Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ангелова праша за опозициските тврдења за поскапување на струјата

Резиме

Пратеничката Емилија Ангелова побара коментар од премиерот за опозициските тврдења дека од јануари цената на електричната енергија ќе се зголеми за 5%. Таа оцени дека таквите тврдења не се поткрепени со одлуки или официјални податоци и шират паника кај граѓаните.

Премиерот одговори дека цената не ја определува Владата, туку Регулаторната комисија за енергетика. Тој спомна дека опозицијата изнесувала различни проценти, а неодамна и тврдење за покачување од 2,2%, и повтори дека одлуката не е на Владата. Потоа ги критикуваше претходните влади и наброја енергетски проекти на актуелната Влада.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Емилија Ангелова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Емилија Ангелова, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Во услови кога Владата преземе континуирани и одговорни мерки за стабилизирање на енергетскиот сектор, заштитата на домаќинствата и обезбедување ценовна сигурност во јавноста повторно се пласираат шпекулации од страна на опозицијата. За наводно зголемување на цената на електричната енергија од јануари за 5%. Наместо проверени информации, одговорен пристап опозицијата повторно избира да шири паника меѓу граѓаните. Со тврдење кој не се поткрепени со одлуки, факти или официјални податоци. Игнорирајќи ги вложувањата и мерките што Владата ги презема за ценовна стабилност и енергетска безбедност. Моето прашање е од обвинувањето од опозицијата дека струјата од јануари ќе се покачи за 5%. Кои е вашиот коментар премиере?

