Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ангелевска праша за очекувањата од новиот јавен обвинител

Резиме

Пратеничката Силвана Ангелевска го праша премиерот што очекува од работата на новоизбраниот државен јавен обвинител. Во образложението изнесе критики за судско-обвинителскиот систем и оцени дека довербата во него е многу ниска.

Премиерот рече дека очекува да се разгледаат предметите и претставките што институции ги доставиле до обвинителството, вклучително и врз основа на ревизорски извештаи, и да се утврди дали има основано сомневање за криминал. Тој побара јавниот обвинител да ги разјасни и прашањата поврзани со повторното актуелизирање на предметите на СЈО и постапувањето на обвинители, вклучително и исплатите и бонусите на специјалните јавни обвинители. Нагласи дека истраги треба да има без оглед на тоа кој е осомничен, вклучително и членови на актуелната Влада.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Силвана Ангелевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Силвана Ангелевска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам потпретседателе. Почитуван премиер, почитувани министри, почитувани колеги, почитувана јавност. Ќе поставам три прашања, сите прашања ќе бидат до претседателот на Владата на Република Македонија. Првото прашање се однесува на судско обвинителски систем. Систем кој што има доверба кај македонските граѓани еднаква на статистичка грешка. Според некој анкети од порано 2%, а сега можеби и помалку. Иако обично не се навраќам на минатото туку гледам во иднината. Меѓутоа овде не може, а да не споменеме зошто е тоа така. 7 години владеење на СДСМ и ДУИ беа донесени на власт, практички донесени на власт со паролата нема правда нема мир. Иако земеме да спомнуваме колку скандали се случуваа во судско обвинителскиот систем ќе напоменам еве јас само неколку. Оние теа трауми и циркуски прес конференции на така наречените три грации од СЈО. Политичкиот прогон кои што го правеа, тандемот Рускоска, Кацарска, кои што добиваа и награди и многу напредување во повисоки инстанци. А во Америка се учеше лошото судење на нашите судии како негативен пример за судење. Па имавме тело кое што требаше да донесе реформи во правосудниот систем го водеше Зоран Заев. Уште тогаш се знаеше дека од реформи нема да има ништо дека тоа е само една голема лага. Па имавме оставка и изјава на една претседателка на судски совет која што рече дека има притисок од политички бизнис елити. Па имавме избор на обвинител за организиран криминал кои што апсолутно никој и не го познаваше. Иако законот предвидуваше со тајно гласање од обвинителите, човекот никој ни го познаваше нити можеше да најде сиви. И неправда, селективност, корупција од високо ниво. Тоа се зборови симбол за еден длабоко еродиран систем. Минатата недела, точно пред една недела во четвртокот по ваш предлог, по предлог на Владата по Закон од предлог на советот на Јавни обвинители имавме предлог за избор на Јавен обвинител. Точно пред една недела. Кои што се надеваме дека ќе ја врати довербата во правосудниот систем иако ќе има многу тешка задача. Интересно е што опозицијата немаше забелешки за биографијата на кандидатот, нити имаше забелешки за евентуални политичка поврзаност по некој од партиите, но сепак не го даде својот глас. ДУИ реши да биде воздржан, СДСМ воопшто не гласаше. Моето директно прашање кон вас господине премиер, е кои се вашите очекувања од работата на ново избраниот државен Јавен обвинител.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Силвана Ангелевска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувана пратеничке благодарам на прашањето. Очекувањата од новиот Јавен обвинител се големи. Во која смисла? Во смисла дека имаме чувство а до некаде и информации дека голем дел од предметите, претставките кои што дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија да имаат доставено до канцеларијата на државниот јавен обвинител. Стојат или во фиока или се на дното од приоритетите. Односно, не се извадени затоа што често пати на седница на Влада имаме точка на која што ја анализираме работата на институциите врз основа на извештаи кои што Државниот завод за ревизија ги доставува до Владата. И до сега јас лично можеби едно стотина пати имам прашано, добро ако ова го констатирал Државниот завод за ревизија за сите овие недостатоци дали е ова некаде процесирано. Одговорот е без исклучок да, процесуирано е до јавниот обвинител. Односно до канцеларијата на јавниот обвинител. Очекувам сите овие предмети да бидат извадени и да се стават во обработка, односно да се работат и да се види дали таму има основано сомневање за сторен криминал од тие институции, односно од луѓето кои што ги воделе тие институции или нема. И верувајте ми, неколку стотици се такви. Затоа што, јавноста со право често пати е критички настроена кон Владата, “и вие сте исти, овие од претходно сите знаевме дека се криминалци, ништо не направивте“. Јас не можам да го користам тој збор и да кажам, знаевме дека се криминалци, но имаше основано сомневање дека имало сторен криминал во многу институции. И, за волја на вистината, врз основа на тие извештаи од ДЗР, односно Државниот завод за ревизија, можеме да заклучиме дека во тие институции, да, има основано сомневање дека е строен криминал. Зошто тоа не е досега истражено, зошто не е направена истрага, детална анализа, тоа не знам. Мислам, можеме да претпоставиме, но се надевам дека сега со новиот Јавен обвинител ќе имаме детална анализа и врз основа на таа анализа, јавноста ќе може да зборува малку повеќе поврзано со ова прашање. Лично очекувам најмалку уште две работи, кои што се многу важни, во историска смисла на зборот, за иднината на оваа држава. Затоа што, ако тие две работи, не ја откриеме вистината за тие две работи, тогаш цело време ние ќе живееме во илузија.

