
Димитар Апасиев
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Димитар Апасиев, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Јас имам едно пратеничко прашање до премиерот. Поврзано е премиере со неодамнешната посета во саботата на нашинците, односно на Македонците во Албанија, се одржа во хотел Грант во Корча. Имаше присутни од скоро сите македонски партии, меѓутоа трет, четврт ешалон. Само Левица беше со највисоко раководство и се однесуваа на три теми. Ќе се обидам од прва рака да ви ги пренесам без зла намера затоа што замолија и самите нашинци таму да не го политизираме ова прашање, туку заеднички како македонски парламентарни партии да најдеме чаре за нивната сага која ја живеат, особено од 2023-та, од пописот наваму. Значи темите беа положбата на Македонците во Албанија, потоа бугарската пропаганда во Албанија, за асимилација на Македонците и третата беше Нацрт платформата за поддршка на македонското национално малцинство од страна на Македонија. Чисто да ви ги доловам приликите какви се таму. Значи партиите таму за разлика тие имаат регистрирано политичка партија за разлика од Бугарија или од Грција каде што не им даваат, овдека имаат регистрирано. Тие се признато малцинство како едно од деветте малцинства. Биле осум малцинства, но од октомври 2017 година под влијание на бугарската агресивна надворешна политика и алатката вето која што Европска Унија им ја дозволува уценети се како држава да признаат уште едно фиктивно и непосточеко малцинство, а тоа е бугарското малцинство за да тоа бугарско малцинство сега стане и три пати побројно и од македонското. Значи замислете 100 години немало никакви Бугари на 11 пописи во Албанија и одеднаш во пописот во 2023 година под надворешен притисок има 8 илјади Бугари. Скоро и две ипол ијади Македонци само. Тоа значи дека бугарската политика стратешки делува за разлика од нашата. Е сега оваа партија на Македонците таму се вика Македонска алијанса за европска интеграција. И за разлика од тука партиите таму не добиваат пари од буџетот. Тие немаат дури ни 300 евра месечно да си платат кирија во Тирана. Повлечени се тука во Корча. Да биде иронијата поголема, нивната државна изборна комисија им изрекла и 5 илјади евра казна сега за некаков си наводно погрешен образец. Нема ниту вработени ништо, значи само волонтерски работат луѓето. Според нивни информации во Тирана има од 30 до 50 илјади македонци, исто има и во Драч и во Валона, инаку беа присутни македонци од вкупно 50 села колку што има, од Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Корча, Тирана, Подградец, Елбасан и Врбник, што православни, што муслимани, значи се поделени во поглед на верското, но во поглед на националното се изјаснуваат како македонци. Е сега, да ги видете приликите како Бугарија работи на терен, значи таа софиска агенда преку верувам дека и тајните служби на Бугарија се вклучени, им нудат бесплатни екскурзии, стипендии за децата, фондации и грантови за студирање, бугарски пасоши тоа е веќе бизнис за што обвинителството албанско отвори мислам дека истрага, им нудат бесплатни медицински прегледи во зафрлените села дури и со хеликоптери им носат лекари, реновираат училишта и центри за млади. Наспроти ова, нашите возвраќаат со еден весник кој се вика Преспа и кој се печати на 4 старовремски листови, ете толку е нашата стратегија за нив. И го прашав амбасадорот, овој незнам дали е в.д веројатно е, колку Буџет располагаат, тој кажа дека месечно имаат 180 евра Буџет. Значи 180 евра не можете сала да изнајмите за настан, толку е Буџетот, значи наспроти оваа бугарска пропаганда пуштена на најјако, ние се спротивставуваме со овие бројки кои што ги кажав. Значи апелираат да се преведуваат книги, дека имаат изготвено, но немаат пари да ги издадат, имаат околу заглавено околу 300 барања за државјанство, поточно 287 кои што се стари повеќе од 10 години и седат во МВР. За разлика од Законот за државјанство ако се сеќавате каде што на косовари ние измисливме да им даваме со фискална од Сити мол државјанство, на нашинциве ваму 300 барања им се заглавени со години и чекаат владина одлука. Во самиот град Корча на 100 метра од хотелот каде што беше манифестацијата, има грчки конзулат, бидејќи грците тоа си го сметаат за северен епир и кога ги прашавме мештаниве колку грци живеат во градот, кажаа нула. Значи на нула грци има грчки конзулат, огромен. Прашањето до вас ми е, дали ние како Влада или вие како премиер, ќе се заложите да се отвори грчки конзулат во Корча, затоа што луѓето треба да патуваат 4 часа до амбасадата во Тирана, се извинувам да, лингва лапсус, значи македонски конзулат во Корча, затоа што луѓето наши за да завршат било какви конзуларни работи треба да патуваат до амбасадата до Тирана преку планински превој кој трае 4 часа да стигнат и тоа им е елементарното барање за разлика од оваа, лекторати и други за кои што можеби подоцна ќе ве прашам. Но клучното прашање ми е, дали вие како Влада планирате да се заложите да отвориме ние како држава македонски конзулат во Корча.