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Емилија Ангелова, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 декември 2025 година Благодарам претседателе. Почитувана пратеничке, второто прашање беше во делот на енергетиката, енергетската безбедност, цената на струјата, енергетските проекти, стабилност и слично. Така и почна денешната седница односно пратеничките прашања кога претседателот на СДСМ излезе со прашање кое во суштина треба да го упати на друго место бидејќи сепак Владата по вокација не може на независно регулаторно тело да му каже каква одлука да донесе итн. Но уште повеќе што мене ме загрижува што да речеме во највисокото раководство на опозицијата најново што се случува во последно време и фактот дека братот на претседателот на Регулаторната Комисија е член на Извршниот одбор на сеуште најголемата опозициска партија СДСМ. И сега замислите истите тие кои до вчера велеа дека 5,7,10,12% ќе биде покачена електричната енергија создаваа паника пред граѓаните сега излегуваат и велат 2,2% е покачена, зошто Владата ја покачи. Не ја покачува Владата. Владата не може по суштина не е тоа по опис и попис на работа на Владата. Електричната енергија ја Регулаторната Комисија за енергетика и за прв пат колку што јас знам оваа година таа ќе се регулира мислам за целата година, ако не се лажам. Што е тоа што се случи во овие година и половина за енергетиката, што е тоа што затекнавме, а што е тоа што оставивме 2017 година, дадов одговор на прашањето на претседателот на СДСМ, но би сакал уште еднашка тоа да го повторам за да не биде заборавено. 7,8 или 9 не ме фаќајте точно за збор, август 2027, се извинувам 2017 година, промена на раководството на АД ЕЛЕМ, јас тогаш бев директор на АД ЕЛЕМ заминувам, депозити во банка милијарда и 500 милиони денари, околу 25 милиони евра, на сметка на компанијата околу 360 до 380 милиони денари и нула долгови, исплатена плата, исплатени обврски кон доверители, со нула долгови. Седум години истражуваа што сум работел, како сум работел, седум години не успеаја да најдат една завртка и навртка дека нема, седум години можеа да направат ршум внатре, претураа горе, доле и ништо не успеаја да најдат и тоа ги боли, затоа што оставија распаднат електроенергетски систем, за прв пат почнавме да увезуваме јаглен за потребите на РЕК Битола, нема зборувам околу делот на ископите и сл. затоа што и немам толку доволно време. Истовремено ја оставија компанијата со стотици милиони евра долгови и невозможност да го сервисира она кое што практично го задолжи она кое што го позајми и ќе ве потсетам сите сме за енергетска транзиција, но ќе ги потсетам посебно Битолчани, Прилепчани, жителите на Могила, на Новаци дека претходната Влада донесе, Кичевчани да не ги заборавиме дека претходната Влада донесе одлука за затварање на РЕК Битола и РЕК Осломеј, го прекина процесот на модернизација и донесе одлука за затварање и на тој начин 4000 директно семејства да останат на улица и уште десет пати по толку надворешни коминтенти да изгубат работа. Ова не треба никој да го заборави, наместо да вложат во модернизација и еколошки стандарди, тоа што го ветуваа, тие одлучија катанецот, клучот на врата и луѓето да се снаоѓаат кој како може. Тоа е Владата на СДСМ и ДУИ и тоа не треба да го заборавиме. Јас сум свесен дека ќе играат на картата на кратко помнење, но Битолчани, Прилепчани, жителите на Могила, на Новаци, на Кичево и околината треба да знаат дека претходната Влада донесе таква одлука, да ги затвори овие комбинати. Тоа е вистинската вистина, се останато е политичка демагогија и лага. Одиме понатаму, што направи оваа Влада. Прво го заврши проектот за далечинско греење на градот Битола и очекуваме веќе од следната грејна сезона овој проект да функционира, истиот тој проект кој што требаше многу одамна да биде завршен бидејќи беше почнат од некоја претходна Влада на ВМРО ДПМНЕ. За жал поминаа толку години ништо не се направи, но еве за овие години и половина тој проект се приведува кон крај и очекуваме Битолчани да го добијат далечинското топловодно греење тоа кое што беше ветувано одамна. Понатаму влезе најголемата приватна инвестиција во енергетиката во историјата на државата половина милијарда долари инвестиција ветропарк кој што се протега на тромеѓие меѓу три општини, тоа се Штип, Карбинци и Радовиш, по сртот на планините кои ги поврзуваат или ги разделуваат сите три општини, половина милијарда долари. Во вторникот на владина седница ги донесовме урбанистичките планови, очекувам до крајот на годината да добијат дозвола и одобрение за градба и таму некаде на пролет да отпочнат со реализација на овој проект. Ќе ве потсетам Владата на СДСМ пред изборите во 2020 година ветуваше еден голем, огромен капитален проект во енергетиката сличен на овој наречен ветерен парк Вирови кој што треба да се протега во северниот дел од државата од Куманово ако гледаме напред кон Крива Паланка, по сртовите на планините кои што се протегаат на три општини Куманово, Ранковце и Крива Паланка, појдете таму пет години подоцна нема ништо. Истите тие дојдоа сега кај инвеститори велат дајте луѓе помагајте како може ова да го реализираме. Одиме понатаму. За малку ќе оставеа два споменици во Кичево, тоа се фотоцентрали односно соларни проекти 2 по 50 мегавати во кои што АД ЕСМ и АД ЕСМ ЕКО сопственик односно тие што го произведуваат дел процент согласно јавната набавка го користи АД ЕСМ, поранешно АД ЕЛЕМ направивме и со министерката за енергетика и со министерот за транспорт одредени законски и процедурални измени за да можат овие електрани, односно овие соларни панели денеска да се на мрежа и да функционираат. Одиме понатаму проектот со АКСА, милијарда евра вреден проект изградба на гасни когенеративни термоелектрични централи кои што не само што ќе учествуваат позитивно во енергетското портфолио на државата, туку и ќе служат и за затоплување на источната порта на градот Скопје, втората централа е предвидена да биде помеѓу во полошкиот регион помеѓу Тетово и Гостивар и од таму да се донесе далечинско топловодно греење и за Тетово и за Гостивар, зборуваме за бесплатни приклучоци, зборуваме за бесплатна изведба за внатрешни арматурни системи, радијатори, цевки, пумпи, вентили итн. со што ќе можат граѓаните да добиваат бесплатен приклучок и да добијат еколошко греење на своите домови. Одиме понатаму, затоа што во енергетиката имате многу проекти. Гасовод, Интер конекторот со Грција, стратешки битен за државата, се реализира. Отпочнуваме со реализација со Нома Гас на северниот Интер конектор со Србија и крак кон Косово. На состанокот со министерката за надворешни работи на Албанија пред некој ден, а претходно со Еди Рама премиерот на Албанија во Брисел ја дадов идејата за Коридорот 8 и гасно поврзување на Црното, со Јадранското и Јонското море, коридор кој што ќе не направи и гасна крстосница како држава, почнуваме и тој проект да го туркаме. Пред некој ден потпишавме заеми за 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и Каеве банката за модернизација на хидроелектраните, за изградба на третата фото електрична централа позната како Битола 3 итн.

Сите пратенички прашања