Првата работа е како магично, тогаш затвореникот Катица Јанева, предметите кои што беа дел од Специјалното јавно обвинителство ги достави повторно во судската пракса. На ова прашање мора да најдеме одговор. Јас нема да се смирам додека не добијам одговор. Каков начин и по која методологија и врз основа на кој Закон, тогаш затвореникот Катица Јанева повторно ги оживеа овие предмети. Тоа е важно за иднината на оваа држава и за правосудниот систем и за владеењето на право. Ако сакаме да имаме правна држава во која што ќе владее правото, ние мора да знаеме врз основа на кој Закон и каква била процедурата и како се случило да Катица Јанева, тогаш од затвор, повторно ги овие предмети актуелизира и ги префрли во обвинителствата, таму каде што беа заедно со тогашниот Државен јавен обвинител. Ова е многу важно, ова мора да се знае, за иднината на оваа земја. И второ, исто така по мене многу важно, ако сакаме да имаме вистинска иднина, а ова ќе го поделиме на две подгрупи, како се судеше група луѓе за тероризам и врз основа на кои докази и како се изнудуваа изјави од тогаш, таканаречени, заштитни сведоци. Тоа е многу важно јавноста да знае. Ова се многу важни суштински работи, ако сакаме да имаме правна држава. И второ како подгрупа на оваа втора тема. За колкави дополнителни примања и бонуси станува збор за таканаречените специјални јавни обвинители и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага и во судовите. Ако се невини, ако не направиле криминал или злоупотреба, нема од што да се плашат. Ова се многу важни работи. Во името на вистината и во името на иднината на оваа држава и во името на владеење на право, овие две работи, мора јавноста да ја дознае вистината ако сакаме да имаме правна држава, ако сакаме да имаме правна држава. Се останато е дневна борба против криминалот и корупцијата. Извештаите на Државниот завод за ревизија, внатрешните ревизии кои што институциите си ги направија и така натаму, и така натаму, сето тоа е веќе нешто кое што е дневна тековна работа, но овие прашања, овие две теми, првата околу повторно актуелизирањето на случаите од страна на тогаш затвореникот Катица Јанева и, второто од однесувањето на одредени обвинители и специјални јавни обвинители во делот на обвинителската служба. Ова се тие две работи кои што, верувајте, мора да ги... и ја очекувам лично од новиот Државен јавен обвинител да излезе со јасна информација во јавноста. Значи, ден тој и тоа, тоа се случило. Ден тој и тој, тоа се случило. Ако овој јавен обвинител тоа не го направи, ние ќе продолжиме да живееме во држава во која што одредена група на граѓани ќе биде повластена, а најголемиот дел од нашите граѓани ќе бидат тие кои што ќе живеат во очај, ќе живеат во разочарување дека правдата не важи за сите. Значи, ова се работи кои што мора да се откријат. Ете, лично ме прашавте што мислам и кои се моите очекувања од страна на новиот Јавен обвинител. Ќе завршам во последните две минути, јавно упатувам апел до него, еве од овде, од оваа собраниска говорница. Без разлика за кого и да постои основано сомневање дека сторил криминал, вклучително и за актуелната Влада, да отвори истрага и да ја истурка до крај. Не смее да има повластени. Тоа го зборував во едно мое интервју неодамна. Не постои за една нација, за една држава, поголема ахилова пета од луѓе кои што носат одлуки во името на таа нација и таа држава, а се корумпирани. Затоа што, тие веќе не се свои и стравувам дека одлуките што ги носат, можат да бидат на штета на целата нација, на сите граѓани на штета и на штета на самата држава. Затоа е подобро да се спречи, отколку потоа да се лечи. Затоа, мојата порака еве од овде, од оваа говорница во Собранието, до Државниот јавен обвинител е, нема повластени.. Кој сака нека биде. Доколку постои основано сомневање за криминал, да се истражи, има инструменти, пред истрага, истрага и така натаму и да се сето тоа обелодени пред јавноста и јавноста мора тоа да го знае. Само така ќе можеме постепено да ја вратиме довербата кај граѓаните. Во спротивно, и ние нема да успееме, ќе бидеме една од многуте влади, кои што за жал, не успеале. Ние сме Влада која што со своите постапки досега покажува дека, доколку постои еклатантен доказ за злоупотреба, постапува веднаш, без разлика за кого станува збор. Така да, очекувам така и да се однесува и новиот Државен јавен обвинител. Благодарам.

Сите пратенички прашања