Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ангелевска праша за покачувањето на платите во образованието

Резиме

Силвана Ангелевска праша за колкав процент ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април. Во прашањето посочи и други покачувања и договори за плати во јавниот сектор.

Премиерот одговори дека вработените во образованието ќе го добијат покачувањето предвидено со колективниот договор. Според него, платата во април ќе го вклучи линеарното нивелирање и зголемување од 8%, а дополнителни покачувања од 8% се предвидени во април 2027 и април 2028 година. Тој рече дека до 2028 година примањата би биле повисоки за околу 40% во однос на тогашните.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Силвана Ангелевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Силвана Ангелевска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање, на нешто што како ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на последните парламентарни избори во 2024 година, дадовме одредени ветувања кој што веднаш почнавме да ги реализираме. Тоа е пред се беше зголемувањето линеарното зголемување на пензиите од 5 илјади денари. Се сеќава кога одевме низ дворовите една пензионерка тргнувајќи од тоа дека некој порано ветувал и лажел, ме прашува ма дали ви е вистина ќе го исполните ова очекување. Го исполнивме веднаш. Исто така е дно од нашите ветувања беше и зголемување на платите, постојано зголемување на платите. И имаме еве за овој период до сега 10% зголемување на платите на полициските службеници, социјалните работници околу 20% повисоки плати, преку посебни колективни договори вработените во Генералниот Секретаријат и СОЗР 30% зголемување, пред извесен период имавме околу 11 илјади вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата. Со еден историски договор кој гарантира системско покачување на платите од 40% во 2028 година. Но, бидејќи јас доаѓам од образование, јас би ве замолила да им биде по прифатливо на граѓаните и по јасно да ни објасните за колку проценти ќе се зголеми платата на просветните работници, со исплатата на мартовската плата во април. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Силвана Ангелевска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувана пратеничке, еден од првите колективни договори кои што оваа Влада и потпиша беше токму со синдикатите во образованието. И, токму тоа беше приоритет на оваа Благодарам. да најде решение за еден процес кој што е многу важен. А, тоа е процесот на зголемување на платите на образовните работници. И, се потпиша договор кој што завршува во 2028 година бидејќи ние не сакавме да преземаме обврски кои што го надминуваат времетраењето на мандатот на оваа Влада во услови кога би имале редовни избори. И, за тоа велевме до 2028 година, не сакавме да биеме како тие кои што ги критикуваме, кои што превземале обврски и кои што ние сега денеска ги враќаме. Еве конкретно оваа година некаде околу 2 и пол милијарди евра треба да вратиме. Сега во април една евро обврзница од 700 милиони треба да вратиме. И, добро е што ја издадовме евро обврзницата во јануари затоа што, кој знае што ќе се случуваше денес. Така што, многу внимателно и многу дисциплинирано се води политиката од тој аспект. Инаку, да, ќе го добијат зголеменото покачување кое што е дел од колективниот договор, вработените во образованието исто како што ќе го добијат и вработените во здравството исто како што ќе го добијат сите од државната и јавната администрација кои што се со колективни договори потпишани од оваа Влада вклучително ќе отпочне и процесот бидејќи веќе помина текстот на Предлог колективниот договор кој што на државните институции ќе го потпишуваат вработените во администрацијата. А, кој што беше претходно договорен и усогласен со двата синдикати УПОС и САДУ. Помина во вторникот на седница на Влада, има некои детали кои што ќе треба да се до испеглаат оваа недела, денес, утре задутре и очекувам веќе од понеделник и тоа потпишување да се заврши и веќе во април да добијат плата согласно новата пресметка. Таа плата би била повисока за линеарното нивелирање на сите вработени во јавниот сектор, зголемена за 8%, така ќе биде во април 2027 година, така ќе биде во април 2028 година. Што значи некаде за од прилика 2 години од денеска вработените ќе имаат повисоки примања за 40тина проценти од тоа што го имаат денес. И, овој договор претставува прв од таков вид договор кој што некогаш Владата го потпишала со овие вработени. Значи, некаде околу бидејќи се прошири малку списокот тука влегоа и од Обвинителската и судската служба. Некаде околу 10тина илјади луѓе се опфатени и со тоа ние 99% ги регулираме нашите односи со нашите колеги каде што државата е работодавач. Нешто што досега никој не го направил. Заклучно со 2028 година зборувам, не превземаме обврски за потоа иако сум силно убеден дека овој состав на Владата ќе продолжи и понатаму но, еве да бидеме внимателни. Овој состав на Владата додека трае се овие колективни договори. Така што, и во образованието и во здравството и во администрацијата и во судството и насекаде вработените ќе добијат и во културата и секаде, вработените ќе добијат плата и во МВР и во одбрана ќе добијат зголемени примања од април споредбено со месец односно априлската плата која што важи за матично работно тело практично. Тоа би било тоа. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања