О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Се обидував да ја видам суштината на прашањето на господинот Беџети, и мислам дека успеав да дојдам до некаков заклучок од сето тоа што го кажа, бидејќи јас од тоа што го зборуваше овие неколку минути добив впечаток дека се повеќе од три прашања, но претпоставувам тоа е поради што се обидуваше да се адаптира на ново настанатата ситуација како што го разбрав на почетокот. И потоа ќе дојдам на крајот кога констатираше дека бил поранешен министер за правда. И замислете поранешен министер за правда излегува на оваа говорница, нормално тука може се да каже и кажува јас сум инженер, не сум правник, но според она штом имам некакво енциклопедиско познавање од правото, неколку правни небулози, неколку правни небулози, неточности, непрецизности, но сето тоа ќе го сфатам поради ново настанатата состојба на политичката опција која што ја претставува овдека во Парламентот и нема да му земам за зло. Туку ќе речам, еве во духот на континуитетот од претходниот поранешен коалиционен партнер, а можеби и сегашен, ќе речам дека се обиде да биде конструктивен господинот Беџети во поставувањето на прашањето. Па така ќе се обидам да дадам и јас свој коментар во насока на одговор на прашањата. Ја разбирам потребата, ваша лична и на политичката опција која што ја претставувате и како координатор, но и како висок функционер да од политичка партија која што во минатото имаше главен фокус на јавните набавки или народно кажани тендери, па преку еден момент да се насочите кон зелената агенда, па да станете екологисти, па од тука да се префрлите во делот на енергетиката, во делот на копање јаглен, увоз на јаглен и слично, па на моменти како политичка опција да сте прилично активни во делот на игрите на среќа и конечно на крај откако дојдовте во опозиција, да се обидете внесете поларизација на мулти етничко општество како е нашето со едно етнички теми, повикувајќи на етнички легитимитети итн, итн. А во суштина вие сте одбрале, да влегувате во конфликт со најголемите, а тоа е ВМРО ДПМНЕ. И мислите дека ако влезете во фрикција со ВМРО ДПМНЕ и конфликт на оваа тема, дека тоа ќе ви донесе позитивни резултати во средината каде што вие функционирате и најверојатно е така во таа средина. Во таа микро околина тоа и ви носи позитивни резултати, но тие и без ова ќе ви носат, затоа што тие повторно си викаат можеби еден ден, за неколку децении од денеска повторно ќе бидеме во Владата и можеби тој ден повторно ќе се вратиме на старата агенда, тендери, јагленче, игри на среќа итн, итн. Имаат надеж некаква, тие малкумина, но верувајте големиот дел немаат. Јас еве да речеме не именувам, со кој, но со голем дел од градоначалниците кој што доаѓаат од вашата политичка опција разговарам и навистина имаме одлична комуникација затоа што се сите задоволни што прави оваа Влада коалициска, во која што составен дел се Коалицијата твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, Коалицијата ВРЕДИ, политичката партија ЗНАМ, за сите општини и за сите граѓани и сите тие велат, ова повеќе од 20 години бевме во Влада нашите не го правеа. Јас велам во ред, сега дојде таква Влада која што не ги дели луѓето нити по етничка, ниту по партиска, ниту по било каква припадност, туку целта е да испорачува проекти и да работи за сите граѓани. И јас ве разбирам, ќе повторам дека и во иднина ова ќе го правите, ќе парализирате, ќе ставите на говорница моноетнички теми како што вие ги нарекувате, ќе се обидете да создадете етнички конфликт, создавајќи тензија со најголемите. Тоа е Коалицијата Твоја Македонија, јас ве разбирам дека така сакате да функционирате, верувајте нема да ви успее, верувајте нема да ви успее, ова е еден мој совет, но вие терајте како мислите. Јас вака ви зборував пред 10, 12 месеци и тогаш велевте, овој не знае што зборува, блада, сонува итн, итн, но жалам што не го послушавте советот, еве повторно ви давам добронамерен совет, фокусирајте се на вистинска испорака кај граѓаните, ова не е тема која што граѓаните ги удира во глава, над глава, верувајте затоа што знаат дека се манипулирани. Затоа што кога ќе дојдат во центарот на градот Скопје и кога ќе го видат трговскиот центар Соравија веднаш си спомнуваат што е позади оваа реторика. Или пак, кога ќе поминат покрај една друга зграда и кога ќе видат дека таму има бегалци од правдата поради постоење основано сомневање за сторен криминал, веднаш знаат што е позади оваа реторика. Дека во суштина не станува збор нити за етнички легитимитет