Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Апасиев праша за застапеноста на Левица во медиумите

Резиме

Пратеникот Димитар Апасиев праша дали надзорот на АВМУ утврдил политичка дискриминација, наведувајќи дека претставници на Левица не биле поканувани во национални медиуми по изборите. Тој ја критикуваше и реакцијата на агенцијата на неговото обраќање кон новинар и тврдеше дека медиумите треба да обезбедат плурализам.

Директорот на АВМУ одговори дека агенцијата реагира на, како што ги оцени, притисоци врз медиумите од политички функционери, но дека не може да се меша во уредувачката политика бидејќи тоа би било цензура. За изборниот период рече дека застапеноста на партиите зависи од нивните активности и интензитетот на кампањата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Димитар Апасиев

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Димитар Апасиев, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Следното прашање ми е до директорот на АAВМУ, Зоран Трајачевски. Не знам дали сте сеуште директор, веројатно сте, бидејќи и таму имаше некои промени, јас од кога памтам за вас сте директор. Веројатно и премиерот Мицкоски ќе ви позавиди на толку мандати, од дете кога бевме вие сте директор на АAВМУ. Значи, АAВМУ е, накратко да биде за јавноста, регулаторно тело кое што, нели, стручно врши регулација, надзор и слично, над примената на два суштински закони, можеби и повеќе, но два се суштински, тоа е Законот за медиуми и Законот за аудиовизуелни медиумски услуги. Е сега, вие почитуван, до сега барем, три најдов мислам, можеби има и повеќе, се ставате во улога на регулатор на Собранието, а не на медиумите. Значи давате соопштение каде што Димитар Апасиев, крајно вулгарниот недоличен говор, етикетира, дискредитира медиуми. Почитуван Трајчевски, ние си имаме тука наш етички кодекс. Еве видовте, се пцуеме ние меѓу себе овдека, ние си имаме наше, вие не сте надлежни да оценувате како ние пратениците се понашаме. Вие, почитуван, сте надлежен да оценувате како медиумите се понашаат. Така. И јаде да видиме сега недоличните зборови упатени на пратеникот овој Апасиев, кон новинарот Љупчо Златев. А знаете зошто Апасиев се обратил недолично, оти му го објавил детето, кое е шест годишно, на медиуми. А вие сте надлежни да, еве, по закон, јас го консултирав и Законот за медиуми и Законот за АAВМУ, вие сте надлежен баш тоа да го спречите. Значи да спречите злоупотреба на медиумот за одредена хајка која што ја прави кон одредено лице. Е сега, целите на Законот се утврдени во членот 2 и вели, промовира слобода на изразување, развој на медиумска писменост, јавен радиодифузен, за тоа ќе ве прашам друг пат, сега ќе ве прашам за приватниве, овие петте теристријални што се телевизии, членот 6 од Законот, инаку Законов е ужасен морам да признам, препишан од некоја директива, нејасен, тотално нејасен, значи, начела во работат, се грижи да се постигнат целите, вие како АAВМУ се грижите да се... ај кои се целиве и надлежностиве. Вика, ја поттикнува слободата, се грижи за заштита и развој на плурализмот и презема мерки во случај кога е извршена повреда на одредбите од овој закон. Но од медиумите, не од пратениците. Поттикнува медиумска писменост, врши надзор и слично, имате три вида на надзор, колку што видов, програмски надзор, мониторинг административен надзор за овој закон и посебна глава имате за заштита на плурализмот. Но имате еден многу јак член, тоа е членот 47-а, кој што вели дека, начелата на Законот за кои вие сте надлежни е да ги хуманите и морални вредности, да го заштитува достоинството, еднаквост во слободите и правата, отвореност на програмите за плурализам, непристрасно информирање и слично, гарантирање на право на одговор и исправка, многу битно уставно право. Оттука, дури има предвидено и глоба до 5 илјади, 10 илјади евра таму за медиум кој врши политичка, меѓу другото и политичка дискриминација. Па сега прашањето до вас, почитуван Трајчевски, ми е, дали не приметувате вие дека една парламентарна партија со пратеничка група, во случајов Левица, од изборите до сега не е повикана во ниту еден национален медиум за кој што вие го контролирате, каде што по закон тие се должни да дадат плурализам на мислења и од апсурдни ситуации. Се зборува за интерпелацијата на Левица, ама таму зборуваат ЗНАМ и ДПМНЕ и СДС, ама не зборува Левица. Ама го мразеле Апасиев. Ама ме боли уво ако го мразат Апасиев. Имате законска обврска вие да се грижите за тој плурализам во медиумите. Па, оттука прашањето ми е, дали преку овие надзори кои вие ги правите и мониторинзи сте приметиле дека има политичка дискриминација во случајот со Левица.