
Блерим Беџети
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 3 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање беше планирано за господинот Мицковски. Во една држава каде што има закон, улогата на Владата и на Министерството за внатрешни работи треба да бидат како органи за истражување, а не да бидат во улога на обвинители. Но овдека гледам, видовме еден упад од највисокиот орган на Владата. Без да почека констатации на експертите, јавно ги обвини неколку лица. Вие како премиер и неколку други министри излеговте со изјави дека документите биле фалсификувани. Некој треба да сноси одговорност или нема да толерираме веќе. Во какво својство ова го велите? Дали тие имаат надлежности, законска надлежност да определувате или да укажувате на некој дека е виновен без да се јави обвинителството или судството или како што е сега практика, пракса имаме сега кога Извршната власт манипулира со јавностакоја што е во нивен интерес. Во демократска држава, обвинителство е тоа што ги определува кој е виновен, се разбира преку фактите, додека МВР се поддржувачи кои што даваат логистика за истражните органи. Но во овој случај се гледа дека Владата ги има надлежностите зад себе и како може МВР да излезе со констатации каде вие сте премиер без Јавното обвинителство да ги заврши истражувањата. Дали не е ова упад во правото каде што тие треба да бидат зависни, каде што Извршната власт зборува за виновниците и дали е ова еден друг пример на селективна правда каде што тие што не ви се погодни, се обвинуваат. Додека Владата кога би имала волја за право би ги дозволила надлежните органи да си ја вршат нивната работа отколку да оркестрираше политички работи. Но, јавно се гледа дека целта не е да се обелодени вистината, но да се измисли една историја претходно подготвена и да се замае јавноста и институциите кои што оперирале илегално функционирање на овој локал. Значи ова не, но ова е еден, додека главните виновници остануваат недопирливи. Владата ни вели дека право ќе има, но вистинското право, треба да произлегува од судството, не од политички прес конференции. И прашањето за вас мислам дека е јасно и се однесува со, како може Владата да претендира дека ги гони, прави независно истражување кога вие како премиер изјавивте дека документите се фалсификувани пред судството да земе една одлука, вие јавните средства сите обвинети ги објавивте во име на обвинителот и на судството.