Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Беџети праша дали ќе биде повлечена иницијативата за Законот за употреба на јазиците

Резиме

Блерим Беџети го праша премиерот дали ќе ја повлече иницијативата за оспорување на Законот за употреба на јазиците. Беџети ја припиша иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и повика на нејзино повлекување во интерес на стабилноста и почитта кон Албанците. Тој, исто така, праша дали премиерот влијае или врши притисок врз Уставниот суд.

Во одговорот премиерот рече дека не постои ризик за безбедноста на државата и дека Владата се грижи за безбедноста и уставно загарантираните права на сите граѓани. Во дадениот одговор не се осврна на барањето за повлекување на иницијативата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Блерим Беџети

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање господин Мицкоски е, на 13-ти октомври 2018-та исто така за вас, вас ви се обраќа, сте изјавиле дека, законот за јазикот сака да го судри интересот значи, интересот на граѓаните и донесол недоразбирање, денес вие велите дека одлуката на Уставниот суд за законот на користење на јазиците не ќе носи на дестабилизација и истакнувате дека Уставот треба да се почитува. Овие две изјави во временски рок од 6 години го детерминираат јасно вашиот политички став визави законот со кој се овластува, односно користењето на албанскиот јазик и е законот за користење на јазиците. Од друга страна сте направиле процесот ви истакнав и во претходното прашање и нашите дилеми, дали влијаете и правите притисок слушајќи ги и изјавите на претседателот на Уставниот суд е евидентно дека се оди во тој правец и од друга стана правите повик да не се политизира и истакнувајќи дека вие не гледате ризик за опасноста на државата. Сега за разлика од 2018та кога бевте во опозиција тука се гледа една мирна ситуација во врска со одлуката на Уставниот суд од ваша страна. Значи да сме јасни, кога се донесе, значи беше во судир со животот кога се изгласа и сега не е опасност за соживотот кога велите, значи повлекување на законот и значи чудно е, ги имате информациите пред време, имате изјави колку членови можат да се анулираат. Така да, ако навистина сте загрижени за соживотот во оваа земја, во оваа заедничка земја, убеден сум така и се изјаснуваме сите со дела, кога сме ние, значи кога работиме ние е нешто друго. Времето пред нас и многу политичари значи ќе ги обелодени, ве повикувам бидејќи, вие сте премиер и истовремено и претседател на партијата ВМРО ДПМНЕ. И една од 13 иницијативен во Уставниот суд за оспорување на Законот за користење на јазиците е и вашата партија со овластено лице во тоа време со сигурност од претседателот на партијата, значи тој не може да се овласти од друго лице, значи од вас до Уставниот суд. Моето конкретно прашање во име на парламентарната група на Европскиот фронт е, дали имате волја, подготвеност да ја повлечете оваа иницијатива каде што го оспорувате Законот за користење на јазиците за почит према сите Албанци, бидејќи да се убедени само 10 лица, 15 лица кој сте ги сместиле во вашиот кабинет нема Албанец кој се сложува со оспорување на некоја запирка, туку да не зборуваме за член. Значи прашањето е директно, дали ќе ја повлечете во интерес на стабилноста, прогресот и почитта према втората националност во оваа држава Албанците.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Јас иако немам големо искуство како пратеник, знам дека на дополнително прашање реплика нема. Претпоставувам дека поранешниот министер за правда и координатор на пратеничката група на Европските фронт треба да го знае тоа правило, но бидејќи тоа не го знае, ќе ми дозволите да одговорам на второто прашање. А второто прашање од тоа што можев да разберам е дали постои ризик за безбедноста, повторно, Законот за јазици да биде тригер поврзан со безбедноста на државата. Од прилика слично прашање како што претходно прашуваше претходниот говорник, кој што пак замислете тврдеше дека ние сме биле во договор како политичка партија таен со вас, а вие сега поставувате исто прашање како и тој што поставува. Сега малце тука ми е чудна оваа координација, но претпоставувам има и суштина некоја во сето ова. Еве ќе бидам краток, нема да одземам многу време за да имате можност повеќе прашања да поставите денеска, не постои никаков ризик за безбедноста, безбедноста на државата е во сигурни раце, се води сметка да нема дополнителни, би рекол, изненадувања, да нема никакви изненадувања кои што можат да ја нарушат безбедноста на една суверена европска демократска држава, како што е нашата, во 21 век. Оваа Влада во која што составен дел се коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ, коалицијата ВРЕДИ или ВЛЕН, политичката партија ЗНАМ, се грижи за безбедноста на целата територија, за сите граѓани, без разлика на тоа дали се дел од политичкиот живот, не се дел од политичкиот живот, без разлика на етничките, верски различности. Наша основна задача е да обезбедиме функционирање на системот, нешто што за жал не беше нормално за претходната Влада и да обезбедиме уставно загарантирано право на целата територија, за сите граѓани на целата територија на Македонија.

Сите пратенички прашања