или не легитимитет, туку станува збор само за обична дневна политика и злоупотреба на чувствата на граѓаните поради остварување финансиски бенефит. Тоа е вистината, но кој сум јас да ви давам нели јас совети, вие сте многу поискусен од мене како што рековте поранешен министер за правда во една 26-00/7друга Влада каде што исто така разговаравте отприлика за едни вакви теми претпоставувам поранешен градоначалник на една скопска општина, општина Сарај итн, итн. И претпоставувам вие знаете што е најдобро за вашата политика, тоа е мој совет. Така што, да завршам поврзано со она што успеав да го констатирам во оној воведен, но не многу јасен дел од вашите неколку прашања. Би сакал да ви кажам дека како Влада функционираме со една единствена цел, а тоа е да го направиме сето она што вие повеќе од 20 години не успеавте, за доброто на сите граѓани. Да се обидеме сите оние празни села кои што ги оставивте позади вас, граѓаните кои што ги напуштија тие празни села и во струмичко и во кичевско и во штипско и во гостиварско, барем некој од нив да ги вратиме назад, повторно да оџаците почнат да димат и повторно светло да се гледа таму, затоа што тие луѓе почувствувале дека во оваа Влада има некаква надеж дека ќе не биде, дека конечно правда ќе има за сите, а не за малкумина, а за сите други ќе биде тоа неправда. И тоа го прави оваа Влада господине Беџети, и ќе продолжи да го прави тоа колку и вас да не ви допаѓа, а вие продолжете си, никој не ве сопира, тоа е убавината на слободна демократска држава во која што вие ќе излезете, ќе повикувате на насилие, ќе повикувате на бунт, ќе повикувате на дестабилизација, ќе се обидете да бидете главен дестабилизирачки фактор во земја која што за среќа има одговорна Влада која што се грижи за доброто на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност и етничка и политичка различност и ќе се бори да направи подобар живот за сите и за оние генерации кои што, за жал не се денеска со нас, се некаде по светот, затоа што и таму бараат шанса, надеж која што за жал не ја добија тука. Зошто? Мислам дека вие како поранешен министер и човек долги години во политиката, можете да дадете одговор во некој други времиња и најверојатно многу од денска ќе треба да дадете одговор и оние генерации кој што допрва доаѓаат, кој што ќе ја бараат својата шанса овде, тука во оваа наша заедничка татковина Македонија во која што се обидуваме да бидеме како беше она европско мото, обединети во различностите без разлика дали тие се политички или дали се тие господине Беџети етнички разлики. Јас само можам да ви кажам дека сето она кое што сме го ветиле пред граѓаните, пред изборите, ние како Влада заеднички достоинствено, чесно ќе го исполниме и ќе го испорачаме во интерес на сите граѓани, не на малкумина кој што можеа да се пофалат со еден убав раскошен возен парк. Од возила од марката ролс ројс, мерцедес Мајбах, кои што уживаа во летување и зимување на егзотични и мондемски места кои што никнуваа со инстант бизниси и милионски преку ноќ, тука ќе застанам поради почит. Дополнителен одговор:
Господине Беџети, јас се чувствувам исто како што се чувствував, да речеме, таа 2018 година кога дел од тогашното раководство на Демократската унија за интеграција, доаѓаше на состаноци во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, политичката партија која што ја водам, и кога разговаравме околу оваа тема за која што сега вие зборувате, но изгледа не ви ги кажуваат сите работи и не ви кажуваат што е тогаш разговарано. И најверојатно не ви кажуваат што е разговарано пред и после тоа. Затоа што кога би ви кажале, тогаш ќе знаете дека ова што го зборувам не се небулози. Туку се многу блиску до вистината, а можеме и да одиме чекор понатаму и да ја слушнете и вистината. Затоа што вистината порано или подоцна, како беше онаа во која што Влада бевте вие, се сеќавате, е како шило, нели така беше, во таа Влада бевте. Ете така. Таа порано или подоцна секогаш излегува господине Беџети. Така што, секогаш кога ќе се обидете со евтини политички трикови на дневна политика да ги средувате работите, ќе губите. Секогаш ќе губите. Кога ќе ги гледате работите над ситуација, што би рекол еден ваш член, идол на некој од опозициските пратеници, да ја гледаме големата слика. Тогаш можеби и ќе сфатите што сум сакал да кажам. Но она кое што сакам да ви го кажам последно и тука ќе застанам, бидејќи има уште едно прашање таму. Немојте никогаш, никогаш во политиката да плукате нагоре, затоа што ќе ви заврши во чело.