Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Беџети праша за Законот за јазиците и ставовите на Венецијанската комисија

Резиме

Блерим Беџети го праша премиерот дали ќе ги почитува ставовите на Венецијанската комисија дека европските стандарди за употреба на јазиците се минимални и дека државите може да обезбедат пошироки права. Тој посочи дека расправата, според него, треба да се води за институционалните капацитети и спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, а не за неговото укинување.

Премиерот рече дека нема ништо против употребата на албанскиот и другите јазици. Тој тврдеше дека Венецијанската комисија препорачала да се напушти двојазичноста во правосудниот систем и да се врати законот од 2008 година, а додаде дека за уставноста одлучува Уставниот суд. Во одговорот не наведе конкретни мерки за институционалните капацитети.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Блерим Беџети

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 април 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господин премиер, со години, вие и вашата партија сте го третирале Законот за користење на јазиците како уставен проблем, како Закон кој треба да се разгледа и како закон кој според вас излегол надвор од уставната рамка, по вашиот наратив, испраќајќи порака и создавајќи вака во јавноста. Сте ја користеле тезата, Уставниот суд не е Шведска, туку кога беше за една точка од вашата програма, односно за пензиите, знаевте да го напаѓате, исто така, истиот тој Уставен суд да го напаѓате. Значи, исто така во вашите изјави, јавни изјави кои ги имавте, во континуитет сте манипулирале со внатрешната јавност, повикувајќи се и на Венецијанската комисија. Ова е Мислењето на Венецијанската комисија од 20025 година, каде ја истакнува јавноста, значи ова не е директно, не покажува директно Законот дека е уставен акт. Значи овие мислења појаснуваат дека, кога се изјаснила Венецијанската комисија дека европските стандарди за користење на јазиците се минимални стандарди, не максимални граници. Тој признава дека државите имаат широк простор за да изградат понапредни модели поврзани со јазикот. Тој истакнува дека и во осетливи полиња, како судството, државите да дадат подобри права. И додека, значи, не се потценува административното право и се поставува прашањето, дали треба да постои тој Закон, како да се спроведе тој Закон, обезбедување на изборите, капацитетите и институционалното организирање, не негова аброгација. Затоа, господин премиер, институцијата која вие често ја користевте како политичка референца денес, сега значи не ја поткрепува тезата за да се тргне Законот, но ја поткрепува логиката и тоа може да остане како поширок режим, јазичен режим, кој јас просто имам сомнеж дали вие имате подготвеност. Моето прашање конкретно, кога Венецијанската комисија се користеше за да се проблематизира овој Закон, вие велевте дека препораките се европски стандард. Кои треба да се почитуваат. Ви поставив една паралела и со вашите јавни изнесувања со уставниот суд кои ги имате со два стандарди, бидејќи во овие две години на власт, сте познат како човек со два стандарди и тоа големи стандарди. Кога истата Комисија истакнува дека стандардите се минимални и државата може да понуди поголеми јазични права, дали ќе го почитувате и овој дел. Венецијанската комисија, значи е добра кога политички ви одговара. И убеден сум дека во вашето прашање, одговор, значи, треба да прифатите дали сте подготвени да дебатата треба да биде за постоење на Законот, туку за неговите капацитети, капацитетите за функционирање на институциите, бидејќи кога има функционални институции, добиваат сите граѓани.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 101-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 април 2026 година Благодарам. Претпоставувам, прашањето се однесуваше на Законот за примена на јазиците и дали ќе градиме институционални капацитети за негова примена. Па потоа се цитираше Венецијанската комисија и така натаму. Јас ќе дадам краток одговор, бидејќи мислам дека е многу јасно прашањето и мислам дека заслужува многу јасен одговор. Никој нема против користењето на јазиците во Македонија кои што ги употребуваат делови од народи на одредени територии, или на целата територија, во случајот албанскиот јазик. Ниту пак, некој некогаш го спорел тоа. Еве, ќе ви дадам еден пример. Вчера, да речеме, беше на гости претседателот на Швајцарската конфедерација. И додека тој зборуваше, ни се обраќаше на англиски јазик, во позадина, во превод беше на македонски и на албански. Уставот, бидејќи сте биле министер за правда, господин Беџети, знаете што вели. Дека единствен јазик во меѓународна употреба е само македонскиот. Па не ни пречеше. Најмалку ни пречеше. Дури мојот говор и моето обраќање беше преведуван на албански јазик. Па не ми пречеше и нема да ми пречи. Затоа што, нема никогаш да дозволам ситни души, со ситни теми, да играат на чувствата на граѓаните во Македонија. Бидејќи јас сум претседател на Влада на сите граѓани, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Власи, и Роми, и Бошњаци, и сите останати. Така што, еве