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Директорот на Агенцијата за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Димитар Апасиев, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година Реагирате пратенику на реакцијата на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги на вашето недолично однесување. Агенцијата точно ги регулира медиумите, но во исто време кога ќе го отворите Законот се грижи за слободата на говорот, медиумските слободи во општеството, плурализмот и во рамките на своите законски надлежности се обидува колку што е тоа можно да ги спречи притисокот врз медиумите од страна на економски и политички центри на моќ. Јас колку што знам вие сте политичка партија и претседател на таа партија и од вашето однесување како претседател на партија и како пратеник и како политичка партија постојано со вашите изјави, со вашето дејствување во Парламентот и надвор од него вршите сериозен притисок врз медиумите во Република Македонија настојувајќи на влијаете врз нивната независна уредувачка политика, што е највисоко уставно право. Да не зборувам за дописите кои секојдневно ги испраќате до државните органи, до медиумите кои што ги нарекувате говеда, неписмени и будали и мислам дека тоа претставува сериозен притисок и ние како институција сме должни да реагираме. Ако сте отвориле веб страницата на Агенцијата ќе видите во минатото сме реагирале на изјави на поранешни премиери, министри, пратеници, градоначалници и други носители на јавни функции. Зошто реагира Агенцијата за да тоа го види обвинителството, да го слушне како допрен глас и да оцени дали дејствувањето на било која политичка партија, политички центар на моќ или економски центар на моќ, треба да биде предмет на јавно обвинителски одлуки. До сега обвинителството не реагирало, но не значи дека ако ваквите притисоци кои што ги правите вие секојдневно врз медиумите со поднесување на тужби кон медиуми и кон новинари и со ваквите сериозни притисоци кои што ги правите кон медиумите дека нема во иднина да биде предмет на јавно обвинителски одлуки. Слободата на говор е неограничена, но таа не дозволува некој да се однесува неодговорно во едно демократско општество и согласно Европската Директива. Кога станува збор за притисок врз медиумите таа може да биде ограничена. Ниту на вас, ниту на било кој пратеник или носител на јавна функција согласно Законот не му е дозволено со самото тоа што е пратеник, министер, претседател или премиер да се однесува на начин кој што ќе врши сериозен притисок врз медиумските слободи. Ваквото однесување на високите политички функционери во државата доведува и Македонија да биде дефинирана како делумно слободна држава како што беше објавено пред неколку дена во извештајот на Фридом Хаус. Така да сакав да ви укажам дека тоа што сте пратеник не ви дава за право да се однесувате така како што се однесувате, туку морате да ги почитувате правилата во едно демократско општество. Што се однесува до плурализмот дали Агенцијата забележала дека од завршување на изборите не бил поканет претставник на политичката партија Левица во било какви информативни емисии. Прво, медиумите се слободни во својата уредувачка политика и ниту еден државен орган и ниту Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги има право да се меша во уредувачката политика на медиумите, бидејќи таквото мешање претставува цензура, а таа забранета според Уставот. Што се однесува до медиумското претставување на учесниците во изборниот процес за време на изборен период, учесниците во изборниот процес треба да бидат застапени во програмите на радиодифузерите кои што одлучиле да го следат изборниот процес, но нивното претставување во медиумите е соодветно или еквивалентно на активностите што ги имаат политичките партии бројот на поднесени листи. Ако некоја политичка партија нема активности кои што можат да ги следат медиумите, тие им одвојуваат толку време колку што имаат видливи политички активности, организирање на митинзи, средби со граѓани и други форми на политичко претставување. Така да и во тој дел медиумите имаат слобода да ги поканат оние претставници кои што имаат повеќе да им отстапат место односно на оние политички партии кои што имаат поголем интензитет на кампањата за време на спроведувањето на изборите.

Сите пратенички прашања