновници да се покријат позади седиштата на Владата. Дали имаме селективна правда и сите овие дилеми вие секако по професија сте и адвокат и детално ги знаете случаевите и ќе дадете одговор. Граѓаните имаат право да поставуваат прашања, дали е ова политичка одмазда да се покријат вашите работи и дали ќе смеат Органите на правда да бидат гонети сите виновници или ќе имаме селективна правда или како курбан ќе биде таму кај што е полесно. Конкретното прашање е до вас господине Тошковски, ноќниот клуб Пулс работел повеќе од една година без лиценца, ниту имаше ниту една инспекција од надлежните.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 3 април 2025 година Вие сте исто правник како и јас. Многу добро знаете дека со поднесување на кривичната пријава од страна на Министерството за внатрешни работи која што во минатото била замислена именка да биде поднесена каде што се случуваа вакви трагични настани, од тој момент па натаму, во целост во рамки на постапката е јавното обвинителство. Министерството за внатрешни работи и пред поднесување на кривичната пријава во целост работеше во координација, соработка и по наредба на јавен обвинител во однос на оние сите процесни дејствија кои што беа преземени. Е сега, тоа во делот на прашањата поврзано со истрагата од процесен аспект кој и што и како е надлежен и одговорен. Во делот на прашањето, кој го држел овој бизнис отворен. Освен што сте правник, сте и висок функционер во една политичка партија која што не знам колку години 15, 20, не знам колку години управуваше со топа министерство. Колку години управуваше со тоа министерство, министри предложени од страна на ДУИ. Колку години управуваше, јас не памтам, не ни памтам дали имало друг министер кој што управувал со тоа министерство освен министри од ДУИ. Памтите вие некој, можеби имало некогаш, ама јас не памтам, јас не памтам и сега кој го држел отворен бизнисот со лиценците, незаконитостите и сето она што е незаконски преземено во врска со Министерството за економија. Мене ме прашувате? Мене ме прашувате. Кој го држел отворен бизнисот? Значи, министерот за внатрешни работи постапува во рамки на неговите процесни овластувања согласно закон и знам дека сте изненадени затоа што во минатото тоа не сте го гледале тоа, знам дека сте изненадени, но овој министер за внатрешни работи нема да ја осуети постапката по ниту еден основ во моментот на истражни дејствија кои што се преземаат од страна на истражните органи. Никогаш нема да ја осуети и никогаш нема да фрли вина конкретна на конкретно име и презиме без разлика тоа дали тоа вас ви се допаѓа или не ви се допаѓа. Да, на степен на основи на сомнение, тоа е основен почетен степен во рамки на една кривична постапка каде што врз основа на собрани докази ќе поднесува кривични пријави и ќе отвора истражни постапки. Да, тоа и го правиме, за разлика од ваше време, без разлика дали сте биле партнери со едните или со другите, кога без разлика дали тоа било во ваш интерес или во интерес на вашите партнери, се затскривале работите, не се постапувало и до ден денеска тетовчани бараат одговор од нивните сограѓани кои беше крив. Не веруваат дека бил крив кабелот, не веруваат дека бил крив кабелот, не веруваат и јас не верувам, и јас не верувам. Е сега, каде во постапките каде што вие со вашите партнери во минатото, кабелот го обвинувавте, па на друго место пајакот го обвинувавте, па на трето место не знам кој ви беше крив. Овде виновците без оглед на тоа дали биле блиски на едни, други или трети, не ме интересира тоа, не ме интересира, криминалците на кого се блиски, не ме интересира, не ме интересира, брат да ми е ќе одговара, брат да ми е ќе одговара. И народот гледа разлика и ова се факти, и ова се факти. И сега јас разбирам, како што и на вашите партнери, така и вас, не ви е верно, си викате сега чекај сега, како овие може вака да постапуваат. Вашиот како да кажам, перцепцијата ваша и вашата логика на аргументи и на факти не подразбира дека на крајот треба да има одговорност, ама вистинска, не кабелот, пајакот итн, вистинска, вистинска одговорност. Па едниот предмет од 2019-та, другиот предмет е од 2021-ва, третиот предмет е од 2021-ва, се на се во сите три предмети, во сите три предмети кај што изгореа огромен број на луѓе немате процесуирано ниедна петина од тоа што ние процесуиравме сега. Знаете ли зошто? Затоа што се сте ставале под тепих, затоа што само кабелот ви бил крив, затоа што само пајакот ви бил крив, тоа ќе остане синоним за вашето време заедно со вашите партнери. Тоа ќе остане синоним, а Македонија и македонскиот јазик колку и да се огорчени, колку и да се бесни, колку и да се гневни, се уште имаат надеж заради тоа што гледаат разлика од вас.

Сите пратенички прашања