ќе ви кажам. И покрај тоа што Венецијанската комисија друго зборува, друго вие цитирате. Венецијанската комисија дава негативно Мислење и дава препорака во своето Мислење, во членот 102, да се напушти примената на двојазичноста во правосудниот систем и да се вратиме на Законот за јазици од 2008 година. Тоа го вели Венецијанската комисија. Инаку, да, точно венецијанската комисија, генерално дава позитивно Мислење, а Венецијанската комисија не дава мислење за уставноста на закон, туку дали е согласно меѓународното право. Дали е законот уставен кажува Уставниот суд, кој што вашето мнозинство, овој состав на Уставниот суд го бираше. Не ова мнозинство. ова мнозинство мислам дека избра еден уставен судија, ако не лажам. Значи, мнозинството ваше го избра овој Уставен суд со овој состав. Минус еден негов член. Ова парламентарно мнозинство се обидува недостатоците кои што ги остави СДСМ и ДУИ, како Влада да ги коригира. Па така, во Законот за социјална заштита се усвои Закон во кој што се дозволува да вработените во детските градинки и така натаму, државниот испит или испитот кој што треба да го полагаат за да бидат дел од тој предучилиштен образовен систем го полагаат на албански јазик. Тоа што вие не го направивте. Вие тоа не го направивте. Ова парламентарно мнозинство ова го направи. Знаете зошто? Затоа што нема да ви дозволите и сме преискусни и презрели политички, да играте со ситни поенти на чувствата на граѓаните. Тие тоа го препознаа, а гласно ќе зборуваат на следните парламентарни избори, затоа што, оваа демагогија, етноцентрична, тие ја отфрлаат. Еве уште еднашка да ви дадам појасен одговор. Немам ништо против употребата на албанскиот јазик. Ништо против. Исто како што немам ништо против и кога дел од турскиот народ, односно Турската заедница во Македонија го користи турскиот јазик, Српската – српскиот и останатите, сега да не ги редам, Ромската, ромскиот и така натаму, сега да не ги наредувам сите. Но, она кое што треба вистински да си го поставите како прашање е, зошто континуирано мислите дека оваа политика која што ви донесе негативни резултати, ќе ви донесе позитивни резултати. Јас мислам дека правите катастрофална грешка. И се додека подлабоко забраздувате, толку потешко ќе паднете. Мој совет ви е, дајте да разговараме, што убаво си почнавте таму за мерки кога почна енергетската криза, па за инфлацијата, па едно време бевте Зелена партија, дајте малку да зборуваме за тие политики. Дајте малку да зборуваме за политиките што реално имаат влијание врз животите на луѓето. Инаку, немам ништо против. Еве ви велам, вчера, на меѓународен настан каде што реално, според Устав, треба да е само македонскиот јазик официјален, стоеше превод на албански јазик. И не ми пречеше. И нема да ми пречи. За да не ви дадам вас алиби, кои што 20 години ништо не направивте, пред се, за Албанците, да повторно имате шанса да влијаете врз политичкиот живот на Албанците во Македонија. Но и они се свесни дека тоа не е се. И они се свесни дека сакаат убаво да живеат. И они се свесни дека сакаат да имаа поквалитетно здравство, повисоки пензии, повисоки плати, подобар здравствен систем, подобро образование и така натаму. Не им требаат овие теми. Затоа, немам против, иако Уставот е многу јасен и прецизен. Но нема да ви дозволи оваа Влада, да знаете дека нема да ви дозволи на тој начин, евтино, да играте со ниски страсти по чувствата на луѓето, во случајот Албанците во Македонија. И затоа еве, немам ништо против, јавно ви кажувам пред сите новинари, сите во оваа сала. Немам ништо против. Апсолутно, ви кажав, во една прилика овдека, дека се обидувам и да го научам јазикот. Немам ништо против. Колку повеќе јазици знаете, толку сте побогати. Луѓето во 21-виот век на Марс се качија, а вие се обидувате со ситен, би рекол, популизам, мислејќи дек ана тој начин ќе добиете некакви поени, а губите, мислите дека ќе направите нешто за вас и за вашата партија. Нема. Тоа време заврши, ќе видите, тоа време заврши. Еве, додека мене ме гледате овдека, јас ве гледам, ви кажувам дека тоа време заврши. Да, ова е нова Македонија во која што секој граѓанин допринесува и се труди за иднината на оваа земја подеднакво. Не по етничка основа, туку подеднакво. Ова е една поинаква Македонија, која што сите сакаме да придонесеме со проект повеќе, со политика повеќе, со реформа повеќе и така натаму. И ќе ви повторам по трет пат. За време на присуството на швајцарскиот амбасадор и швајцарскиот претседател, односно претседателот на Швајцарската конфедерација, преводот на неговиот говор, на мојот говор, на останатите говорница, тројца бевме, и на претседателката на новоформираната Стопанска комора Швајцарско – Македонска, говорот беше покрај на англиски, преведен и на македонски и на албански јазик, и покрај тоа што официјален јазик со Уставот е македонскиот. Мене не ми пречеше. Еве ви кажувам, не ми пречеше, за да немате вие алиби повторно да играте на чувствата на Албанците и повторно на тој начин да дојдете до власт. А за власта кога сте ја практикувале, сум кажувал многу пати, сум зборувал, не би сакал сега да одземам повеќе време. Благодарам.

Сите пратенички прашања